Бокс

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Страшна борба :vozbud:
Треба да добие Бивол
И ваљда трилогија?
 
Усик- Дубоа вечерва
 
Тоа е тоа. Најдобриот боксер во оваа генерација. И еден од најдобрите во историјата.

Машина :uzi:
Кој би погодил дека Усик ќе ги исчисти сите пред 5 години. Сите мислевме ќе се сведува на Џошуа, Фјури, Вајлдер триаголникот или Џошуа-Фјури.
 
Последно уредено:
Кој би погодил дека Усик ќе ги исчисти сите пред 5 години. Сите мислевме ќе се сведува на Џошуа, Фјури, Вајлдер триаголникот или Џошуа-Фјури.
По двапати ги тепа и Џошуа и Фјури и Дубоа. Пред тоа го нашлака и Тони Белју среде Манчестер во пониска категорија за undisputed.

Мајката им ја расплака на Британците :pos:
 
Сега уште да зациментира легаси со Паркер и може да се пензионира како еден од најголемите во историјата на боксот. Веќе има зациментирано али ај.
 
Изгледа нема намера да застанува.
Сеуште се осеќал млад :pos:
Можно е и да се врати во полесна категорија ама ќе видиме.
Според мене му е доста, треба да се повлечи. Нема што да докажува, пари заработи доволно за три животи.

Следно сакам да видам Фјури -Џошуа чисто за забава.
 
Мртвила е тешката категорија моментално.
Фјури нема боксувано 1 година, прашање е дали ќе боксува пак. Вајлдер одамна е потонат, Паркер некни го нокаутирале, а сега испаднал позитивен на кокаин па ќе добие веројатно суспензија. Жанг е веќе во години, толку е од него. Џошуа нема боксувано година и нешто, еве сега со Џејк Пол ќе се глупираат.

Останува на Дубоа и евентуално Мозес Итаума од помладите.

Доколку во меѓувреме не се појави некој друг.
 
Усик ќе брани уште две-три борби пред да се пензионира. Итаума да, Дубоа ќе видиме дали ќе се подобри и ќе биде константен. Вардли што го стопре Паркер е тука во миксот. Други стварно не знам во моментот. Фјури Џошуа сеуште останува али далеку е таа борба од тоа што беше во прајм. А Џошуа со Пол кажува многу за ситуацијата. Барем Џошуа ќе си го подобри оштетениот бренд ако не е местено и го нокаутира одма. Има и некој други проспекти али ме мрзи да ги барам сега. Сепак треба да се докажат. Аа да не го заборавиме Кабајел што го нокаутира Жанг а исто така и Санчез. Он може да извади некој добри борби.
 
Усик ќе боксува чисто од љубов кон спортот и плус нешто да заработи. Веќе нема што да докажува и освојува :LOL:

Фјури и Џошуа само ако фрлат Арапите премногу пари ама и така тешко. Еве Џошуа го токмат во Февруари со некој кикбоксер. А во Декември со Пол.
Кога сме кај тоа, или ќе се повлече во последен момент Џошуа (сега му прави услуга на Пол за реклама) и ќе стават некој рандом противник пошто Пол мака мачи да продаде карти со небитни противници. Или пак ќе спарингуваат неколку рунди со Џошуа па после ќе победи Ентони со некој благ нокаут.
Шанса нема да е реална борбата, Џошуа би го убил уште во прва рунда.
Вака ем сите ќе го видат Пол нокаутиран, ем тој ќе има алиби дека издржал неколку рунди со Џошуа и не е срамота да се изгуби од него, едино Џошуа ќе трпи критики ама па ќе се наполни со пари за обичен тренинг, му е гајле.

Кабајел мислам нема пораз досега, време му е да добие шанса за нешто повеќе, ионака кубури дивизијата со добри боксери.

Штета е што не се случија некои борби во изминатите години.
Вајлдер - Поветкин, Вајлдер - Џошуа, Фјури- Џошуа, Фјури - Дубоа........
 
Па Фјури и Џошуа како за последна борба ќе направат доста пари за пензија и покрај тоа што не е во тој сјај борбата. А за Пол и Џошуа стварно многу глупо за Џошуа и Херн ако ова е местено. Све освен нокаут во прва рунда му го оштетува реномето на Џошуа, а и не е толку очаен за пари да се шитне така. Но ништо чудно да биде спаринг со некој безвезе ТКО по договор.

А за Усик се согласувам нема што повеќе да докажува.
 
Прашањето е дали Фјури ќе сака да се врати. Би била интересна таа борба секако.
Ама мора да е што побрзо. Колку повеќе време минува, толку повеќе ќе губи смисла.

Џошуа може не е очаен за пари ама Херн е зинат. Овие промотери/агенти не знаат за доста, а имаат големо влијание врз спортистите. Исто е и во фудбалот.
Поверојатно ми е Џошуа да прифати спаринг борба неголи Пол да прифати поштена. Ама ајде да видиме.

Усик треба да се пензионира сега, да ужива во парите со семејството. Плус ќе ги отстапи појасите па да ја видиме старава гарда во уште еден поход по титула светски шампион и да се исчукаат како за крај.
Џошуа-Фјури би добила поголема тежина таква борба за појас.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom