- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 4.085
- Поени од реакции
- 13.009
Гледам ги споредувате европските градови со Скопје во врска со одењето на работа и чекањето со кола по три часа. Дечки, во другите европски градови имате и други опции за да одите на работа, па да не мора да губите по три часа драгоцено време од животот секој ден на семафори. Имате возови што доаѓаат во минута, трамваи што се движат по своја траса и никој не им пречи, велосипедски патеки што не се паркинг, па дури и пешачки зони каде што за 15 минути стигнуваш до секаде.
Кај нас? Паркинг на тротоар, две ленти претворени во три, автобус што тргнува кога ќе му текне, а ова другово е научна фантастика. Во Европа, ако сакаш кола, океј визи си кола, но ако не сакаш имаш уште пет нормални избори. Кај нас изборот е сведен на возење кола затоа што е далеку, возење со јсп во гужва и турканици, или одење пеш по небезбедни улици.
Баш заради тоа треба да функционира Safe City. Треба да има ред, и треба да се казнува дури и за 1 пречекорување, зошто само така може да се научиме на ред и дисциплина. Не можеме да бараме европски град без европско однесување. Ако сакаме улици без хаос, мора да има правила што важат за сите и да се почитуваат, не само да стојат на хартија.
И не треба да се чудите за тоа како ќе внимавате да не пречекорите 1, туку треба да се чудите како возите преку 20-30, паркирате кај ќе стигнете и влетувате во ленти кај ќе стигнете.
Ќе се научите бе, за секоја навика има и одвика.