Не сум отворил тема 20 години 
Една тема за нас постарите навивачи, кои веќе имаат свои семејства.
Дали би ги учеле своите деца да одат на утакмици од мали? Односно дали би ги носеле од мали и би им всадувале љубов кон клубот и навивачката култура?
Не зборувам за носење на неутрална трибина, туку баш на навивачка.
Кај нас има еден член што со мало дете оди насекаде и на "најжешките" гостувања. Пример, го носеше на ракомет во Битола.
Неколку пати со другиве сме муабетеле на оваа тема, со оглед на тоа што тргнувањето од мали нозе во навивачки кругови (барем во Скопје) си носи некои ризици. Особено што на тие возрасти имаш други приоритети, друга слика за реалноста. Одење на навивачка трибина од основно/средно ти носи лоша етикета уште од мал (што тогаш ти одговара, но понатаму не баш), лесно може да подлегнеш на разни пороци, може ни крив ни должен да изедеш кривична или ќотек од полиција, некогаш во тепачки ќе тепаш, некогаш може и со нож да те избоде некој итн. Низ што сме поминале и што сме виделе, како завршиле голем дел од членовите, некогаш си викам подобро да си го учиш само да го сака клубот и да си прати од неутрална. Само што ќе помислам од оваа перспектива, потполно ги сфаќам моите за сите грижи кои ги имале (а не сум ни некој проблематичен тип
).
Друга пречка поради која другари не ги носат децата на навивачка трибина се петардиве, да не речам бомбиве што се фрлаат цело време. Се бунеа многу луѓе, особено додека игравме во Маџари и Лисиче, па немаш многу избор каде да избегаш подалеку со детето.
Што мислите на темава?
Многу од тие што имаат поголеми деца, не ги носат на трибина. Скоро и да не знам за таков пример, да некој од тие што се активни на 40-50 години, децата да му одат на навивачка трибина.
Знам неколку од побратимиве на кајгана што ги имаат донесено децата на некои утакмици.
Јас го скршив мразот со бебче од 10 месеци. И покрај сите противења од блиските, ќе му оставам самиот да одбере дали ќе ја има истата пасија ко татко му во животот
Мое е да го наведам и научам што е правилно. Од старт му кажав дека сега влегуваме на едно место што можеби еден ден ќе му стане втор дом <3

Една тема за нас постарите навивачи, кои веќе имаат свои семејства.
Дали би ги учеле своите деца да одат на утакмици од мали? Односно дали би ги носеле од мали и би им всадувале љубов кон клубот и навивачката култура?
Не зборувам за носење на неутрална трибина, туку баш на навивачка.
Кај нас има еден член што со мало дете оди насекаде и на "најжешките" гостувања. Пример, го носеше на ракомет во Битола.
Неколку пати со другиве сме муабетеле на оваа тема, со оглед на тоа што тргнувањето од мали нозе во навивачки кругови (барем во Скопје) си носи некои ризици. Особено што на тие возрасти имаш други приоритети, друга слика за реалноста. Одење на навивачка трибина од основно/средно ти носи лоша етикета уште од мал (што тогаш ти одговара, но понатаму не баш), лесно може да подлегнеш на разни пороци, може ни крив ни должен да изедеш кривична или ќотек од полиција, некогаш во тепачки ќе тепаш, некогаш може и со нож да те избоде некој итн. Низ што сме поминале и што сме виделе, како завршиле голем дел од членовите, некогаш си викам подобро да си го учиш само да го сака клубот и да си прати од неутрална. Само што ќе помислам од оваа перспектива, потполно ги сфаќам моите за сите грижи кои ги имале (а не сум ни некој проблематичен тип
).Друга пречка поради која другари не ги носат децата на навивачка трибина се петардиве, да не речам бомбиве што се фрлаат цело време. Се бунеа многу луѓе, особено додека игравме во Маџари и Лисиче, па немаш многу избор каде да избегаш подалеку со детето.
Што мислите на темава?
Многу од тие што имаат поголеми деца, не ги носат на трибина. Скоро и да не знам за таков пример, да некој од тие што се активни на 40-50 години, децата да му одат на навивачка трибина.
Знам неколку од побратимиве на кајгана што ги имаат донесено децата на некои утакмици.
Јас го скршив мразот со бебче од 10 месеци. И покрај сите противења од блиските, ќе му оставам самиот да одбере дали ќе ја има истата пасија ко татко му во животот

Мое е да го наведам и научам што е правилно. Од старт му кажав дека сега влегуваме на едно место што можеби еден ден ќе му стане втор дом <3


Од денешна перспектива, стварно не ми е јасно како моите ме пуштија да отидам на утакмицата, ми делува нестварно, нереално.