Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Ќе протестира ли Аца Антиќ и за овиe:
 
Како може да се Србите словени ако имаат иранско потекло, по што тврдиш дека се они денес словени, тоа иранско потекло од каде добива словенски субстракт? Освен јазичниот они си го задржуваат името на иранското потекло.

Непосредно пред нивното доаѓање на Балканот, Србите (и Хрватите) веќе биле со години целосно словенизирани како народ(и), а единствен траг од тоа било само името.
 
Abe kvaka nekvaka vistinata e taa.
Tie sami si znaat i toa e dovolno. E sega poentata e da se spasat od reparacii i vrajcanje na imotite od Decata begalci i zazoa ne postoi Makedonija. A i zlatna zemja, najdobrata vo deneshna grcija, ukradena ne se vrajca tuku taka.
Враќањето на имоти не е регулирано како меѓу СФРЈ и ИТАЛИЈА со Осимски споразум, бидејќи имот е одземен на грчки државјани. Значи треба тужење пред грчки суд, но прво треба меѓу себе да си соберат пари заинтересирани, адвокатите се скапи. Друга работа е што многу од семејствата се поделени, па тој што останал во Грција земал имотот. Трета работа е и да имаш имот на твое име не е сигурно дека ќе го владееш, знам и такви случки. А четврто е, што и ако добијат на суд, ќе добијат ниви и некоја стара куќа во село, а вреден имот ако го земала државата потешко....
 
Не не е.
Еднаш влегоа во политика направија проблем и испозаглавија по затвори.

Нека си седат на страна.

ne be... treba sega katica, fuficite od sjo zaedno so dime palestina i site sto bea del od toa zlo da se obesat... samo taka ke ideme napred i konecno ke se isprati znak deka narodot ne se slaga so odlukite na proslata vlada.
 
Вмро дозволи да се формира СЈО и стави потпис на тој монструм од обвинотелство, така да и они се виновни исто колку и сдс.
 
Враќањето на имоти не е регулирано како меѓу СФРЈ и ИТАЛИЈА со Осимски споразум, бидејќи имот е одземен на грчки државјани. Значи треба тужење пред грчки суд, но прво треба меѓу себе да си соберат пари заинтересирани, адвокатите се скапи. Друга работа е што многу од семејствата се поделени, па тој што останал во Грција земал имотот. Трета работа е и да имаш имот на твое име не е сигурно дека ќе го владееш, знам и такви случки. А четврто е, што и ако добијат на суд, ќе добијат ниви и некоја стара куќа во село, а вреден имот ако го земала државата потешко....
Poznato ti e deka pola denesen Solun e na nivite od edno Makedonsko semejstvo izgraden?

I koj sud ce ti go vrati?
Imaat lujgeto i tuzhbi i se. se raboti za 100ci milioni evra imot.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Интересни измени во Кривичниот законик.


ИЗМЕНИТЕ ВО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК СТИГНАА ВО СОБРАНИЕТО – Се зголемуваат казните: наместо пет, за злоупотреба на службената должност до десет години затвор

Според предложеното, изречените затворски казни за овој вид кривични дела ќе се движат од шест месеци, па до десет години затвор, наспроти досегашната максимална казна до пет години затвор.

Заострување на казните и нивни распон од шест месеци, па до десет години затвор предвидуваат измените во Кривичниот законик доставени од група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за усвојување во македонското Собрание. Измените се предлагаат само на неколку дена пред истекот на рокот што го постави Уставниот суд, кој се закани дека ќе ги укине или ќе ги поништи постојните одредби во КЗ што се однесуваат на ова кривично дело. Уставниот суд во февруари годинава одлучи дека измените што беа донесени во септември 2023 година, во текот на премиерот Димитар Ковачевски, се „закана за уставниот поредок и за владеењето на правото, бидејќи создадоа простор за дискриминација и нееднавков третман на граѓаните“. Познато е, врз основа на ова значително ублажување на казните и квалификациите за кривичното дело службена должност, беа намалени казните и беа ослободени од кривично гонење значителен број поранешни државни функционери, против кои беа водени судски и други постапки. Ова предизвика револт во јавноста и постапка пред Уставниот суд, кој интервенираше и даде рок за да се донесат нови одредби.

Врзано со клучниот член 353, сега се предложени измени со кои се заострува казнената политика во однос на високопрофилни случаи на злоупотреба на службената положба од страна на носители на функции на различни нивоа на власт. Така, според предложеното, изречените затворски казни за овој вид кривични дела ќе се движат од шест месеци, па до десет години затвор, наспроти досегашната максимална казна од пет години затвор. Предложената одредба за член 353 предвидува службеното лице што ќе ја искористи својата службена положба и ќе ги пречекори границите на своето службено овластување или нема да ја изврши и ќе прибави имотна корист за себе или за друг или ќе предизвика штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години. Доколку, пак, прибави поголема имотна корист или нанесе поголема штета, според предлогот, ќе биде казнето од една до пет години затвор. Доколку, пак, оствари значителна имотна корист, казната ќе биде затвор од една до осум години. Најголема казна затвор од четири до десет години е предвидена за она службено лице што прибавило имотна корист или направило штета од големи размери откако, спротивно на закон, спроведувало постапка за јавни набавки или склучило рамковна спогодба.

За кривичното дело за несовесно работење во службата, предвидено со членот 353-в, сега се предлага враќањето на квалификацијата „и со тоа ќе прибави за себе или за друг некаква корист или“, а што беше избришано пред две години. За ова кривично дело сега се предвидува парична казна или затвор до три години, а доколку е остварена значителна имотна корист или значителна штета, затворската казна ќе биде од шест месеци, па до пет години.

Адвокатот Звонко Давидовиќ смета дека е добро што сега се предлага заострување на санкциите кои беа ублажени и кои се сè почести кривични дела.

– Беше потребно да се зголемат казните за злоупотребите на службената должност. Ако сè почесто се случуваат вакви кривични дела, тогаш очекувано е законодавецот да ја заострува казната и тој сега реагира. Кај нас се случија неприродни состојби поради тогашната политичка состојба. Тоа намалување беше нелогично и против правната логика – вели Давидовиќ во изјава за весникот ВЕЧЕР.

Во предлозите се предвидува и проширување на кривичните дела за кои се предвидува конфискација на имотот, за што досега имаше рестриктивна одредба. Сега е предложено проширената конфискација да се применува за кривично дело извршено во состав на злосторничко здружение, како независно дело.


КОЈ ВОЗИ ПРЕБРЗО, ПИЈАН ИЛИ ДРОГИРАН, ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ АВТОМОБИЛ Возилата ќе се одземаат трајно под строго определени услови

Кој вози пребрзо, пијан или дрогиран, ќе остане без автомобил. Трајно и задолжително ќе им се одземаат возилата на дрските возачи кои значително ја надминуваат дозволената брзина и кои претходно веќе биле осудени за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, предвидуваат измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кои група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги предложија во Собранието.

Предлагачите наведуваат дека во измените се содржани „одредби за хармонизирање на кривичните дела против безбедноста во сообраќајот и одземањето на предмети, со пакетот предлог закони поврзани со проектот Сејф сити“.

Така, првата измена за сообраќајот е дека судот може да изрече престанок на важење на возачката дозвола од определена категорија во траење од една до 10 години, а за тоа време, а понекогаш и подолго, сторителот нема право да се стекне со возачка дозвола од истата категорија. Досега немаше престанок на важење на дозволата, туку забрана за управување со возило, која беше ограничена на најмногу 5 години.

Измените предвидуваат казна затвор од 3 месеци до 3 години или парична казна за тој што не се придржува на прописите за безбедност и ќе го загрози јавниот сообраќај безобѕирно управувајќи со моторно возило со: концентрација на алкохол над 1,5 г/кг во крвта, со употреба на дроги, психотропни супстанции или прекурсори, возејќи во спротивна насока на јавен пат, претекнувајќи колона возила на непрегледно место или возејќи со брзина која ја надминува дозволената брзина за најмалку 50 километри на час во населено место или за најмалку 70 километри на час надвор од населено место. Со истата казна ќе се казни и тој што организира, учествува или на друг начин овозможува недозволени трки со возила, како и учесник во јавниот сообраќај кој управува моторно возило без положен возачки испит, без важечка возачка дозвола, или доколку му е изречена санкција забрана на управување со моторно возило.

За ваквите дрски возачи ново е што се предвидува задолжително изрекување на казната забрана на управување со моторно возило во траење од 6 месеци до 10 години и задолжително одземање на возилото, ако возат пребрзо или пијани, а веќе им е одземена дозволата.

Ако некој вози пијан или пребрзо туѓо возило, тоа ќе се одземе само ако сопственикот знаел или бил должен да знае дека возачот нема право да управува со моторно возило.

Возилото се одзема ако сторителот возел со брзина која ја надминува дозволената за најмалку 70 километри на час во населено место или за најмалку 90 километри на час надвор од населено место, под услов ако претходно е осудуван за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај со истите надминувања на брзината.

Во образложението на законските измени се наведува дека санкциите се построги „имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваме последните години во делот на сторени кривични дела во областа на сообраќајот“.

„Се утврдува задолжително изрекување на казната забрана на управување со моторно возило. Имено, од аспект на казнивите дела во областа на сообраќајот на патиштата, за низа прекршоци утврдена е задолжителна забрана за управување со моторно возило, а во однос на кривичните дела, оваа казна е дадена само како можност за судовите, што само по себе говори за своевиден апсурд – за полесни казниви дела, односно за прекршоци забраната за управување со моторно возило е облигација, а за кривичните дела е само факултативна основа за изрекување. Со предложената измена се утврдува надминување на наведената состојба на начин што се пропишува облигаторно изрекување на овој вид казна за кривичните дела од членовите 297 кои се однесуваат на загрозување на безбедноста на сообраќајот и на безобѕирното управување со моторно возило, како и на член 300, кој се однесува на тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Се регулира и прашањето за одземање на моторно возило со кое е сторено кривично дело, односно, во некои случаи се предвидува можност за одземање на моторно возило, а под строго утврдени услови одземањето е задолжително. Имено, можност за одземање на возилото е пропишана за случаите кога сторителот возел со брзина која ја надминува дозволената брзина за најмалку 70 километри на час во населено место или за најмалку 90 километри на час надвор од населено место. Облигаторно одземање на возилото е предвидено ако возилото е сопственост на сторителот и само доколку тој во моментот на сторување на делото немал право да управува со моторното возило. Ако возилото е во сопственост на трето лице ќе се одземе доколку тоа лице знаело или било должно да знае дека сторителот немал право да управува со моторно возило. Задолжително одземање на возилото е пропишано и доколку сторителот возел со брзина која ја надминува дозволената брзина за најмалку 70 километри на час во населено место или за најмалку 90 километри на час надвор од населено место, ако возилото е во негова сопственост, под услов тој и претходно да е осудуван за кривично дело против безбедноста ја јавниот сообраќај кое го сторил со надминување на наведените дозволени брзини во населено и надвор од населено место. За предложената одредба користени се и компаративни искуства од Словенија и од Австрија“, се наведува во образложението на измените на Кривичниот законик.


СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО СО ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА ЌЕ СЕ ГОНИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ Нема да се чека на пријава од жртвата, обвинител веднаш ќе постапува

Семејно насилство со телесна повреда отсега ќе се гони по службена должност, без да мора жртвата да поднесе пријава против насилникот, предвидуваат измените на Кривичниот законик што група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги предложија во Собранието.

Во предлог-измените се наведува дека се врши доусогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција, преку редефинирање на кривичното дело Телесна повреда од член 130, од каде се отстранува гонењето по предлог во случаите кога делото е сторено при вршење родово базирано насилство, насилство врз жена и семејно насилство, при насилство од омраза или при насилство кон лице кое е посебно ранливо поради неговата возраст, тешки телесни или душевни пречки или бременост. Овој облик на делото ќе се гони по службена должност.

Со измената се бришат зборовите во членот 130 кои предвидуваат дека делото се гони по предлог.

Според овој член, кој има наслов Телесна повреда, тој што друг телесно ќе го повреди или ќе му го наруши здравјето, ќе се казни со парична казна или со затвор до 3 години, а ако делото го стори при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор од 6 месеци до 3 години. Според член 131, пак, ако се работи за тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од 6 месеци до 5 години, ако тешката повреда е при семејно насилство казната е од една до 5 години затвор, ако животот на жртвата е доведен во опасност казната е од една до 10 години затвор, а ако поради тешката телесна повреда повредениот умре, сторителот ќе се казни со затвор најмалку една година, без горна пропишана граница на затворската казна.


ЗАТВОР ДО 10 ГОДИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СНИМКИ СО СЕКСУАЛНА СОДРЖИНА Строги казни за одмазничка порнографија, монтирање лажни секс-снимки, уцени и за злоупотреба на деца

Одмазничката порнографија, злоупотребата на приватна снимка, монторањето на сексуални снимки, како и злоупотребата на деца за произведување сексуални снимки, отсега многу строго ќе се казнува, со затворска казна од една до 10 години.

Во измените на Кривичниот законик, што се поднесени на усвојување во Собранието, предвидено е ново кривично дело, Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио записи или списи со сексуално-експлицитна содржина.

Предлагачите на законските измени, група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, наведуваат дека поради злоупотребите на приватноста и утврдените правни празнини, недвосмислено се

наметна потребата за воведување на ова кривично дело.

„Со тоа, предложеното кривично дело во законското битие како објект на заштита ја има приватноста, а елементот на дејствие на извршување претставува сторителот на трето лице да му направи достапна видео или друга снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално-експлицитна содржина, без согласност на лицето на кое тој спис се однесува, односно без согласност на лицето кое е прикажано на снимката, фотографијата или чиј глас е снимен на аудиозаписот“, се вели во предлог-измените на КЗ.

Конкретно, новиот член 152-а гласи:

(1) Тој што на трето лице ќе му направи достапна видео или друга снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално-експлицитна содржина, без согласност на лицето на кое тој спис се однесува, односно без согласност на лицето кое е прикажано на снимката или фотографијата или чиј глас е снимен на аудиозаписот, ќе се казни со затвор од една до 5 години.

(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што со употреба на компјутерски систем или на друг начин ќе изработи нова или ќе промени постоечка видео или друга снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално-експлицитна содржина која се однесува на некое лице и ќе ја употреби таквата снимка, фотографија, аудиозапис или спис или ќе ги направи достапни на трето лице.

(3) Со казната од ставот(1) на овој член ќе се казни и тој што се заканува на друг дека ќе ја направи достапна за трето лице негова видео или друга снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина.

(4) Тој што делото од ставовите (1) и (2) на овој член ќе го изврши на начин поради што видеото или другата снимка, фотографијата, аудиозаписот или списот со сексуално експлицитна содржина станале достапни на повеќе лица, ќе се казни со затвор од една до 8 години.

(5) Ако делото од ставовите од (1) до (4) на овој член е сторено спрема дете, извршителот ќе се казни со затвор од 3 до 10 години.

(6) Ако делото од ставовите од (1) до (5) на овој член го стори службено лице во вршење на

службата, за делото од ставовите (1), (2) и (3) од овој член ќе се казни со казна затвор од една до 10 години, за делото од ставот (4) на овој член со казна затвор од 3 до 10 години, а за делото од ставот (5) на овој член, со казна затвор од најмалку 4 години.

(7) Видеата или другите снимки, фотографиите, аудио записите и списите, како и посебните уреди со кои е извршено кривичното дело се одземаат.
 
Poznato ti e deka pola denesen Solun e na nivite od edno Makedonsko semejstvo izgraden?

I koj sud ce ti go vrati?
Imaat lujgeto i tuzhbi i se. se raboti za 100ci milioni evra imot.
На дедо ми само плацот во Аминдео пред 21 година кога бев ми кажа еден далечен братучед дека вреди 2 милки евра, башка имаше тој и 6 куќи, ниви, итн... ама тоа е секаде така, па и тука на луѓето што им го земаа шумскиот комплекс Јасен ништо не им дадоа, а и фабрики што градеа на ниви им дадоа ко за цигари пари, а демек ги запослиле.... Во Истра гледав пред 50 години, на италијанци СФРЈ им враќаше, ама само земјоделско земјиште далеку од морето, тие за инат доваѓаа и кампираа....сега и тоа не може на земјоделско земјиште....за Грција еден комшија кажуваше дека некој добиле нешто, а ангажирале адвокат турчин од Лерин. Но џаба е земјоделско земјиште, можеби е 5 евра м2....Но пред се треба наследници да се сложни, ако се распрскани низ светот ништо, башка тука општо оставинските се ПРЕВАРА, тој што ќе поднесе се плаќа, за тука е проблем а не па за во странство, каде адвокатите се поскапи...
 
Да, Лужичките Срби.
Србите имаат словенско потекло, но нивниот етноним не е од словенско потекло, истото важи и за Хрватите.

Прасловените имале бројни контакти и врски со останатите племиња кои живееле на понтско-касписката степа, се претпоставува дека Србите и Хрватите имале првично иранско потекло, но целосно се асимилирале во Словени, задржувајќи ги своите етноними.
Недокажана теорија.Обично вакви теории промовираат самите Срби и Хрвати само да докажат дека не се Словени.се тоа напори да се дистанцираат од Југославија.Ама фактите се друго.Словени се измешани со Илирите.Исто како ние шо сме измешани со Античките Македонци и мал дел со Илирите.Арно ама на Балканов сите народи влегуваат во филмови дека се некој посебен и многу битен фактор кој нема шанси да е мешавина од разни народи и племиња.
 
ДОброволно или не, сеедно, факт е дека вмро стави потпис на формирање на СЈО и Грујо ни ја фалеше Катица како одличен кадар.
Па реално, одличен кадар се погоди - глупа ко кур, полуписмена и склона на корупција, заради која пропадна СЈО, а со тоа и влажните соништа на комуњарите дека Груевски ќе лежи затвор. Нормално дека ќе ја фали.

Ти да не очекуваше да не ја фали и да бара некој обвинител од Стразбур?
 
Па реално, одличен кадар се погоди - глупа ко кур, полуписмена и склона на корупција, заради која пропадна СЈО, а со тоа и влажните соништа на комуњарите дека Груевски ќе лежи затвор. Нормално дека ќе ја фали.

Ти да не очекуваше да не ја фали и да бара некој обвинител од Стразбур?
Па нема што да ни ја фали. Знаевме дека е полтрон и смотана кога видовме дека завршила факултет со просек 6.

Јас очекував да не стави потпис на формирање на СЈО, јер беше против законски и против уставно да им се дадат толку големи ингеренции и буџет.
Одговорноста е иста кај вмро и сдс.
 
Но џаба е земјоделско земјиште, можеби е 5 евра м2....Но пред се треба наследници да се сложни, ако се распрскани низ светот ништо, башка тука општо оставинските се ПРЕВАРА, тој што ќе поднесе се плаќа, за тука е проблем а не па за во странство, каде адвокатите се поскапи...
Abe vo sluchajov, pred 100 godini bile nivi , sega se najdobrite naselbi vo solun!
I zatoa toa so 5€ m2 ne vrvi vo sluchajov.

Ako go najdam textot ce go pushtam ovde
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom