Монтирана денес уште една клима Daikin Perfera 3kW од новата серија Nepura ( N ) наменета за нордиските земји. Па да направиме еден преглед или т.з. ревју на климата, споредба помеѓу старата нордик серија Optimised Heating 4 ( H ) која исто ја имам. Да видиме што е ново, спецификации, слики, мерења... ќе се оди во детали.
Прво да напоменам дека не сум никаков продавач нити некого рекламирам.
Внатрешна единица
FTXTM30A2V1B
Димензии:
Висина/должина/ширина мм
298/804/252
Тежина 12кг
Производство Чешка
Еве некои слики од монтажа
Прегледај го приврзокот 464055
Прегледај го приврзокот 464056Прегледај го приврзокот 464057Прегледај го приврзокот 464058
Целосно нов дизајн на внатрешна.
Доаѓа со две крилца кои допринесуваат да внатрешната го исфрли воздухот подалеку без притоа да има потреба да зголеми брзина на фан.
Има фул опрема, сите можни филтри за воздух, Flash Streamer прочистувач на воздух, вградено WiFi и сензор за детекција на движење.
Исто има и Daikin eye, ламбичката која менува боја во зависност од модот на кој работи. Црвено кога е на греење, плаво кога е на ладење...
Има опција да се намали светлината или целосно да се исклучи, пример ако е во спална и ако смета.
Го има новиот тип на ел.мотор за кој постирав пред некој ден.
Па да не се повторувам еве ако го интересира некој може и тука нешто да прочита.
Прегледај го приврзокот 464063
Надворешна единица
RXTM30A2V1B
Производство Чешка
Тежина 42 кг
Двореден изменувач
Фреон R32 количина 0.97 кг
Еве слики од монтажа
Прегледај го приврзокот 464064
Прегледај го приврзокот 464065
Прегледај го приврзокот 464066
Прегледај го приврзокот 464067
Прегледај го приврзокот 464068
Прегледај го приврзокот 464069
Има огромни димензии за разлика од старата H серија како и целосно затворено долна тацна.
Еве една слика каде што се прикажани тие димензии и разликите.
Прегледај го приврзокот 464070
Да видиме која е причината за овие разлики.
Старата серија имаше 2.5 реда изменувач и помали димензии, а новата има 2 реда изменувач и поголеми димензии како би можело да се надохнади за оној 0.5 ред што се отфрла. Тој половина ред се отфрла како климата би можела да прави побрз и поефикасен дефрост.
Надворешниот топлински изменувач користи бакарни цевки тип hi-XD со 7мм внатрешен дијаметар а изменувачот на внатрешна користи бакарни цевки hi-XB со 5мм дијаметар.
Двата типа на цевки се карактеризираат со висока цврстина на зидови отпорни се на висок притисок и имаат внатрешни жлебови ( inner grooves )
Поентата на жлебовите е да предизвикаат внатрешна турбуленција на фреонот и на тој начин размената на топлина се одвива побрзо и поефикасно.
Моделите од старата H серија имаа отворено дно и после дефрост вода течи од секаде. Одличен дизајн само пожелно е да се стави дополнителна тацна од долу. Така имам јас направено.
Сепак имаше поплаки за овој дизајн во нордиските земји каде што овие клими ги ставаат на зидови од дрвени куќи, и за да се спречат вибрации користат амортизери на држачите, како спирали.
Бидејќи рековме вода течи од секаде а во екстремни зимски услови таа вода брзо и замрзнува. Течи и преку држачите и преку амаортизерите и полека ги замрзнува. Штом замрзнат вибрациите се пренесуваат на дрвените куќарки.
За да се спречи тоа новата серија N има затворено дно и само еден отвор за истекување на водата.
Новата серија N има вграден греач на тацна. Се наоѓа точно испод изменувачот. Овој греач почнува да работи во истиот момент кога започнува дефрост и работи уште некое време по завршување на дефрост. Тоа дополнително време не е фиксно односно зависи од надворешни фактори дали ќе бидат 5 минути 10,15... Не се знаат сеуште детали за тоа како логиката го контролира овој греач.
Еве како изгледа.
Прегледај го приврзокот 464073
Еве уште една слика каде подобро се гледа овој греач. Има некоја чудна плочеста форма.
Прегледај го приврзокот 464074
Моделите од новата N серија имаат приклучоци и за греач на одвод црево но тој греач не доаѓа заедно со климата туку дополнително се порачува. Јас го купив и тој греач.
Еве како доаѓа спакован заедно со упатство.
Прегледај го приврзокот 464075
Црниот кабел има димензии 1.2 метри и доаѓа од приклучоците па се до почетокот на лулата и од тука продолжува грејниот дел во должина од 2.5 метри.
Овој греач има моќност 15W/m и бидејќи е 2.5м вкупно има 37.5W
Истата логика која го контролира греачот на тацна го контролира и овој дополнителен греач на одвод црево.
Надворешната користи V-cut тип на вентилатор. Називот му е таков бидејќи едно парче во форма на буквата V е отсечено од секоја перка.
На тој начин според Даикин се добива подобар проток на воздух. Ова не е нова технологија, Даикин ја користи кај некои модели а кај некои не. Идејата за овој дизајн доаѓа од формата на лебедовите крилја.
Прегледај го приврзокот 464077
Прегледај го приврзокот 464078
Компресор и понатаму се користи истата патентирана технологија swing и доаѓа во twin изведба, но моделите од серија N добиваат подобри амортизери на компресор. Веќе спомнав за оние амортизери како спирали што ги користат во Финска за држачите на климата, и за да ги намали вибрациите Даикин става такви метални спирали и на компресорите. Доколку е само гума таа гума на минусни температури се укрутува и ги губи својствата да амортизира вибрации.
Нешто повеќе за овие нови држачитенови амортизери на компресор пишува тука.
Прегледај го приврзокот 464079
А ова е како изгледаат
Прегледај го приврзокот 464080
Чисто за споредба вака изгледаат кај моделите од старата H серија
Прегледај го приврзокот 464081
Еве едно видео каде што Даикин во нивна лабораторија прават споредба помеѓу вибрации на надворешни од серија H и N при идентични услови на работа. Користат пластична чаша полна со вода

Исто прават и детален тест за вибрации на новата серија која е поставена на девен зид симулирајки структура на нордиска куќарка.
https://m.youtube.com/watch?v=FysxUU4U8jE&pp=0gcJCTwKAYcqIYzv
Тестот се прави во лабаратории на нивниот девелопмент центар во градот Пилзен во Чешка, познат и како градот на пивото

Се прават и други тестирања, пример тест на компресор кој трае повеќе од три месеци.
Klimatyzacja Daikin Nepura testy niezawodności kompresora
m.youtube.com
Тест на -15
Некој тука велеше не се правеле такви тестови и светот завршува на -10
Еве Даикин прават и тоа на 100% влажност за да се тестира дефрост.
Klimatyzacja Daikin Nepura
m.youtube.com
Тест на -30 при 50% влажност.
Интересен момент има на 37 секунда кога стартова внатрешната. Се гледа дека усис и издув се одвоени. На усис постојано добива 20°C а издувот, кој е максимален, е спроведен на страна како не би можел да делува на температура на усис. На тој начин тестирањето може да трае долго.
Klimatyzacja Daikin Nepura test wydajności
m.youtube.com
Еве уште едно видео прикажани се повеќе сегменти од тестирањето а најбитно е она на крај што пишува.
Тестот започнал Фебруари 2022 а завршил Јуни 2023.
И после пак тој некој ќе рече дека 3 сати требало за климиве да се тестираат

Еве видеото а ќе продолжам во нов пост бидејќи има лимит од 20 атачментс
klimatyzacja daikin nepura pomieszczenie testowe
m.youtube.com