123 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРЕСЛУШАШ ВО ЖИВОТОТ

Земен рај 5/5.

Страјк е класика. Со песни класики како "Тие што знаат, знаат" и "Правда", не може лош збор да се каже.

Пс: Злате го мразел албумов уште пред да го чуе. Со омраза му има влезено да го слуша. :D
 
Земен рај 5/5.

Страјк е класика. Со песни класики како "Тие што знаат, знаат" и "Правда", не може лош збор да се каже.

Пс: Злате го мразел албумов уште пред да го чуе. Со омраза му има влезено да го слуша. :D
А претходните албуми со колку ги оценуваш?
 
Пс: Злате го мразел албумов уште пред да го чуе. Со омраза му има влезено да го слуша. :D
Нее, баш сакав да ми се допадне, верувај. Кога читав дека пишуваат особено за текстовите, мислев дека ќе ми се допадне. Ама стварно, еве слушни една хип хоп песна која ја обожавам - Ружа од Хелем Нејсе и слушни ја музиката таму и спореди ја со музиката овде (и не, не зборам за делот на Амира, само за музиката - таму имаш од дабстеп до кавал, се! Цела мала симфонија). Овде најдолгиот семпл е 7 секунди и истиот се повторува од ново од почеток до крај и освен семплот ништо друго нема. Ете единствено што можам да кажам е дека малку се издвојуваше од другите е Strit Poetiks каде додаден е уште еден layer врз семплот од некој македонски евергрин, верувам. Ама па таму баш па текстот е повторлив. Слично и Засекогаш и Потрага по живот. Е тие се единствени 3 песни кои колку толку можам да кажам дека не ме нервираа. Ете, за нив можам максимум да пуштам душа 1.5/5. Се останато ми беше многу лошо: "јо, матори, ќе те сахранам!". Може, да, во Белград! ;)
 
01.11.2025, дојдовме до баксузниот број, број 13, и Кајгана падна! :pos: Ајде кога ќе се врати во живот, се надевам ќе го има мислењево:

1762024166311.png

013. Никола Бадев - Билјана платно белеше (1975, Diskos)

1762024135688.png


Никола Бадев е роден на 8 август 1918 година, во кавадаречкото село Глишиќ, во земјоделско семејство. Мајка му се викала Сута. Со неполни десет години започнал скришум да свири на виолина, а во неговата музичка наобразба многу му помогнал вуко му Васил Неделков, кој како самоук музичар свирел на повеќе инструменти. Во младоста, Бадев многу го сакал спортот, особено фудбалот, а играл и во фудбалскиот клуб „Југославија“ како десно крило. Бадев се оженил релативно млад и во бракот со Милка имал три деца: Ристо, Роска и Сузана. Воениот рок го служел во војската на Кралството Југославија, а во септември 1944 година се приклучил во НОВ, како борец-болничар во Втората македонска ударна бригада. По завршувањето на Втората светска војна, Бадев завршил курс за медицински техничари и болничари и се вработил како санитарен инспектор-хигиеничар во Кавадарци. Во тоа време, тој веќе бил познат пејач во околината на Кавадарци, пеејќи на свадби, другарски вечери и забави.

Евоцирајќи спомени за својот татко, Роска Бадева изјавила: „Детството со него ми беше многу среќно, нашата куќа беше постојано со игра и песна“, а постарата ќерка Сузана за него рекла: „Татко ми Никола беше единствен човек, со неговиот златен глас тој беше амбасадор на македонската народна песна. Се сеќавам во младоста кога доаѓаше од странство постојано раскажуваше за неговите доживувања со иселениците, како плачат и како го дигаат во раце, тагуваат за земјата која е напуштиле“. Во чест на Бадев била поставена биста во родното Кавадарци, финансирана од локалната самоуправа и брат му Димитар. „Јас 15 години бев кога заминав од Кавадарци, тој остана тука, а јас заминав на печалба“, рекол Димитар Бадев. Неговата ќерка Роска, која е и автор на монографијата издадена по повод 20 години од смртта на Бадев, ја промовирала и книгата збирка народни песни, со 140 од вкупно 800 песни, што нејзиниот татко ги собирал за време на неговиот живот. Најомилена песна на семејството била „Ајде дали знаеш Милице“, посветена на сопругата на Никола Бадев, Милица.

Во 1948 година, Бадев го освоил првото место на Фолклорниот фестивал во Скопје, оставајќи голем впечаток кај етномузикологот Васил Хаџиманов по чија препорака во 1950 година ја започнал професионалната кариера како пејач и инструменталист на тамбура. Набргу станал член на Народниот оркестар, а подоцна бил и негов раководител. Забележан од истакнатите етномузиколози, Бадев за кусо време станал член на Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“.[1]

За потребите на Радио Скопје, Бадев снимил над 500 песни, меѓу кои најпознати се: „Збогум, мајко, јас отидов“, „Ој, Јано, Јано“, „Параходот ми пристигна“, „Тешка беше нашата разделба“, „Билјана платно белеше“, „До три ми пушки пукнаа“, „Ферман дојде џанам од Стамбола“ итн. Притоа, тој снимил дуети со повеќе македонски пејачи, како: Анка Гиева, Васка Илиева, Виолета Томовска, Есма Реџепова, Благој Петров - Караѓуле, Александар Сариевски, Ваташка Чалгија итн. Својата прва грамофонска плоча ја снимил за дискографската куќа „Југотон“, со песната „Тешка беше нашата разделба“. Подоцна, неговите плочи, издадени за РТВ Белград достигнале сребрен и златен тираж.

Во текот на кариерата Бадев многупати ја обиколувал Македонија, а одржал и бројни концерти ширум светот. Ги испеал нашите најлирски песни, издал стотина плочи, неколкупати ја обиколил земјата и светот. За своите 58 години живот станал вистински народен уметник, кој самиот рекол: „песната е мојот живот“. Иако гласот насекаде му е препознатлив, сепак неговото име најмногу е поврзано со песната Параходот. Параходот станала негова лична карта и химна на Кавадарци, но ги испеал и Збогум мила, Блазе тебе Митро, како и многу весели песни - Стани моме да заиграш, а пеел и комитски, хумористични и песни од сите жанрови. Имал компонирано и свои песни, но во тоа време не можело да има новокомпонирана песна, така што морал да каже дека таа песна е народна. Затоа многу негови песни се претопиле во народни.

ЛИНКОВИ ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ:

1762024191102.png 1762024209624.png 1762024221836.png 1762024234213.png 1762024247153.png
 
Нее, баш сакав да ми се допадне, верувај. Кога читав дека пишуваат особено за текстовите, мислев дека ќе ми се допадне. Ама стварно, еве слушни една хип хоп песна која ја обожавам - Ружа од Хелем Нејсе и слушни ја музиката таму и спореди ја со музиката овде (и не, не зборам за делот на Амира, само за музиката - таму имаш од дабстеп до кавал, се! Цела мала симфонија). Овде најдолгиот семпл е 7 секунди и истиот се повторува од ново од почеток до крај и освен семплот ништо друго нема. Ете единствено што можам да кажам е дека малку се издвојуваше од другите е Strit Poetiks каде додаден е уште еден layer врз семплот од некој македонски евергрин, верувам. Ама па таму баш па текстот е повторлив. Слично и Засекогаш и Потрага по живот. Е тие се единствени 3 песни кои колку толку можам да кажам дека не ме нервираа. Ете, за нив можам максимум да пуштам душа 1.5/5. Се останато ми беше многу лошо: "јо, матори, ќе те сахранам!". Може, да, во Белград! ;)
Добро и мене ми сметаат србизмите (или хрватизми), ама тоа е, пак не ми ги прави лоши песните. Ама брат на ДНК имаш дадено појака оценка и таму е со семплови, може имаат и дрпнати цели битови. Јас би те разбрал ако ти е многу мрачно, сакаш полабаво и тоа е, едноставно не е за сите или за секое време.
А претходните албуми со колку ги оценуваш?
Не иде сега да пишувам откако изминале. Некои и ги немам слушнато цели.
 
Добро и мене ми сметаат србизмите (или хрватизми), ама тоа е, пак не ми ги прави лоши песните. Ама брат на ДНК имаш дадено појака оценка и таму е со семплови, може имаат и дрпнати цели битови. Јас би те разбрал ако ти е многу мрачно, сакаш полабаво и тоа е, едноставно не е за сите или за секое време.
Не ме сфаќаш, не се проблем семпловите сами по себе, проблем е што освен нив нема ништо друго. Едно парче музика е, од 7 секунди и истото се повторува до бескрај. Ете, земи слушни ја Ружа од Хелем Нејсе, слушај ја само музиката во позадина и што се нема во неа, и спореди ја со ова тука. Ќе сфатиш за што зборувам.
 
Мислам дека не треба да се одговара на тоа како сум го оценил албумот. тоа е и поентата како сакам како ми фатило на слушање така ќе го оценувам нема што да се разубедуваме. Едноставно не ми се свиѓа стилот или музиката или музичарот...
012. Страјк - Земен рај (2015)
Не ми се допадна, не сум по рап многу ама имам слушнато многу подобри рап албуми и нумери од македонски изведувачи. И текстовите не ме бендисуваат се нешто улица улица, или најак сум од мене копирате ќе ве згазам и слично.
1,5/5
 
013. Никола Бадев - Билјана платно белеше (1975, Diskos)

Никола Бадев го имам во омилени на Дизер.
Билјана платно белеше или Кажи Рајне, кажи душо ?
Какво пространство, каква бистрина, каква убавина - како Охридските извори.
Целиот албум е извор на нашето колективно постоење.

5/5
 
013. Никола Бадев - Билјана платно белеше (1975)

Многу, многу, многу убав албум! Ежење е од почеток, до крај! Една песна нема лоша, се се неверојатни бисери. За гласот на Никола Бадев нема ни потреба да се расправа, еден од бардовите на македонската народна музика. Мене не ми е најомилениот глас, но не можам да кажам дека не е добар или дека не го сакам, во никој случај. Албумов е вистински masterpiece! Неверојатна школка полна со бисери кои мораме да ги чуваме и повремено да се потсетуваме на нив. А јас ветувам дека колку можам повеќе ќе ги едуцирам децата да се ежат на оваа музика исто како што се наежува татко им на секое слушање! Чиста 5/5, без најмала дамка! И до сега најдобриот албум кој ни се паднал!

А да, ќе заборавев. Мислам дека кажав кај Пепи, морам и тука да го повторам истото - кога ќе ги слушнеш овие дејци како пејат, како да ја галат песната, се прашуваш: каде застранивме, каде скршнавме од патот за денешниве „пејандури“ да завиваат ко гладни волци в планина. Од пуста желба ли да се допаднат на север или може така мислат дека треба, не знам, но во нашата музика дефинитивно ги нема тие завивања и трилери на крај на фразите. И звучи толку нежно, толку убаво...
 
013. Никола Бадев - Билјана платно белеше (1975)
Од секогаш сум се восхитувал на пеењето на Бадев, прекрасен глас уживање е да го слушаш најмилозвучниот глас едноставно ко да ти ги милува сите сетила додека пее. Изведбата на песнити исто така совршена и скоро сите се песни кои секојдневно се пеат безразлика дали на радио, дома, кафана. Скоро совршен албум.
5/5
 
04.11.2025, одиме со 14 албум!

1762278174100.png

014. Љубојна - Brass Fantasy (2012, Бајро Закон Корпорејшн)

1762278340528.png

Љубојна е македонска музичка група којашто изведува етно-музика. Нејзини основачи и единствени постојани членови се сопружниците од Битола - Вера Милошевска-Јосифовска (вокал) и Оливер Јосифовски (контрабас). „Љубојна“ како проект произлегол од ангажман во претставата „Парите се отепувачка“. Во 2016 година, групата ја прославила петнаесетгодишнината од основањето, со повеќе концерти, вклучувајќи ги и оние во Кина и во Њујорк. Истата година, таа била прогласена за „супербренд“. На почетокот на 2017 година излегол деветтиот албум на групата, со наслов „Радио Љубојна“, снимен во студиото „Подрумот“. На албумот, продуциран од Оливер Јосифовски, се наоѓаат осум песни, меѓу кои и: „Кратово виа Бразил“, „Галичник виа Њујорк“, Многу ми го фалат вашето девојче“, „Стани да не станиш“. На 23 февруари 2017 година, групата одржала концерт во Домот на синдикатите во Белград, на којшто го претставиле деветтиот албум „Радио Љубојна“. Како гости на концертот настапиле Влатко Стефановски, Васил Хаџиманов и Џамбо Агушев.

Албумот Brass Fantasy јас не успеав да го најдам на YouTube. Може да се погледне концертот на кој беше претставен албумот, но да се слушне албумот - не. На Spotify го има, но освен мојата омилена „Крена мартината“ (која е една од највеселите македонски народни песни кои постојат), другите песни се затемнети и не можат да се слушаат (поим немам зошто). Еве линк: https://open.spotify.com/album/7izQIaFoSw2xuaBbmD3MKN?si=2aChVdhVSYWf5DBBmaJGBw

Единствено место каде може да го преслушате цел албум е Bandcamp.

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ:
1762279395433.png
 
014. Љубојна - Brass Fantasy (2012, Бајро Закон Корпорејшн)

Ова е еден од албумите кои веќе ми се слушани, и тоа не само еднаш, туку повеќе пати. Го имам гледано и концертот на кој е снимен албумот, но вчера го преслушав уште еднаш. Вера е неверојатен вокал, просто ја обожавам таа нејзина природност и леснотија со кои ги изведува овие песни. Но - кога се појави албумов, имав една оооогромна забелешка, па така да беше овој предизвик во тоа време, овој албум можеше да добие и кец. Денес сум малце посмирен во тој поглед. Тогаш сметав дека Љубојна ја циганизираат македонската народна музика. Собрале група дувачи од Баир од Битола и им рекле - дувајте додека ние пееме. Многу цигански. Не сакам дувачки инструменти и по свадби, ми прават само галама непотребно. Мислам, ОК е ако се е со усул, ама по свадби тие ти се пикаат во уво мислејќи дека треба и убаво е да бидат погласни, а всушност прават само бука и ја расипуваат музиката. Пак ќе речам - ако е се умерено, убаво звучи. Ако се претерува - не. Тука мислам дека се претерува. Цигани дувачи во македонска народна музика никогаш немало и неприродно е да има. Особено не вакви brass глупости. Затоа, мојот став е дека сите овие песни испеани надвор од овој brass експеримент звучат многу поубаво отколку на албумов. Еве неколку примери:


Ја разбирам потребата на Љубојна да направат нешто поинакво, па затоа ги лупнаа Циганите тука, ама јас го задржувам правото да кажам дека старата Љубојна (па и оваа новата, со симфониски оркстар) многу повеќе ми се допаѓа од Brass Љубојна. Но, сите до една песни на албумов се неверојатни и дури и срцето ми играше на секоја една од нив. Љубојна сигурно ќе добиеа петка на некој од нивните други албуми (кои за жал не влегоа на листата), но тука не можам. Максимум 4/5, т.е. оценка помалку заради Циганите.
 
014. Љубојна - Brass Fantasy (2012)

Многу раздвоени мислења имам за Љубојна. Едновремено ми се допаѓа но во истото време ми е некако премногу селско. Не знам како да го опишам. Летово ги слушав во Штип на Д Фест, и во живо го имав истото чувство.
Мори Чупи Костурчанки и Твојте Очи Лено се издвојуваат доста на албумов, другите се просек.

3/5
 
014. Љубојна - Brass Fantasy (2012)

И така...лека полека излезе на виделина уште еден 5/5 албум.

Пред короната работев и саботи и недела пешачев во природа. Никој толку не ми ги полнеше батериите не ми го разигрува срцето и развеселува душата како албумов. Морам да пишам дека за разлика од @Zlatikevichius токму brass -от перфектно е склопен со останатите инструменти и гласот на Вера и ја дава таа енергија. Свадба со плех музика и јас не сакам, ама ова нема врска со тоа.
Не можам да го слушам и јас Бреговиќ, Месечина или Иди иди несанице што ја има испеано и Тоше. Не ми е својствено.
Ама Ај да беше стрела песната на Гоцката одма нозете ме тераат да станам .:D

5/5
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom