Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Не е така Дарлинг. Документ неможи да ја смени крвта, а посебно не толку горчливо минато. Тоа што го прават е исто ко ние Али Ахмети да го славиме ко Македонец во иднина. Не бива.

Се северно од Олимп никогаш не било Грчко. Небитно е чие било, дали староседелско или измешано со словени, ама отпорот бил преголем. Таков и ќе си остани. Староседелците не за џабе се мешале со Словени. Оваа нивна одлука треба да ја почитуваме ние денес.
Не знам дали не знам да ти објаснам или има некоја комуникациска пречка од твоја страна, или пак е покомплексна тема за тебе, според договорот што го донесоа тој и тој, и го изгласаа тој и тој, цело античко минато на државава и припаѓа на Грција и таа дискусија е завршена за светот.
 
Не знам дали не знам да ти објаснам или има некоја комуникациска пречка од твоја страна, или пак е покомплексна тема за тебе, според договорот што го донесоа тој и тој, и го изгласаа тој и тој, цело античко минато на државава и припаѓа на Грција и таа дискусија е завршена за светот.
Комуникациската грешка се состои во тоа што не разбираш дека токму во тоа е срамот. Јас знам дека си препишаа се. Нигде не го оспорив тоа. Си препишаа туѓа историја за нивна, а вистината ко вистина, мора да исплива.
То е исто ко јас ко чутев ко не кажував дека сум хомо.
Ко че исплива вистината, нивниот срам ќе е поголем од мојот. Ама тогаш ќе е предоцна. Требаше навреме да мислат.
 
Не знам колку сте запознаени со ликот и делото на демостен против македонците, најголем противник на Филип а потоа и на Александар, по смрта на Филип мислел дека Аце наш е млад и дека е неспособен па затоа се десила и Теба и негов прогон
Ги опишувал македонците дека се сосема поинакви по изглед а и по висина пониски од елените и нормално варвари
Направена е статуа негова во 280 п.н.е. на која има натпис на старо антички Εἰ δύναμις σοί, Δημόσθενες, ἦν ἴση σοφίᾳ, οὐδὲ ποτ’ ἄν Μακεδόνων ἄνδρες ἡγούμενοι τῶν Ἑλλήνων ἐκυρίευσαν што во превод значи
„Да беше твојата сила, Демостене, еднаква на твојата мудрост, никогаш Грците не ќе беа управувани од македонскиот Ареј (Јарец).“
Кваката е што они кажуваат као сите биле елени ама се делеле на македонци, атињани, соартанци итн итн а тука убаво е одделено македонци од елени
 
Кваката е што они кажуваат као сите биле елени ама се делеле на македонци, атињани, соартанци итн итн а тука убаво е одделено македонци од елени
Abe kvaka nekvaka vistinata e taa.
Tie sami si znaat i toa e dovolno. E sega poentata e da se spasat od reparacii i vrajcanje na imotite od Decata begalci i zazoa ne postoi Makedonija. A i zlatna zemja, najdobrata vo deneshna grcija, ukradena ne se vrajca tuku taka.
 
Abe kvaka nekvaka vistinata e taa.
Tie sami si znaat i toa e dovolno. E sega poentata e da se spasat od reparacii i vrajcanje na imotite od Decata begalci i zazoa ne postoi Makedonija. A i zlatna zemja, najdobrata vo deneshna grcija, ukradena ne se vrajca tuku taka.
Тоа нека му ја мислат тие јужно од границава, ако сеуште паѓаат на грчка пропаганда на крај ќе си ја платат цената.
 
Арамииве и тоа што го имаме сакаат да го уништат а не пак враќање...ретарди.

Дел од земјишниот имот од мојот покоен дедо е украден и на негово место т.е. на блиската река веќе се изградени 3 мали брани со централи. Водата веќе го има поплавено земјиштето.

Немој да сметаш дека мештаниве „као„ победиле, оти мафијата нема да запре дури не стори што наумила...а тоа е градење на планираните ХЕЦ.
 
Уште 8 осудени за 27 април излегуваат на слобода, вкупно 11 засега. Веќе испорачано било и барање за повторно судење за преквалификација на делото, за кое имаат докази.


„Скопје1“ дознава: Уште осум осудени за 27 април излегуваат на слобода ден пред Нова година, по години поминати зад решетки
Повеќето од осудените за настаните од 27 април 2017 година добиле условен отпуст, откако издржале повеќе од две третини од затворските казни, дознава „Скопје1“ од извори во Кривичниот суд. Одлуките ги донел Кривичниот совет, кој оценил дека се исполнети законските услови за да се донесе ваква одлука.

На слобода ден пред Новата година треба да излезат Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко Трајковски, Душко Лазаров, Јане Ченто, Митко Пешов, Горан Ѓошевски и Никола Митревски. Досега отпуст добија Младен Додевски и Горан Ангелов-Ќосето кои меѓу првите го напуштија затворот.

Според нашите информации, Оливер Радулов доби условен отпуст пред 6 месеци.

„Скопје1“ дознава дека до Кривичниот суд е испорачано и барањето за повторно судење, поради тоа што постојат нови докази, кои би влијаеле на исходот на постапката. Ова барање беше очекувано дека ќе се поднесе, и најавувано од страна на осудените години наназад. Уште од стартот на судската постапка, по поднесеното обвинение од Вилма Русковска, тие беа децидни дека одговараат за дело кое не го сториле, а за кое им беа изречени високи затоврски казни.
 
ХАХАХА Буквално имаш Срби/Сорби во источна Германија денес - словенско племе.
Ова не го менува фактот шо балканските Срби се токму тоа - Балканарија.

Да, Лужичките Срби.
Србите имаат словенско потекло, но нивниот етноним не е од словенско потекло, истото важи и за Хрватите.

Прасловените имале бројни контакти и врски со останатите племиња кои живееле на понтско-касписката степа, се претпоставува дека Србите и Хрватите имале првично иранско потекло, но целосно се асимилирале во Словени, задржувајќи ги своите етноними.
 
Да, Лужичките Срби.
Србите имаат словенско потекло, но нивниот етноним не е од словенско потекло, истото важи и за Хрватите.

Прасловените имале бројни контакти и врски со останатите племиња кои живееле на понтско-касписката степа, се претпоставува дека Србите и Хрватите имале првично иранско потекло, но целосно се асимилирале во Словени, задржувајќи ги своите етноними.
И Албанците според таа теорија се од таму, буквално се комшии со тоа племе.
Што доаѓаме повторно до тоа дека словенството е само јазична а не народносно/етничка категорија.
Tabula_Asiae_II_-_Sarmatia_Asiatica.jpg
Како може да се Србите словени ако имаат иранско потекло, по што тврдиш дека се они денес словени, тоа иранско потекло од каде добива словенски субстракт? Освен јазичниот они си го задржуваат името на иранското потекло.
 
Последно уредено:
УАПСЕН БУЈАР ДАРДИШТА ОД ДУИ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ Во акција на МВР приведени повеќе од 10 лица
Ноќеска и рано изутринава полицијата спроведе акција на повеќе локации низ државата, при што се приведени повеќе од десет лица. Меѓу нив има и поранешен директор, лице кое во минатото било високо етаблирано во структури поврзани со ДУИ. Станува збор за Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги.

Бујар Дардишта е кадар на ДУИ, кој во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, институција која беше во фокусот на јавноста поради сериозни забелешки за начинот на работење и издавањето документи без целосна евиденција. Подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција, дел од државниот енергетски сектор. Во јавноста се перципира како партиски кадар на ДУИ кој раководел со чувствителни институции од системот, без да биде меѓу најекспонираните политички фигури на партијата.

Акцијата на полицијата започнала во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР, во координација и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Според досегашните информации, станува збор за сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.

По претходно обезбедени судски наредби, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово. Неофицијално, при претресите до сега се пронајдени и одземени пари во различни валути, мобилни телефони, лаптопи, хард дискови, како и финансиска и друга релевантна документација.

Во моментот, според неофицијални информации, во тек се претреси и во два правни субјекти на подрачјето на Скопје и на Куманово. Повеќе детали од полицијата се очекуваат во текот на денот.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција потврдија дека под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ-МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и во Куманово, поради постоење основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа. Повеќе детали ќе бидат споделени по завршување на теренските активности.



Обвинение за поранешниот директор на „Комунална хигиена“ – Ѓорѓиевски бара подлабока истрага во Град Скопје
По повеќе од еден и пол месец од апсењата во раководството на ЈП „Комунална хигиена“, обвинителството пронашло докази за поднесените обвиненија за загрозување на животната средина поради несобирање на отпадот во Скопје.

Градоначалникот на главниот град изјави дека тие дејствија биле политички организирани со цел да се наштети на изборните резултати на локалните избори, но дека на крајот се покажало дека го загрозиле здравјето на граѓаните. Сепак, тоа не е единствениот прекршок, бидејќи постојат докази и за финансиски злоупотреби, изјави Орце Ѓорѓиевски.

„Во минатото, замена на менувач на камион чинела 1,5 милиони денари, а денес чини помалку од 200 илјади денари – тоа е една од ситуациите. Имам докази, но не можам да дадам детали поради истрагата: лица кои не биле во државата примале плати. Замислете, има конкретно двајца кои биле во куќен притвор и земале плата – тоа не се случува никаде во светот!“, вели Орце Ѓорѓиевски.

По спроведената истражна постапка, Обвинителството поднесе обвинение против две лица од ЈП „Комунална хигиена“. Според обвинителството, поранешниот в.д. директор Сабахадин Рустеми и второобвинетиот, менаџер за отпад во ова претпријатие, се сомничат дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад, согласно член 230 од Кривичниот законик.

„В.д. директорот на јавното претпријатие постапувал спротивно на Статутот на претпријатието, спротивно на Законот за комунални дејности, не ги спроведувал одлуките и заклучоците на Управниот одбор, не се грижел за спроведување на деловната политика на претпријатието, не ги извршувал задачите од својот делокруг на работа, не учествувал во утврдувањето на критериумите за користење, распределба и управување со средствата генерирани од работењето на претпријатието и не обезбедил мерки за заштита на животната средина“.

Како што се наведува во обвинението, истрагата покажала дека во текот на октомври оваа година, двајцата обвинети, со тоа што не вршеле надзор над собирањето, транспортот и соодветното управување со отпадот, можеле да предизвикаат значителна штета врз квалитетот на почвата, воздухот или водата, опасност за животот или здравјето на луѓето, како и уништување на флората или фауната во поголем обем.

Обвинителството предложи за поранешниот директор Рустеми притворот да се замени со мерка задолжително јавување, додека за обвинетиот кој сè уште е вработен во „Комунална хигиена“ – суспензија од работа додека трае истражната, односно евентуално судската постапка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom