Premier League - 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Ливерпул

    Гласови: 25 29,8%
  • Арсенал

    Гласови: 18 21,4%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 8 9,5%
  • Челзи

    Гласови: 11 13,1%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 16 19,0%
  • Тотенхем

    Гласови: 2 2,4%
  • Њукасл

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг

    Гласови: 4 4,8%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Глеам Нони Мадуеке имал проблем со преден вкрстен шо не е уопште шала и можел да го јаде гадно. Ќе мора секако на пауза не е заебанција. Него мене ми е друго. Салиба се повреди и го става да игра 90мин, теоријата за Сака ми е дека Артета го донесе на стаклени нозе пред 2 години кога го форсираше незаздравен да игра и само се крпеше, а не секоја втора текма му се јавуваше проблем. Малце почнуем да се сомневам во тренажниот процес на Арсенал. Не може толку повреди на клучни играчи.
 
Мене ме фасцинира како го игнорираш контекстот на она што се случуваше на терен. Пеп имаше водство, зошто да не се повлече кога веќе влегоа брзи играчи кај Арсенал? Ова е убедливо најслабиот Сити откако е Пеп тука, со исклучок на тимот од 2016-та. Свесен е дека не може да се надигрува.

Артета купи летово:
- Мадуеке
- Езе
- Ѓокереш

За да на ваков слаб Сити му излезе со седум дефанзивни играчи. На домашен терен, а лани 5 гола им дадоа. Тоа што направи 2 измени на полувреме ти кажува дека сфати и тој самиот каква глупост направи. Ливерпул од секоја екипа скоро прими гол сезонава. Освен од Арсенал и Барнли.

Гледај ја разликата по изедначувачки голови меѓу истите екипи.


Хахаха многу смешен момент беше кога Халанд му акна топка у глава на кој и да беше од Арсенал, Габриел мислам беше, не е ни битно.
 
Глеам Нони Мадуеке имал проблем со преден вкрстен шо не е уопште шала и можел да го јаде гадно. Ќе мора секако на пауза не е заебанција. Него мене ми е друго. Салиба се повреди и го става да игра 90мин, теоријата за Сака ми е дека Артета го донесе на стаклени нозе пред 2 години кога го форсираше незаздравен да игра и само се крпеше, а не секоја втора текма му се јавуваше проблем. Малце почнуем да се сомневам во тренажниот процес на Арсенал. Не може толку повреди на клучни играчи.
Сака нема да има долга кариера.
Ќе го прегори Артета т.е веќе го гори
 
Сака нема да има долга кариера.
Ќе го прегори Артета т.е веќе го гори
Па немаат десно продорен играч!
Него мене не ми идат Сака и Ѓокереш во иста приказна.
А со Езе ја утна 300%, ама ако ќе научи!
 
Сака нема да има долга кариера.
Ќе го прегори Артета т.е веќе го гори
Мене па и не ми ни личи Сака на некоја светска каласа играчиште. Ништо чудно да испадне новиот Тео Волкот.
 
Мене па и не ми ни личи Сака на некоја светска каласа играчиште. Ништо чудно да испадне новиот Тео Волкот.
Сака ти е Амад Диало наш, тука пламен, тука камен!
 
Има 3 причини позади славјето на Мартинели и општо на грото од тимот, не ги оправдувам, ама ги разбирам:

1. Лично за Мартинели голов многу му значи, во ситуација е од сигурен стартер да падне на 3 избор на лево крило и да има доста мала минутажа, плус се враќа од катастрофална форма и катастрофални 2 сезони. Овој гол и тој на дуелот во ЛШ му значат многу, па разбирам да се израдува.
2. Колективно сега зошто другите играчи славеле. Едната причина е поради тоа што не беше така одамна кога Сити како ништо ни даваа петарди и уште влагаат со страв во дуелот и респект спрема противникот (еве од стартната постава заклучуваме дека и самиот Артета со тој страв влага). Памтам до пред неколку години беше 'само да не изгубиме со повеќе од 3+ гола', после беше 'само некако реми да извадиме со бункер', за сега прв пат после многу години да сме основан благ фаворит (може и лани ете сме биле кога беше 5:1, ама тоа било тоа).
3. Третата причина за колективно славење е теретот кој им падна кога видоа дека нема 2 дербиња по ред да изгубат. Многу на психолошки план ќе влијаеше да изгубеа две дербиња по ред, од кои едното дома.
 
Па немаат десно продорен играч!
Него мене не ми идат Сака и Ѓокереш во иста приказна.
А со Езе ја утна 300%, ама ако ќе научи!
Требало да пазарат, или да импровизираат.
Вака го горат и за брзо ќе е готов.
 
Како немаат десно продорен играч, Мадуеке што е десен бек? Сака после Салах е најконстанто крило во лигата последните 4 сезони. Гледате ли фудбал ама реално? ? ? :pos:
 
^нони е продорен и само он ви играше нешто од офанзива и му се дешава ова. Сака е нестабилен на подолг период, Одеегард само се повредуба, а богами 1ипол година од кога почна да глуми фотограф не изграл у континуитет добро.
 

Attachments

  • 1000020270.png
    1000020270.png
    1,2 MB · Прегледи: 14
Последно уредено:
Не знам што им прави Артета ама е нешто слично, ако не и бетер од Клоп.
 
Какво две шанси промашија Саутемптон и нецела минута после тоа му поклонија гол на Ливерпул :ROFLMAO:

Мислам дека дискусиите за Карабао и ФА можат да се водат во оваа тема, ионака е мртов форумот, да не се бркаме на две теми
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom