123 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРЕСЛУШАШ ВО ЖИВОТОТ

Тогаш само тројца сме: јас, ти и @placeb
Е добро де, навикнати сме. Сеа не може два албуми да ислушаат и тоа омилените нивни и да влезат во статистика. Тоа е мое мислење, процедирај како сакаш.
 
Јас си заостанувам, но ме пуштаат да коментирам со врски и привилегирано можам да си оценам што ми се слуша од заостанатото.

Леб и Сол - Леб и Сол
Албумов е за душа и за уживање, да си ја замислиш сликата, амбиентот и текстот сам да дојде во глава слушајќи. Оцена 4.5/5

1. Деветка - Феноменална песна. Ме потсетува на Sometimes I Feel Like Screaming, E minor присутен на почеток кај двете, прогресија музичка кај двете, многу меланхолија. Некој искоментира дека оваа е најдобра од албумот, можеби, иако има неколку што мора да се прво место, па која и да ја издвојам сама да е на прво место е грешка.
2. Под водом - Многу подинамична од првата, каква импровизација од Влатко лудило... Нема вокал, само гитара, ама 1000 збора ми беа кажани.
3. Утринска тема - Некако песнава не ми оди после Под водом, преголем скок ми е и не можев да се транзитирам, уште ме држеше енергијата од Под водом, ова пак ме фрли во некој тажен амбиент, ми ги збрка емоциите. Ме отпатува на некое есенско време (малку потопло од сега), каде што се спрема некој дожд, газиш по листовите и нема жив човек по улиците, а некако присутни се многумина во мислите. Солото дефинитивно потсеќа на Comfortably Numb.
4. Кокошка - Аааааа 5 минути трае песната, јас 5 минути си ја гледам кокошката како се движи и клука, па запира и пак се движи, па пак клука. Funk Guitar Picking на најјако.
5. Нисам твој - Додека другите беа повеќе џез и фанк-фјужн, оваа ми е некако најмногу рок. Не дека не ми се допаѓа, ама другите ми се допаднаа, Под водом импровизациите многу повеќе ми легнаа од Нисам твој.
6. У сенци - Песнава ми е метафора за животот: До 2:53 расте надежта постепено, доаѓа до моментот кога очекувањата се најголеми и оп шлаканица, 3:16 огрева ново сонце, нова надеж, нов ден. Набрзо пак ја снемува, но веќе не си тажен бидејќи веќе еднаш си се вратил кога си бил отпишан.
7. Чудо за три дана - Убаво, доста емотивно. Но, малку ми беше рамно, плус некако добив впечаток како да станува збор за некоја демо песна, каде што си споиле неколку дела во едно.
8. Песма о Соњи Х - Ова веќе ептен романтично, амбиент прошетка двајца под рака фатени, под светлата на уличните канделабри, 3:24 веќе се стига до врата од некој локал/простор каде што владее прво колебање меѓу двајцата кој прв да влезе бидејќи и на двајцата им е срам, а после промена во гужва атмосфера, но повторно се враќа интимната среќна атмосфера откога се помина целата гужва. Многу среќни вибрации.
9. Дамар - Нешто така порезервирано за крај, не ми е омилена на албумов, ама е добра песна да се затвори цел круг и ролеркостер од сите емоции кои ги понуди албумов.

Што да се каже повеќе, албум кој е културно наследство на Македонија. Најубаво е да се слуша сам, во тишина и да си отпатуваш со мислите.
 
Последно уредено од модератор:
Погрешен е линкот веќе го имаш коментирано тој албум.
Повели Као Какао:D
Оф боже :sramezliv:
@Zlatikevichius те молам едитирај ми го мислењето #119 и избриши ми ја рецензијата за Леб и Сол. Случајно сум ги измешал двата албума и сум направил некој микс од песни.
 
Абе може има некој кој ќе ги преслуша албумите и може ќе сака да остави оцена ама па сега не сака да пишува и објаснува, може треба да има и опција само да оставиш оцена без да објаснуваш. на пр. леб и сол- као какао 5/5
не е секој речит како некои тука членови
јас не сум оценувал албуми зш ме мрзело да смислувам реченица да се објаснувам ( ова и за во темата 1001 албуми што е исто ми е ставот).
Али баш ми е интересно да прочитам некои рецензии дури и на секоја нумера поединечно и дури и да не ми се свиѓа самиот албум .
 
016. Архангел - Архангел 2 (1993, МРТ)

Факт е дека Архангел е бендот со кој повеќето од тука растевме. Едно од првите рок парчиња музика кое имаше култен статус во мојот живот беше Heart Core (тоа е песна од третиот, истоимен албум, но и дел од овие песни имаа почесно место во моето детство и тинејџерски години). „Чудесен свет“ и „Милион долари“ по интрото на „Nothing Else Matters“ на Металика се првите песни кои учев да ги свирам на гитара и од кои успевав да фатам по некој акорд. :pos: Овој албум, до душа, не сум го слушал вака, целосно, од почеток до крај, како што сум го слушал Heart Core, ама сите песни ми се познати од радио, телевизија, од концертни настапи подоцна. Текстовите се приказна за себе - една авантгардна македонско-готска поезија која мислам дека до ден денес не е повторена кај нас. Но, вака слушајќи го по толку време Вртев, не може а да не ми помине низ мислите колку слаб вокал е. 99% рецитира, не дека пее. Мислам дека вокалот не е нешто на што ги купил тие илјадници фанови, меѓу кои и јас. И уште една мала замерка - мислам дека не е баш најдобро испродуциран овој албум: не знам дали е така правено намерно или навистина проблемот е до лошата продукција, ама на моменти вокалот тотално се губи. Звучи или ко инструментите да се прегласни, или ко Вртев да го оддалечува микрофонот од устата на моменти. Ако слушаш преку звучници ова и не се забележува толку, ама преку слушалки се слуша многу добро. Ама се останато - грми! Акустичните гитари во секоја ебана песна ми создаваат морници, го обожавам тој звук. Култниот статус си останува, кога би го оценувал само врз база на тоа колку многу мене ми значат овие песни, петката би била неизбежна. Ама морам да му намалам пола оценка заради тие две ситници кои ги спомнав. Значи 4,5/5 од мене.
 
016. Архангел - Архангел 2 (1993, МРТ)
Да не го тупам али сите албуми на Архангел ми се 5/5 , ок небесна машина 4/5 али едноставно првите 3 како да се едно како да една цела приказна како да не се различни продужеток некоја мешавина појма немам сите ми се едно некој спој од сите албуми сите песни ги сакам.
Да може Вртев е најлошиот вокал у живо и уште полош и може продукцијата е таква али тука е магијата и курт кобејн делува хаотично и безред али затоа може и се совршени.
5/5
 
14.11.2025, нумеро 17!

1763144485098.png

Се заредија малце рок албумиве еден по друг, ама ете така сакаше генераторот.

017. Меморија - Оган под ѕвездите (1989, РТС (as of: Радио Телевизија Скопје))

1763144790587.png


Меморија — македонска музичка група основана во 1984 година. Во почетокот свиреле поп-рок. Основачи на групата се гитаристот Душан Трпковски - Ринго и Петар Георгиевски - Камиказа и Димитар Богданов (свирел бас гитара).

Во првите години од работата групата често ги менуваше членовите, но со демо албумот отпеан со првиот вокал Зоран Или-Зоци излегува и хитот „Нена". Подоцна имаат концерти во Скопје. Ринго и Зоран ја напуштаат Меморија и со нови членови се снима деби студискиот албум Оган под ѕвездите. Групата го снимила во состав: Апостол Поце Икономов (вокал), Георгиевски (бас), Антонио Димитриевски (тапани), Дејан Кузмановски и Валентино Скендеровски (клавијатури), Ицо Јовковски и Бане Поповиќ (гитари). Продукцијата беше на Валентино Скендеровски кој по кратката работа со Леб и сол се вратил во групата. Издаден е на 25 јануари 1989 година. Ова беше првиот студиски албум кој го објави Музичката и касетна продукција на Радио Телевизија Скопје (МКП РТС или сегашна МКП МРТ).

На следната плоча Октомвриски дождови ја објавија обработката на песната „Македонија“ од репертоарот на групата Тајм и Дадо Топиќ. Концертната плоча ја снимаат на 27 октомври 1991 година во скопскиот ноќен клуб „Хард рок“. По смената на вокалистот (на местото на Поце запеа Ристо Самарџиев) Меморија направи неколку снимки на старите песни. Темите: „Дирлада“, „Дек' си бе цимер“ (од репертоарот на групата Пеницилин) кои беа дел од нивниот последен студиски албум - Меморија 5.

Дискографија:
Оган под ѕвездите (студиски албум) (1989)
Октомвриски дождови (студиски албум) (1991)
Меморија Live (албум во живо) (1991)
Зошто боже? (студиски албум) (1993)
Меморија 5 (студиски албум) (1995)
Балади Меморија" (албум во живо) (2017)
"Меморија и Пријателите" (албум во живо) (2022)

НА ЛИНКОТ ПОДОЛУ ФАЛИ ВОВЕДНАТА ПЕСНА ОД АЛБУМОТ КОЈА МОЖЕ ДА ЈА СЛУШНЕТЕ ТУКА
И ПОСЛЕ ПРОДОЛЖУВАТЕ ТУКА - ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ

или на Spotify, цел албум:
1763145432454.png
 
Меморија - Оган под ѕвездите

Ќе ги прокоментирам набрзина сите песни една по една, па после ќе пишам нешто за албумов како лично го доживувам и зошто е за мене значаен. Оцена 4/5.

Бејби, бејби - Мене тука ми се допаѓа се освен рефренот, кој ми е тотално вишок. Некаде на средина на албумов би ја ставил, има подобри, но има и полоши.
Шушки - Искрено “тралалајка“ песна. Верувам во тоа време била направена само да е “кечи“ и да влезе во уво, т.е. да е заразна па да пенетрира до широката публика, не знам дали се остварила замислата тогаш, ама не опстана со времето и од сегашна гледна точка ми е промашена песна.
Оган под ѕвездите - Што да се каже за песнава, евергрин, асоцира на осамостојвуање на Македонија, независност, надеж, слобода, борба, 1991 изведена на плоштад, убедливо најпозната нивна песна од албумов, ќе кажев и на групата ама ми текна дека Дирлада со трубачиве ја направија исто ултра позната (нема да навлезам подетално)...
Уличарка - Интересен ритам (познат ми е од некаде, ама не замерувам за такви ствари особено не за тоа време), но целовкупно песнава е просек.
Пробај да ги затвориш очите - Интересна песничка, диско ритам, но сепак сума сумарум уште еден просек
Среќна нова - Мојата омилена песна на Меморија, заедно со Зошто Боже, а мислам дека на албумов објективно им е најдобра заедно со Оган под ѕвездите. Луда енергија ми пренесува песнава, каква нова година, врска си нема насловов, ова е револуција, будење, предвидување за независноста што доаѓа 1991 годинаа и се што следува после тоа. “Вечерва ја трошиме слободата на годината, напиени не забораваме, името не го даваме“, а и во почетните строфи пред рефренот има многу убав дел кој ми проаѓа низ глава секогаш кога има повод за славје како европските титули на Вардар “и како тогаш на улиците да има 1000 насмевки и луѓе весели, напиени, од среќа“.
Одам засекогаш - Убава песничка, во горна половина на албумот ми е, ништо спектакуларно, ама над просек секако. Баш мислам дека публиката ептен убаво ја испочитува на последниот концерт во Борис, што ме изненади пријатно.
Нена - Кул песна веројатно за диско во тоа време, но лично скроз ми е нејасен хајпот околу песнава. Верувам во тоа време кога народот бил желен нешто македонско да слушне интересно со нов звук, била супер прифатена, ама од денешна перспектива ептен ми е просек, да не кажам под просек.
Град - Убава песна, убаво соло на крај, меѓу подобрите на албумов

Е сега како што реков ќе пишам зошто за мене е значаен. Тоа време татко ми требало да оди во војска (мислам дека рокот бил до 26 години не ме држете за збор), но кога добил покана за ЈНА, тој рекол дека ќе служи воен рок само во независна Македонија и никаде на друго место. Така и биднало, за 2 години, на плоштад се дочекува независност на Македонија зедно со 50 000 луѓе собрани со Меморија, дур се изедуваат Македонија (македонската верзија на песната од Дадо), а потоа и Оган под ѕвездите. Трет Илинден во тоа време, огромна среќа за моите родители, особено за татко ми, кој ја сакал секоја педа од земјава, а особено планините, кои му биле втор дом. Се осамостојува Македонија, татко ми заминува во војска, таму си запознава другар, на кој што му станува кум. Сега татко ми е одамна починат, во негова чест (како и на уште 3ца негови другари) има настан на Солунска Глава што се оддржува секоја година и името така секогаш останува во вечноста. Иако е починат, љубовта за Македонија е пренесена успешно, иако сум бил премал кога заминал од овој свет и преку ништо не можам да се сетам на него, доволно ми е да слушам песна во која се спомнува Македонија, доволно ми е да погледнам на некоја наша планина и он е тука со мене, да ми биде ветер во грб и да погура кога трчам и снемувам сили, да ми отвори некоја нова врата кога навидум сите ми изгледаат затворени, кога за момент само ќе помислам на било што поразлично од правиот пат, да го активира самурајското во мене и да се служам секогаш со честа, почитта, искреноста и спортот да го изберам пред сите пороци. Е тоа значи за мене овој прв албум на Меморија.
 
Последно уредено:
017. Меморија - Оган под ѕвездите (1989, РТС (as of: Радио Телевизија Скопје))
Ок песни али ништо впечатливо, ако ја тргнеме Оган под ѕвездите ќе испадне албумов и досаден. Поради таа песна а особено што значи и каков отисок има оставено кај сите македонци би дал на албумов 3/5
 
Прекрасен осврт, @FilipMKD007 . Дај, биди поредовен, те молам, и оцени и искоментирај се што досега помина. Уживање се твоите коментари за албумите, една сосема нова енергија добива целиот овој проект со нив. :cuc: Верувам дека татко ти ќе се гордеел со тебе да бил жив.

017. Меморија - Оган под ѕвездите (1989, РТС (as of: Радио Телевизија Скопје))

Ова не е само првиот албум на Меморија, како што кажа @FilipMKD007 , ова е и првиот албум целосно на македонски јазик направен од македонска продукција (тогаш Музичка и касетна продукција на РТС, денес ... на МРТ). Озбилен сум, овој албум е заведен со реден број 001 меѓу изданијата на МРТ. Значи е воопшто првиот наш, првиот целосно македонски албум!

Исто и за самата песна „Оган под ѕвездите“. Ајде, не сум сигурен дали е баш првата, ама е дефинитивно една од првите песни изведени во независна Македонија, на плоштадот Македонија на 8 септември 1991, непосредно по објавувањето на резултатите од референдумот и прогласувањето на независност.

Значи со се ова, овој албум е и тоа како значаен камен темелник во македонската музика и според мене е еден од можеби 10-15 албуми на кои по сите правила местото им беше на оваа листа.

Е сега за самата музика. Јас нема да зборувам за сите песни, само за оние кои за мене се многу значајни:

Нена - ја обожавам песнава! Со неа Меморија стануваат македонските EKV! Преубав звук, и баш не се согласувам со Филип дека ја изел забот на времето. Според мене баш таа и денес звучи светски. Пред да се роди син ми, уште кога не знаевме каков пол е плодот, Нена ми беше еден од првите избори за име на бебето, ако испадне женско. Меѓу другото и заради песнава. Ама ете, машко бидна, па така немам дете што се вика Нена. :D
Оган под ѕвездите и Среќна Нова - и двете ми се некако тесно поврзани со Македонија. Првата ја сметам за неофицијална химна на нашата држава, баш заради тоа што го напишав погоре. Втората го има можеби најдобриот текст (по Нашите слики) од сите песни на Меморија и баш асоцира на една младост, на една желба за подобро утре, на позитива, на насмевки, на сонцето, и секако - на Македонија.
Шушки - оваа песна тотално сум ја заборавил дека постои! Ми беше хит кога бев клинец од 7-8 години, се сеќавам дека многу ја сакав и пеев (секако, со некој мој полуточен текст кој уште го помнам :D). Точно - без врска е песнава, баш во стил на тие од Ристо Бомбата и компанија кои се појавуваа непосредно по овој албум. Ама за дете од 7-8 години е топ! А мене ми враќа убави спомени од детството, затоа thumbs up! (y)
Остатокот од албумот ми е така, просек. Се согласувам и за рефренот во Бејби, бејби, тотално нема никаква смисла, ама битно е да има рима, нели? Така се палеле рипчињата на крајот од 80-тите и почетокот на 90-тите. Еве еден настап на Меморија од 1991 со таа песна, да видите атмосфера:


Малку може сум досаден со тие технички глупости, ама морам да спомнам дека од продукциски аспект многу лошо звучи музиката на албумов. Ама мора да се прогледа низ прсти, сепак е пионерски!

И за крај: заради важноста на албумот за нашата музика и заради тоа што тие 3-4 песни кои ги спомнав погоре се ненормално важни и во мојот живот, не можам да не дадам петка. Но, има и еден скандал кој не знам колку знаете, но малку го прати овој албум, поточно песната Одам засекогаш, на која Петар Георгиевски - Камиказа е потпишан како комплетен автор, иако музиката на песната е комплетно „украдена“ од американскиот поп рок бенд Cock Robin и песната „When Your Heart is Weak“. Камиказа се брани као наводно во тоа време стапил во контакт со агент на Питер Кингсбери (фронтменот на Cock Robin) и дека ги добил правата за целата мелодиска линија од песната, а се потпишал како автор зашто имал направено мали измени во истата. Нека е и така, да речеме дека веруваме во таа приказна, сепак морал барем да биде споменат Кингсбери како автор на оригиналот, што како и да е, фрла блага сенка на целото искуство поврзано со овој албум. Затоа не можам да му дадам чиста 5, и ќе оценам исто како и претходниот, на Архангел, со една силна, јака 4,5/5.
 
017. Меморија - Оган под ѕвездите (1989, РТС (as of: Радио Телевизија Скопје))

Добар албум од добра група.
За мене Поце е еден од најдобрите вокали. Каков глас , како ги вози песните. Секоја чест.
Албумот би го слушал во секој момент. Имаат некој вибрација песните кои те тераат да ги слушаш и кога си расположен и кога не си.
Одам засекогаш ептен заразна:D песна, до ден денес со задоволство ја слушам. Нена исто. Оган под звездите, Среќна Нова...
Позитивно ме изненади Уличарка - перфектно - комплетно склопена песна.

Раката што става 5/5 не се суши:D

5/5
 
017. Меморија - Оган под ѕвездите (1989)

Вокалот на групава можда е во топ 5-10 вокали во Македонија. Прекрасен, чист глас.
Албумов си е препознатлив по песната Оган под Звездите, сигурно најдобрата нивна. Другите се океј, но просек. Нена е можеби втора после Оган.

3,5/5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom