- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 3.961
- Поени од реакции
- 12.712
Затоа треба да се направи децентрализација на Скопје. Како да прават операции пример кога немаат анестезиолози? Или некои други интервенции, кога нема соодветна апаратура? Системот не им дава да го применат тоа што го научиле. Од мое искуство, и во другите градови има искусен кадар, кој добро си ја работи работата.Хипербола од моја страна, разликата помеѓу кадарот во болниците во Скопје и останатите градови е страшно голема. Да се додаде тука фактот што државните специјализанти од останатите градови специјализираат во Скопје (имајќи екстра примања за тоа) за да на крај се вратат во матичните установи и да препраќаат се и сешто.
Апсолутно не се согласувам дека Скопјаните се најдобри лекари во државата. Не сте работеле изгледа на периферијата, па затоа така зборите. Демек Скопјани не праќаат пациенти на клиника?
Државни специјализанти и од Скопје земаат екстра примања, а олеснителна околност секако е решено станбено прашање. Тоа секако дека не влијае на знаењето и трудот кој што ги вложуваат.
Заборавате дека недостигот на ресурси и кадар надвор од Скопје е системски проблем, а не недостаток на професионалност, па се создава впечаток дека “Скопје и Скопјаните се најдобри во се”.
