Во која насока оди македонското здравство во следните 10,20 години?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hey Arnold
  • Време на започнување Време на започнување
Хипербола од моја страна, разликата помеѓу кадарот во болниците во Скопје и останатите градови е страшно голема. Да се додаде тука фактот што државните специјализанти од останатите градови специјализираат во Скопје (имајќи екстра примања за тоа) за да на крај се вратат во матичните установи и да препраќаат се и сешто.
Затоа треба да се направи децентрализација на Скопје. Како да прават операции пример кога немаат анестезиолози? Или некои други интервенции, кога нема соодветна апаратура? Системот не им дава да го применат тоа што го научиле. Од мое искуство, и во другите градови има искусен кадар, кој добро си ја работи работата.

Апсолутно не се согласувам дека Скопјаните се најдобри лекари во државата. Не сте работеле изгледа на периферијата, па затоа така зборите. Демек Скопјани не праќаат пациенти на клиника?

Државни специјализанти и од Скопје земаат екстра примања, а олеснителна околност секако е решено станбено прашање. Тоа секако дека не влијае на знаењето и трудот кој што ги вложуваат.

Заборавате дека недостигот на ресурси и кадар надвор од Скопје е системски проблем, а не недостаток на професионалност, па се создава впечаток дека “Скопје и Скопјаните се најдобри во се”.
 
Смешки, го заболела главата и одма бара магнет да правел, почнал да поткашлува и истиот ден бара панцеф.

види, секој за себе го сака најдоброто. Здравјето е најбитно. Боље амоксиклав или панцеф него он да ме лечи со некои капки и слично. Еднаш така се потпирам на него ајде, ми дава некои капки и низ пекол пројдов. 10 дена не можев да се оправам и состојбата на полошо, и го натерав да ми даде антибиотика и за неколку дена бев ко нов.

Така и за испитувањата што ги бараат луѓето. Сакаат да знаат што имаат од експерти, не од некој како и тебе и мене на форум што пишал, експертизата на општ лекар е на исто ниво на тоа.
 
Еве, ова е слика и прилика на она со што се соочува просечен македонски лекар. Како вие да го убедите сега Рон, дека не треба да пие амоксиклав и панцеф, за обична кашлица, туку дека треба да почне со симптоматска терапија? Што знаете вие половични доктори?

И така, кога Рон ќе развие резистенција на антибиотик, а вие ќе немате со што да ја лечите, пак ќе бидите најлошите половични доктори на свет. Како и да ја вртиш, не си во право и не си професионалец во својата работа.

Барем знае дека здравјето е најбитно.
 
Како да прават операции пример кога немаат анестезиолози? Или некои други интервенции, кога нема соодветна апаратура? Системот не им дава да го применат тоа што го научиле. Од мое искуство, и во другите градови има искусен кадар, кој добро си ја работи работата.



Заборавате дека недостигот на ресурси и кадар надвор од Скопје е системски проблем, а не недостаток на професионалност,
Не се согласувам дека нема ресурси и дека нема кадар, баш напротив! Кадар има со лопата да го ринеш под формата на специјализанти, што на државна квота, што на приватна, кои сакаат да работат и да земаат плата (посебно приватните специјализанти)

Што е проблемот да се насочат приватни специјализанти по анестезиологија во периферните болници под назор на примариус шеф анестезиолог?
 
Затоа треба да се направи децентрализација на Скопје. Како да прават операции пример кога немаат анестезиолози? Или некои други интервенции, кога нема соодветна апаратура? Системот не им дава да го применат тоа што го научиле. Од мое искуство, и во другите градови има искусен кадар, кој добро си ја работи работата.

Апсолутно не се согласувам дека Скопјаните се најдобри лекари во државата. Не сте работеле изгледа на периферијата, па затоа така зборите. Демек Скопјани не праќаат пациенти на клиника?

Државни специјализанти и од Скопје земаат екстра примања, а олеснителна околност секако е решено станбено прашање. Тоа секако дека не влијае на знаењето и трудот кој што ги вложуваат.

Заборавате дека недостигот на ресурси и кадар надвор од Скопје е системски проблем, а не недостаток на професионалност, па се создава впечаток дека “Скопје и Скопјаните се најдобри во се”.
Не се согласувам. Во ред, немаат ресурси за трансплантација на срце ама да се препраќа пациент за операција на анална фисура или ингвинална хернија? Нема изговори.

Државни специјализанти и од Скопје земаат екстра примања, а олеснителна околност секако е решено станбено прашање. Тоа секако дека не влијае на знаењето и трудот кој што ги вложуваат.
Кои се тие екстра примања? Дежурства? И останатите специјализанти дежураат. Решено станбено прашање а живеат со родители или под кирија?
 
Па како и за други струки, многу од нив сакаат Скопје.
 
Па како и за други струки, многу од нив сакаат Скопје.
Никој не го сака Скопје такво какво што е со хаос и нечист воздух, транспорт со градски автобус по 2 часа на ден, кутии за чевли во налик од станови итн, проблемот е што периферијата не им нуди никаква можност за професионален развој, а тоа може многу брзо да се смени ако сакаат оние што ги грејат фотелјите во министерството.
 
Рон не е толку у криво. Миљон примери има на куроболие од страна на лекар, кое резултира лошо.
 
Не се согласувам дека нема ресурси и дека нема кадар, баш напротив! Кадар има со лопата да го ринеш под формата на специјализанти, што на државна квота, што на приватна, кои сакаат да работат и да земаат плата (посебно приватните специјализанти)

Што е проблемот да се насочат приватни специјализанти по анестезиологија во периферните болници под назор на примариус шеф анестезиолог?
Пак ти се сведува муабетот на тоа дека треба да се направи децентрализација на Скопје и дека треба да престанеме да се однесуваме како да само Скопје постои. Ете клинички центар е Штип, клинички центар е и Тетово. Пример, хематолошки пациенти хематолошка терапија мора да примаат исклучиво и само во Скопје, затоа што во другите клинички центри нема хематологија.

Ти така збориш затоа што одамна си заминал од Македонија. Ти зборувам од искуство. Не ми е поентата да ги претставам лекарите како безгрешни човечки суштества, затоа што сите знаеме за исклучоци во генерација и кој како завршил, но има добар дел доктори кои се стварно врвни професионалци и од кои може многу да се научи.

Не се согласувам. Во ред, немаат ресурси за трансплантација на срце ама да се препраќа пациент за операција на анална фисура или ингвинална хернија? Нема изговори.
Секако, и апндектомија треба биде рутинска операција нели. Но, пак ќе кажам, нема анестезиолози во дел од болниците. И овде муабетот е дека треба да се направи некакво пренасочување на персонал, и да се зајакнат секундарните болници и регионалните центри.

Јас би ја пофалила општа Болница Гевгелија како функционира во однос на хирушки интервенции.

Кои се тие екстра примања? Дежурства? И останатите специјализанти дежураат. Решено станбено прашање а живеат со родители или под кирија?
Зборувам за платата која се разликува меѓу државен и приватен специјализант. Јас моментално земам 26 000 денари плата, а давам 1300 евра годишно. Плус нели материјали кои што си ги обезбедувам сама. Ајде живеалиштето ми е решено, али пак заради поддршка која што ја имав од дома, и заради тоа што работев плус основната работа.

Државните си земаат регуларно плата, со платена специјализација.

Па дури и да е живеење со родителите, пак е трошокот помал во однос на оние кои доаѓаат од периферија.

Во секој случај, примањата се мали, и финансискиот трошок е најголема пречка за младите лекари во Македонија да продолжат со доедукација (државните специјализации сите знаеме колку се чекаат и како функционираат).
 
Рон не е толку у криво. Миљон примери има на куроболие од страна на лекар, кое резултира лошо.
Да, неспорно е дека има куроболие, има негрижа, има барање мито, во право сте. Ама треба да се престане со митот за кутриот пациент кому никој не сака да му помогне.

Работа што секогаш се игнорира е тоа што има безброј случаеви кога пациент игнорира симптоми, игнорира совет на лекар и кога сам се лечи со сомнителни супстанции. На крај ќе дојде со една нога во гроб и тука се очекува да биде излечен веројатно со волшебни стапчиња што се кријат во фиока. Доколку почине секако докторот е крив што пациентот ја игнорирал градната болка 4 дена.

Во случајот на Рон и за сите кои не се задоволни со својот матичен доктор имате право да го смените.
 
Никој не го сака Скопје такво какво што е со хаос и нечист воздух, транспорт со градски автобус по 2 часа на ден, кутии за чевли во налик од станови итн, проблемот е што периферијата не им нуди никаква можност за професионален развој, а тоа може многу брзо да се смени ако сакаат оние што ги грејат фотелјите во министерството.
Нема да се смени. За 60 и некој кусур години, не сум видел ништо да се смени. Дури се повеќе има миграции кон Скопје. Цели згради, маала, аптеки и продавници се со нескопски дијалект. Што професионален развој ќе има фармацевт овде? Сведен е на ниво на продавач као и во Логинг.
 
Точно! Сведок сум на случај каде една постара жена специјалист во внатрешноста која ординира во локалната болница, препраќа пациент за универзитетска клиника во Скопје само за една инцизија, која истата таа е извршена веднаш на прием од специјализант. Дно дна!
Plata pak ke legni na prvi, so da se zamara sega so bezveze nesto.
Tuku ostaj toa, se mnogu pojasno stana za vreme za kovidot. Go vidovme site vistinskoto lice na pripadnicite na najhumanata profesija. Da bev doktor ke mi bese sram da kazam so rabotam.
 
Последно уредено:
Нема да се смени. За 60 и некој кусур години, не сум видел ништо да се смени. Дури се повеќе има миграции кон Скопје. Цели згради, маала, аптеки и продавници се со нескопски дијалект. Што професионален развој ќе има фармацевт овде? Сведен е на ниво на продавач као и во Логинг.
Па кога скопјаните очигледно имаат гранично сеуште недијагностцирани психолошки проблеми и не сакаат да работат, мораат работодателите да ги пополнат некако позициите.

Иначе тие со нескопски дијалект се во мноогу понеповолна позиција него ли скУпјаните во однос на стамбено прашање и можност са бираат. Ама ќе очекуваш ли ти работа од "урбан скУпски лик" олицетворен во Миленко, Фрчко, Стево итн?
milenko_nedelkovski.jpg
Да не стереотипизирам, но 95% од тие со скопски дијалект изгледаат вака!
 
Plata pak ke legni na prvi, so da se zamara sega so bezveze nesto.
Tuku ostaj toa, se mnogu pojasno stana za vreme za kovidot. Go vidovme site vistinskoto lice na pripadnicite na najhumanata profesija. Da bev doktor ke mi bese sram da kazam so rabotam.
Ах бе Владе, тропаш и ти сега.
Токму во времето на ковидот најмногу работеа матичните, инфектолозите, пулмолозите и ртг дијагностика, лаборатор.и микробиологија...а за дежурна служба да не правам моабет.

Кожно, ушно, очно, психијатрија, неврологија си дремеа дома.
Трудниците седеа дома и пак си земаа незаслужена награда.

Второ...ние имаме добри матични лекари кои работат како ке им наредат од фондот и НЕ е точно дека они можат да дадат упат за било какво снимање, магнет, ктм, ниту гастроскопија, колоноскопија, дензитометар, аудииметрија идр.

Проблемот е што немаме заинтересирани да учат за анестезиолози, уролози, инфектолози, дерматолози.....тој кадар најмногу недостасува.

Трета најбитна работа што треба да се направи е да се забрани работење во други установи, пр.хирурзите од 8септември работат кај Жан и во Систина...затоа термини нема.
Слаби дијагностичари ни се докторите, додека ти трефнат дијагноза ке се отруеш со триста лекови.

Фалат сестри, болничари, чистачки, фалат перални, фалат мајстори....многу работи со кои би требало да се подобрат условите во здравствените установи.
 
Ах бе Владе, тропаш и ти сега.
Токму во времето на ковидот најмногу работеа матичните, инфектолозите, пулмолозите и ртг дијагностока, лаборатор.и микробиологија...а за дежурна служба да не правам моабет.

Кожно, ушно, очно, психијатрија, неврологија си дремеа дома.
Труднуците седеа дома и пак си земаа незаслужена награда.

Второ...ние имаме добри матични лекари кои работат како ке им наредат од фондот и НЕ е точно дека они можат да дадат упат за било какво снимање, магнет, ктм, ниту гастроскопија, колоноскопија, дензитометар, аудииметрија идр.

Проблемот е што немаме заинтересирани да учат за анестезиолози, уролози, инфектолози, дерматолози.....тој кадар најмногу недостасува.

Трета најбитна работа што треба да се направи е да се забрани работење во други установи, пр.хирурзите од 8септември работат кај Жан и во Систина...затоа термини нема.
Слаби дијагностичари ни се докторите, додека ти трефнат дијагноза ке се отруеш со триста лекови.

Фалат сестри, болничари, чистачки, фалат перални, фалат мајстори....многу работи со кои би требало да се подобрат условите во здравствените установи.
Tropam tropam oti kovidot bese pred 100 godini, zaborajvme. Abe sedi tamu kjuti ziti se.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom