Профа, јас во рок завршив со 9.35 просек, никогаш не сум паднал на испит. Ако зборувавте за мене случајно.

Инаку паламудам против професорската фела баш заради таа причина- сум одел на испити, сум знаел се, ми велеле браво перфектен одговор 10- ка. И следниот кандидат/ кандидатка не одговара ни 10% од тоа што сум кажал браво и на него/неа 10-ка. Заради само на професорот познати причини.
Инаку дегутантно е да зборувате за неуспешни студенти кои вечно паѓале испити и имале ниски просеци на медицина, кога добар е од професорите и професорките на медицински во Скопје припаѓаат на оваа група. Само пролистајте биографии и ќе видете лица кои студирале 8, 9, 10,11 години и тоа најчесто од ,, елитните" професори на медицински. Има еден лекар од интерните клиники( нема да откријам кој, вие најверојатно знаете) кој јавно се фали дека завршил со 6-ка просек и веднаш го примиле на клиника. И тоа од старите генерации, има уште 2, 3 години до пензија. Често излегува на ТВ, сега беше пред некој ден. Исто постојат и неколку вакви хирурзи, кои верувам ги знаете.
И за крај, навредувачки е да пишувате вакви коментари кога се знае како полагаа испити вашите деца кога студираа на медицински. Сите знаат какви ургенции се прават за професорски и деца, а и дека дури и да нема ургенција, критериумите за висока оценка за такви деца се доста ниски. Малтене само да се појават на испит и добиваат висока оценка.
Несфатливо е на овој начин да понижувате колеги, кога вината за нискиот квалитет на факултетот лежи само кај вас, професорите. Буквално сме молеле професори и асистенти да ни држат предавања и вежби кои биле предвидени во курикулум и не бркале како кучиња. И тоа за највиталните клинички предмети кои те прават лекар. Секоја чест на исклучоците.
Во однос на ниското котирање на уким на Шангајската листа и ниското ниво на научно-истражувачка работа на медицински- сте се запрашале зошто е тоа така? Еве со личен пример- пребарајте го вашето име во некоја научна датабаза и кажете колку трудови ќе излезат. Едвај неколку, 7,8 од кои најголем дел во научните гласила на медицинскиот факултет, ретко некое во странско списание. Дали тоа соодвествува на експерт професор во својата област, кој имал академска кариера толку долго време? Повторно ќе речам,секоја чест на исклучоците.
Шах мат профа, до следната партија.