Во која насока оди македонското здравство во следните 10,20 години?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hey Arnold
  • Време на започнување Време на започнување
@Hey Arnold , другар ти сака нешто да каже :icon_lol: .

Прегледај го приврзокот 454032

Начув ја дека со лошо почнал на Гинекологија и дека уште од врата се здавил со некои од главешините таму , ама не ми беше верно баш одма дека почнал да обесува.
Еден од поголемите лигуши што искочиле од клупите на медицинско. А ги има многу.
 
Нашето здравство сеуште живее во старата Југославија.
Пример
0:20 како пациент со траума се фаќа и крева за глава
0:45 како сандокан претрчува преку тркачката патека
4:30 како Рамбо со цигарата во уста пружа прва помош.

Сите се југоносталгичари а денешниве глупости им сметаат! Кој парадокс!
 
За какво здравство зборуваме кога 90% од највиталните и најретки специјалисти надвор од Скопје се некомпететни? Еве пример, за Кедев се дискутираше на темата, па да почнам за интервентна кардиологија. Во овие центри надвор од Скопје, со исклучок на Бакрачевски, оној Николов во Штип и уште неколкумина, ниеден од ,,интервентните кардиолози'' во периферијата не поставува стентови и не прави коронарографија. Имаш центри во Охрид, Битола, Штип, Тетово немаш ниту еден доктор кои ги прави овие процедури. Буквално доаѓаат лекари од Клиника да прават коронарографии и да ставаат стентови. Најнова опрема имаат, на хартија завршиле специјализација, ама не знаат да вршат процедури кои се јадрото на нивната специјалност. Турнуси им делеле од ракав, додека овие киснеле по штабови и под маси. Која е целта овие да бидат вработени, кога доаѓаат кадри од Скопје да покриваат за нив. Меѓу другото имаше омасовување на овој процес, сега неколку месеци пред изборите. Вработуваа кардиолози од клиника во Тетово, Битола, Штип, а таму веќе има по 3,4 интервенти кардиолози на кои највисок дострел им е да прочитаат ЕКГ,

За овие поегзотичните хирургии, како пластика, неврохирургија, васкуларна торакална да не зборувам. Во секоја болница во поголемите градови надвор од Скопје имаш по еден двајца барем од овие специјалности. И ниту еден не оперира. Најверојатно имаме најголем број на неврохирузи наспроти население и скоро 70% од нив не оперираат ни наједноставни случаи. Буквално сите операции ги покриваат тие десетина неврохирузи од Скопје. Овие неврохирурзи надвор од Скопје едноставно вршат амбулантски прегледи и преврски, на ниво на обичен матичен лекар и тоа во многу помал волумен од тоа што би требало(барем пола од случаите ги препраќаат во Скопје) и за тоа земаат плати на ниво на неврохирурзите од Скопје.

Да не навлегувам во другите, како пластична хирургија. Додека бев на вежби на факултет имаше случаи од Струмица, Кавадарци, Ресен кои препраќаа пациенти за вадење на враснат нокт. И врвот беше еден пластичар од внатрешноста кој упорно препраќаше пациенти со враснат нокт на ортопедија во Скопје.:tapp:
 
Последно уредено:

За ова имам пишувано во повеќе наврати каде во МК единствени здравствени установи се 8 септември и клинички центар во Скопје, во периферијата не постојат болници туку само т.н. "старечки домови".

Потребно е или овие "специјалисти" во периферијата да се обучат или да бидат прогласени за технолошки вишок пошто се само терет на здравствениот буџет и носат само хаос во здравствениот систем. Како прво се почнува од шефовите и мора да се престане со партизацијата во здравството.

Шефот е тој кој ги организира стандардите и мора да организира обучен кадар кој ќе може да ги покрие смените! Доколку неговиот кадар е необучен мора тој да го обучи.

Во Германија шефовско место се добива само ако со донесувањето на нов шеф се проширува спектарот на дијагностика и терапија на одделението.
 
Интересна тема, ќе го дадам моето мислење за здравството во Македонија иако нема да биде баш кохерентно и ќе зборам за што ми дојде напамет.

Мислам дека целиот концепт на здравство е застарен но не може да се модернизира и никогаш нема да се модернизира поради самата инерција на системот, интересите на "тие" како што ги викаше Џамбазов па и самиот народ кој сака да прави што сака и не почитува авторитет. Али ајде сепак ќе кажам што не штима и да додадам дека е најавен е нов закон за здравствена дејност и останува да се надеваме дека ќе има позитивни промени.

Не знам од каде да почнам, како прво има безброј луѓе кои паразитираат од ФЗОМ со тоа што се фиктивно невработени (најчесто мајстори) или осигурани преку сопруг/а (за што се плаќа дополнително но искрено не знам колку) а како второ образованието за сите здравствени работници е несоодтетно и стандард вклучува многу теорија а малку практичност.

Средниот и нискиот кадар односно: сестри, болничари, лаборанти, ртг техничари итн се ниско платени а да се вработи човек во оваа дејност во ЈЗУ (со договор) е доста тешко иако овој кадар е неопходен и се помалкуброен. Нема кој да провери дали се живи луѓето навечер и наместо да се направи програма да се вработуваат сестри од школо директно во системот, им се даваат договори на дело на минималец втф.

Се чудам зошто медицинските факултети секогаш се полни, Хеу Арнолд кажа одлично, има премногу новопечени доктори кои сонуваат дека ќе прават неколку операции во еден ден а реалноста е се освен тоа, секоја година со лиценца се стекнуваат минимум по сто лекари за кои нема работа, веројатно останато е од Југославија митот за колку е добро да си доктор. Дојдено е време за матичен доктор да се вработи човек да му требаат врски, ординациите ги држат фосили кои цицаат илјадници евра месечно, јавно здравство ако немаш силни конекции заборави (ако влезеш си во хиерархија според силината на врските и од тоа ти зависи плата и иживување) и така останува приватна специјализација каде што треба да платиш од 10-15000 евра додека примаш 26000 денари месечно а не си пријавен ни во ФЗОМ и ФПИОМ и секако надежта дека ќе те приметат дека дома не си одиш па ќе те примат некогаш и некаде а значаен број на специјалисти волонтираат со години по завршување на специјализацијата надевајќи се дека ќе дојдат до решение некогаш и некаде. Додај тука непотребни специјализации како: пластика, ортопедија, дерматологија и неврохирургија те непотребни во смисла презаситени, 80% од специјалистите и специјализантите од наброените хируршки гранки нема никогаш да влезат во сала. Во клиника за дерма од што ги има премногу а нема толку работа им следува 2 дена екстра слободни.

Понатаму опремата и фокусот на МЗ и ФЗОМ. Се инвестира искучиво во терциерното здравство, примарното е приватизирано (ретко ретардинарана работа) а секундарното е умрено со години.

- Сите специјализанти сакаат да работат во болница, никој не сака да оди во поликлиника па така низ здравствените домови како си заминуваат специјалистите никој не ги заменува и секундарното си продолжува да се гасне. Искчучок е секако приватното СЗЗ кое е златен рудник.

- Примарното здравство што треба да биде порта за здравствениот систем е широко отворена капија низ која си поминува кој кога ќе посака, боледувања, антибиотици па и секакви лекови без разлика дали има или нема потреба да се пијат а сето тоа поради непрактичниот модел на капитација, сопственик на ПЗУ во ПЗЗ годишно заработува милиони денари чисти пари кои им се даваат од фондот те им се дава народни пари. Мислам дека ПЗЗ треба да се национализира (невозможно) и со тоа ќе има поголема контрола на лекови и упати а парите за капитација ќе се искористат многу подобро како плата за вработени и опрема.

- Во однос на терциерното секоја година се полоши кадри доаѓаат, какви извештаи имам видено да му се крене коса на човек, искрено стравувам за себе и за блиските бидејќи 50% од докторите, да бидам директен, се глупи и освен својот дел те својата специјалност не размислуваат за ништо друго. Ај Скопје какво-такво се уште има добри клиничари и хирурзи, надвор од главниот град е хорор (без хипербола), ги разбирам потполно сите што доаѓаат од внатрешноста тука, матичен лекар од Скопје е поспремен од специјалист таму. Дополнително, ретко пациент во Македонија да е темелно иследен во смисла ќе отиде на интернист па тој наместо да го упати понатаму му вика оди кај матичниот за Х, У и З... Па зошто ти не го упатиш до Х ако сметаш дека има потреба кога можеш? Или тоа што не закажуваат наредни контроли, на 9 од 10 пациенти им се кажува дојди за Х време со нов упат. Па тука треба човек да се надева дека матичниот нема да зјапа во ѕид баш тој период за да му фати термин пред сите да бидат пополнети. А да, има многу луѓе кои се пријавени а ден немаат поминато на работа, стандард државна работа.

Итна Помош, неколку тима треба да услужат град од 600.000 луѓе, сите знаат дека тоа е невозможно и никој мува не го лази. Додатно кадрите се разочарувачки, секако не сите али не смее да се случи ситуација кога доаѓа тим од итна, докторката да зјапа наоколу со прст во уста а сестрата да се кара со луѓето околу зошто ги викале, зошто не го однеле човекот сами до болница кој патем плаче од болка на земја.

Превенцијата мислам дека е најважната работа во медицината, да се превенира да не дојде до дијабетес на пример преку едукација и годишни контроли. Имаше студија од оваа година во основни училишта во Центар и Карпош каде што ~90% од учениците од 8 и 9 одделение не знаеле дека цигарите предизвикуваат зависност. Македонскиот народ е здравствено неписмен (покрај правно, финансиски...) и или оди на лекар секој ден или оди кога е 1 до 12. Треба да се едуцира од рана возраст за квалитет на живот, пороци, ризик фактори итн зошто кога ќе дојде на 50 години со шеќер, маснотии и уште 3 работи веќе касно е и ќе биде до крај на живот на лекови, од една страна тоа е лош квалитет на живот за него и семејството а од друга страна и ќе го троши фондот за лекови и прегледи. Хроничните болести ќе дојдат кога-тогаш но подобро е за сите да дојдат на 65 а не на 55 години.

Палијативна грижа не постои во Македонија.

Претпоследно, туѓата нега треба да е до крај на живот особено кај луѓе кои тешко или не постои можност да се излечат како на пример слепи лица, луѓе со шизофренија, деменција, луѓе со ампутации, мозочни удари... или барем да се обновува на повеќе години а не на 6 или 12 месеци како сега.

И за крај систематски прегледи треба да се вршат во ЈЗУ а не во ПЗУ. Ова е измислена глупост за да се полнат со пари сопствениците на ПЗУ и приватните доктори по медицина на труд нешто налик на измислената и непотребна работа нотар.

Едит: Ги заборавив гинеколозите во примарно кои ги дерат своите пациентки за се и сешто и стоматолозите за кои искрено немам некое искуство, скапи се али наводно скапи им биле материјалите навистина не знам.

Едит 2: Антички правилници на ФЗО за работа и повеќе време се поминува во бирократија отколку практицирање медицина.
 
Последно уредено:
- Примарното здравство што треба да биде порта за здравствениот систем е широко отворена капија низ која си поминува кој кога ќе посака, боледувања, антибиотици па и секакви лекови без разлика дали има или нема потреба да се пијат

Превенцијата мислам дека е најважната работа во медицината, да се превенира да не дојде до дијабетес на пример
Не се согласувам дека примарното здравство е отворена порта.

Баш напротив! Тоа е порта која е најчесто затворена тип БЕТОН поради веќе споменатиот никаков капациетет и баш "мачка" очи со тие како што велиш непотребни лекови без претходно извршена дијагностика во една терцијатна или секундарна установа.

Доколку беше здравството ориентирано на превенција, луѓето ќе живееја по минимум 80 години, а не некролозите да се полни со 60 годишни пошто ниеднаш не биле на кардиолог, долгогодишен дијабетичар и пушач не бил пратен на коронароангиографија пошто ете "нема потреба". (или нема термин), 60 годишен никад не бил пратен на гастроскопија, дијабетичар тип два нема достап до Sitagliptin туку само до оние опасните сулфонарилни глупости и да не редам безброј примери.
 
Отворена порта е бидејќи вообичаеното сценарио е пациентите да си бараат упати кај ќе им текне неретко без причина а матичните лекари им угодуваат за да не ги изгубат и/или не се замараат.

Во Македонија матичен лекар нема право да даде упат до коронароангиографија, гастроскопија имаше термини и тоа до Поликлиника Чаир но откако докторката си замина во Ремедика може да се каже дека немаат пристап ни до тоа.

Дали од немаштија, дали од скржавост но просечниот Македонец помеѓу ефтин но неефикасен лек и скап но ефикасен лек, најчесто ќе го избере првото. Често се случува да се јави на преглед пациент кој користи некој приватен лек кој делува одлично (тензија, дијабет ватевер) и да бара лек кој е покриен од фондот. На пример глибенкламид и факинг репаглинид се "на рецепт" додека видаглиптин и ситаглиптин се приватни, ај погоди кои лекови од овие ги преферираат повеќе. Да не правиме муабет за SGLT2.
 
Епа тоа е тоа! Зошто нема право?

Зарем не гледаш дека се работи за вештачки лавиринт направен заради немањето на капацитет во болниците.

Еве и да имаат право, кај ќе ги прати пошто тие што прават коронароангиографии се бројат на прсти во државните институции на 2 милиона народ.

Истите проблеми се и за другите специјалности.
 
Отворена порта е бидејќи вообичаеното сценарио е пациентите да си бараат упати кај ќе им текне неретко без причина а матичните лекари им угодуваат за да не ги изгубат и/или не се замараат.
Катастрофа невидена. Доаѓа на преглед, дај ми ти мене упат за кај таа и таа особа, јас договорен сум. Или дај ми ти мене од тие комбинираните инекции и како нов ќе бидам. Ама јас мислам дека како ќе си се поставиш така ќе те третираат. Вакво однесување е недозволиво. Слика и прилика на некултурата и здравствената неписменост во Македонија.

Инаку не се согласувам со делот кај што збориш дека матичните лекари во Скопје имале повеќе знаење дури и од специјалисти во другите градови. Имав прилика да работам и во Скопје, и во друг град, и како матичен лекар и во имп. Тоа што го имам гледано е лудило. Среќа, па се тргнав од тоа, затоа што стварно се нервирав секој ден. За односите на медицинскиот персонал, и почитувањето на хиреархијата не сакам да коментирам, затоа што сметам дека на крајот од денот сето тоа е домашно воспитување.

Она што не можам да го сфатам е зошто матичните лекари во Македонија имаат право да праќаат пациенти на терциерно ниво. Мислам, на хартија тоа можеби изгледа ефикасно, но во реалноста тоа е она што создава хаос, нефункционалност и презаситување на клиниките. Исклучок нека бидат итните случаи кои треба да бидат проследени преку итната медицинска помош. Дефинитивно треба да се зајакне секундарното здравство (можеби ти зато имаш впечаток дека матичните во Скопје се подобри лекари од специјалистите во другите градови, затоа што често пати се истите прескокнати), регионалните болници, лабораториите, специјалистичките служби.

Во однос на иднинината, јас мислам дека секој млад лекар треба да помине година дена работа како матичен лекар, година дена на имп, и после да продолжи на специјализација. Секако сето тоа да биде овозможено од државата.

Финансиска поддршка за специјализанти и евентуално поддршка за решавање на станбено прашање. Најголем дел од лекарите кога почнуваат на специјализација се во најкритичен период, кога треба да се основа фамилија, и наместо стабилност влегуваат во период на низок приход, огромни давачки, несигурна работа. Никој не може да издржува фамилија со 26 000 денари, а притоа да има давачки околу специјализација. Осигурување нема, платено породилно отсуство нема. Ако специјализантката забремени, треба да си побара мирување на специјализацијата и секако дека се прекинува приходот од мизерните 26 000 денари и се одложува завршувањето на специјализацијата.

Нема поддршка ниту за млади лекари, ниту за жени лекари. Искрена да бидам драги колеги, да се биде жена лекар на специјализација и мајка во Македонија е заслужно за медал. Кој што сака нека каже, обично не сум полово пристрасна, ама на мажите им е далеку полесно.

Во Македонија има стварно паметни и чесни луѓе, но системот е направен така што ги обесхрабрува, ги изморува, и на крај ги брка.
 
пациентите знаат дека општите лекари се тапа, затоа си бараат што им следува. Сеа ти да се потпреш на општ лекар секогаш треба да си луд.
Тоа што им следува, државата не им го овозможила пошто приоритетите се насочени кон други за државата повисоки (лично-партиски) цели.
 
Инаку не се согласувам со делот кај што збориш дека матичните лекари во Скопје имале повеќе знаење дури и од специјалисти во другите градови. Имав прилика да работам и во Скопје, и во друг град, и како матичен лекар и во имп. Тоа што го имам гледано е лудило. Среќа, па се тргнав од тоа, затоа што стварно се нервирав секој ден. За односите на медицинскиот персонал, и почитувањето на хиреархијата не сакам да коментирам, затоа што сметам дека на крајот од денот сето тоа е домашно воспитување.
Хипербола од моја страна, разликата помеѓу кадарот во болниците во Скопје и останатите градови е страшно голема. Да се додаде тука фактот што државните специјализанти од останатите градови специјализираат во Скопје (имајќи екстра примања за тоа) за да на крај се вратат во матичните установи и да препраќаат се и сешто.
 
Точно! Сведок сум на случај каде една постара жена специјалист во внатрешноста која ординира во локалната болница, препраќа пациент за универзитетска клиника во Скопје само за една инцизија, која истата таа е извршена веднаш на прием од специјализант. Дно дна!
 
пациентите знаат дека општите лекари се тапа, затоа си бараат што им следува. Сеа ти да се потпреш на општ лекар секогаш треба да си луд.
Смешки, го заболела главата и одма бара магнет да правел, почнал да поткашлува и истиот ден бара панцеф.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom