Порано пиеле, пушеле, и играле, сеа не пијат не пушат и не играат.Тука сме и ние до некаде криви, поради тоа што си дозволивме цела сезона Џамбо да биде втор голман, со таква несериозност и куроболие требало многу одамна да се раскрсти со него, самиот Милиќ си кажува дека последните 2-3 години од кариерата апсолутно не го интресирал ракометот, не тренирал, не се замарал, се прашувал зошто воопшто се бави со овој спорт.
Вака од денешна перспектива кога се раскажуваат приказни звучи интересно, а уствари никој од нас не би посакал пак да функционираме како во време на Вујо, цела тактика да биде базирана само на другарство помеѓу играчите, на тренинг да ти ја нема пола екипа, да те лажат дека ги боли стомак поради тоа што ги мрзи да дојдат, да идат по кафани навечер и сабајлето на тренинг да испаруваат од алхохол, таквиот начин на работа е изумрен пред добри 30 години.
Тогаш само поради среќа, притисок од публика и сплет на околности на крај сме излегувале како победници во неколку наврати против Металург, инаку во принцип во тој период не се знаело кој пие кој плаќа, вака според кажувањата не знам кога сме имале поголем хаос во клубот од тоа време.
Среќа што во новата екипа во Самс ерата се пренесени само позитивните работи од претходната генерација, а благодарение на Раул во клубот е воспоставна дисциплина, подоцна добриот микс на овие две работи ни донесе две титули во Лига на шампиони.
Вардат на Вујо е десет пати боље од денешниов.
Батали ти тоа Џамбо, Столе "шемаџиите".
Ги имаш, Брумен, Карачич, Абутовуич Прибак, Маркович, и ред други кој не верувам така да се понашале
Последно уредено:

