Доста луѓе не разбираат како функционира животот надвор од Скопје. За жал, нема луѓе, нема динамика, и никој не е крив што мора да дојде во Скопје. Куќа одамна е мисловен поим – нема ни плац, ни нешто пристапно. Наједноставна и најевтина варијанта денес е стан, и тоа е реалноста.
Толку негативност кон Скопје и кон Македонија – искрено, вакво нешто не сум видел никаде. Не е важно дали живееш во Сиднеј, Скопје, Лондон или Виена – сите на крај ќе умреме, и секој си знае зошто е таму каде што е. Кров над глава мора да има човек, а цените се тие за сите. Скапо е насекаде, а да не зборуваме за Македонија и за Скопје.
Јас од тоа што чекам – само поскапо ќе платам. Од себе почнувам. А животот низ другите градови е навистина тажен; бев на исток минатата недела на ручек – празно, нема луѓе. Сè е концентрирано во Скопје. И на крајот, сите тука ќе завршиме – вака или онака.
Бев во Мега Акустик не ми се допаѓа пристап а и цениве им се 3000илајди евра, на крај ке изберам Голден Арт немам друг избор и поефтини се