Ни се справиле со СтормШедоу/Химарс, ни ќе се справат.
Освен ако е справувањето преместување на флотата од Крим во поранешни територии на Грузија, тогаш супер, генијално.
Химарсите се уште прават партал каде и да начекаат концентрација на војска/опрема.
Престанаа да стрелаат со СтормШедоу (заради пошироката стратегија за постигнување мир), во спротивно ќе ги преместеа до Мурманск.
Никогаш Украинците не добијаа дозвола да стрелаат крстосувачки ракети врз Руска територија.
Четвртина од Црноморската
флота е на дното.
Петтина од стратешките бомбардери им се уништени.
Единствениот од таков тип во светот ground based jamming систем им е уништен.
Третина од AEW (АВАКС) им ги уништија (што на земја, што во воздух).
Ама ок е. Во прва брзина се.
Нема оружје што не го употребија. Употребија дури и интерконтинентална балистичка ракета. Барем од нив имаат доста.
Кога објави мобилизација Путин, имаше километри колони кој побрзо да замини на
фрон... од земјата. Ама Европа ќе немала војници против Русија.
Ќе ескалирале. Четири години ескалираат.
Кога им даваа АТАКАМС ќе ескалирале.
Кога им даваа СтормШедоу ќе ескалирале.
Кога им даваа Ф-16ки ќе ескалирале.
Ама ништо од тоа не е битно. Во Септември освоија 300 километри квадратни нето. Take that Украинци.
Телетабиси.