Не постои ниту една држава која нема излез на море а да е независна.
Како ќе оствариш трговка размена ако не можеш робата да ја изнесеш/внесеш преку граница заради санкциите? Знаеш ли дека Кина на Србија им понуди 2 (две) ескадрили на Ј-10 ловци за цената за која нарачаа 1 ескадрила Рафали од Франција? Но јебига како ќе ги донесат во Србија кога нема да им се дозволи прелет? Исти проблем имаш со обидот за тргување со Кина во случај на санкции.
Одбивање на кредитот од Кина е глупост но јебига такви не “водат“ и веројатно ги “советувал“ газдата.
Во последните 30 години како што и самиот велиш повеќе од очигледно е на чија страна “газдите“ ќе бидат во случај на воен судир со Албанија и Бугарија. Косово моментално е војно способно да ја парализира Македонија без еден учка да влезе на наша територија.
Пази, генерално се слагам со тебе за неправдата и предавничките власи во минатото и сега који не водат но директна контра нема ништо да ни помогне, напротив.
Најдобор би било да имаме луѓе на власт кои прво ќе ја скастрат корупцијата и подигнат стандардот (знам, знам, wishful thinking), да се минимизира штетата од притисоците од надвор и да се чека подобар момент пошто како гледа не им цветаат рози и на запад во наредни 10 - 15 години.
Дефинирај што подразбираш под независна
Вака во тој коментар изнесов повеќе работи, ти вешто ги игнорираше и се фати за техникалии.
Се фати за техникалии ама со погледи од пред 5 години.
Проблемот е што во последниве 5 години Светот радикално се измени, позицијата на ЕУСА постојано опаѓа и во такви состојби да се држиш до нив е малоумна работа.
На почетокот на 2020 на пдф кој се однесуваше за короната напишав заборавете на животот кој до вчера го имавте и заборавете на светот кој до вчера постоеше, бев напаѓан не видов потреба да објаснувам нешто што е очевидно и престанав да пишувам на тој пдф, што сакам да речам:
Тогаш процесите за изградба на нов свет кој ќе функционира на поинакви методи/принципи започнаа, борбата помеѓу оние кои би да го сочуват стариот свет и тие кои би го менувале денес е видлива повеќе од кога било.
Твоето видување и толкување на работите во Македонија и околу неа се стари и не ја отсликуваат реалноста, а одбиување да се соочите со реланоста може на крајот да испадне болна.
Денес Македонија е претворена во прчија но не е заради предавничките власти, односно тоа е оној дел кој е видлив а делот во кој тие и такви власти се инсталирани од страна на ЕУСА се прикриени и од голем дел не може да ги препознаат.
Тие и такви власти преку медиуми и социјален инжењеринг НЛП и други знаени и незнаени методи во управувањето со северџганистан/масите вешто го манипулираат народот и верно им служат на....
На крајот сме доведено во состојба каде сме среќни и задоволни што сме прчија на ЕУСА, барем повеќето на форумов тоа го прават/велат.
Демек ако не сме биле прчија немало да опстанеме
Околу кредитот, напишав дека е аргумент за предвремени избори.
Тој Николовски без трошка срам јавно говори такви работи, демек мајкаму и таткому ќе ги враќаат каматите и кредитите, ама ете да речеме каматите, за такво нешто треба да си обезбеди ќелија уште сега.
Овде ќе ставам еден линк до видео,
RUSSIA VS THE WEST: Mearsheimer’s Chilling Prediction for Ukraine and Europe
погледни ги последните неколку минути, можеби ќе стане јасно за што говорам.
Некаде некој спомна дека влегувањето на ОТАН во македонија била гаранција за безбедноста, и тоа толку често се експлоатира што се зема за здраво за готово... гледаме НАТО ја губи војната во Украина, и што ако Русија одлучи да не нападне ќе не брани Бугарија, Грција, Албанија се членки на НАТО... тоа е кога се има проблем со препознавање и прифаќање на реалноста и процесите кои се во тек...
ЕУропска ќе и забранела на Кина да испорачува стоки во Македонија е ај да го видам и тоа чудо, ако Македонија направуи стратешки договор со Кина за коридорот не само што ќе ја обезбедиме нашата безбедност туку и ќе можеме да сметаме на раст и развој и пред се да си вратиме името Македонија да бидеме Македонци во Македонија (веќе седум генерации се воспитуваат во духот на северганизмот тоа е доплнителен проблем што не чека во иднина)....