Фан клуб - РК Вардар

Како да фали нешто, се гледа дека има капацитет екипата за повеќе. Мислам дека со поискусен тренер ќе беше далеку подобро, но Чупко е наш до коска вардарец, па треба да имаме трпение.
Инаку мене утакмицава денес ми делуваше како да пробуваа некои варијанти за идните утакмици, а ни се приближија резултатски одма се правеше нова разлика.

uzivajte za mesec dva ke sme top
Автоматски споено мислење:

falat fanovite od misleshevo da ja napolnat salata vo metropolata

toa e... i pola sala pak e poveke od ona kokosarnikot kaj vas
 
Очекувавме можеби повисока победа со оглед дека Сесвете е аутсајдер во групата но сепак не е Баку.Речиси сите победи на останатите екипи беа до 5 разлика освен една со 8 ,значи не може со 33.
 
Коа би бирал меѓу него и Кеита, би го избрал него,верувам и многу други исто така.
Тоа секако, иако и овој малку почна да фаќа форма по катастрофалниот старт :D
Ама рано е да се прогласува за светска класа на крило.
 
Вечер гостуваме кај Тулуз, екипа која доста слабо влезе во сезоната, првиот натпревар во Европа лига го загубија од Кристијанстад на домашен терен, во француското првенство на 7 натпревари имаат само 3 победи, сите против екипи од долниот дел на табелата, загубиле од секој посериозен противник(Нант, Сент Рафаел, Аикс и Тремблеј).

Далеку од тоа дека се наивна екипа, ама мислам дека имаме добри шанси, многу поголеми од тоа што ни даваат кладилниците, во нашите е 5.80 коефициент за победа на Вардар, вреди да се проба.:D
 
Ќе биде тешко, озбилна екипа е Тулуз. Ние не знаеме сеуште како изгледаме на гостински терен против квалитетни противници. Победа денес драстично ќе ни ги зголеми шансите за понатамошен пласман.
 
Се воздржав да коментирам досега, но Вардар коечно има потенцијал, и тоа без три повредени клучни играчи. Она што сега е битно е налудничавата победничка хемија во соблекувалната што само Вардар ја има, а Чупич тоа го знае многу добро (фали само Столе) за комплетно лудлило во најава...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom