Неколку фудбалери во ростерот на Милан не знам како може да се наречат професионални фудбалери.
7-ма сезона треба да му биде оваа на Леао, до кога ќе треба да го чекаат за да стане професионален фудбалер.
Ќе мора од корен да се смени менталитетот во ростерот и драстично да се променат работите,ќе треба да се заврти нов лист со фудбалерите ако сакаат Милан да заврши во топ 4.
Slabo... Sve se livadarki, feministki, kur se trese samostalni... Najlesno mozes da pomines so razvedeni mladi majki.. taka u rani 40ti ili docni 30ti..
Леони ќе отиде во ПЛ, таму заврши и Калафиори, Донарума е неколку сезони надвор од Италија, а од следната сезона најверојатно во ПЛ.
Се повеќе најголемите таленти од Италија ќе одат надвор, мислам на Италијанци, за странците во лигата, исклучок е некој да остане, а да има шанси да заиграа во најсилните клубови во Европа.
Се повеќе во странство им бегаат и деца од младинските категории.
Погледнете колку потрошија клубовите од ПЛ, а колку од Серија А, неопоимливи се разликите.
И се е во приходите, тоа е клучот, како да се зголемат.
Се друго се навивачки заблуди, живеење во минатото, жабарска ксенофобија, митоманија, соништа за арапски пари што ќе ги оправат. Ливерпул и Јунајтед, водени од фондови, дури и не многу големи, имаат посиромашни сопственици од Њукасл и Сити, но ги победија во привлекување на најатрактивните имиња. Ливерпул со Вирц, МЈ со Шешко.
Значи, градење бренд, зголемување на прихофи, но за тоа мора цела лига да понуди поинаков производ.
Во Италија не покажаа спремност да се менуваат и озбилно да тргнат во тој правец.
Напротив, такви обиди наидуваат на пречки од целото општество. Држава, фудбалска федерација, градови, медиуми, навивачи...
Сега дури е полошо и од пред корона, уште се поназад, отидоа уште неколку години, а не гледам дека знаат што треба и дека се подготвени да се менуваат и да фаќаат приклучок.
Автоматски споено мислење:
А имаш и други првенства кои изгубиле чекор поради милион причини и не можат да се вратат. Но, кај доста од нив успева барем репрезентативниот фудбал да задржи некоја пристојност.
Италијаните ќе треба добро да се изнамачат да се пласираат на СП, на првенство со најмногу учесници до сега, после два неуспешни обиди и тоа преку заобиколен пат, затоа што Норвешка им одржа предавање за фудбал.
Италија најлошо изгледа на ТВ од сите топ 5 лиги и ова е многу битен фактор за привлекување на нови гледачи. Да не сум почнал да гледам фудбал на тие години кога сум почнал, и сум почекал А1 и Премиер Лига никад не би се заинтересирал да гледам Удинезе-Парма во 2025та. А Брентфорд-Лидс гледам сега иако сум фан на калчото. Па и Мајнц Штутгарт делува подобро на око со оглед на тоа какви се стадионите и преносот во целост.
Друга работа што ја посраа е со комплетно уништување на традицијата да гледаме Серија А во Недела во 3. И се тоа на сметка на некои бош термини - Понеделник и Петок во 6 и 8.45
Секако, и супер мртвиот термин Недела од 12.30 каде често се дешава да заборавам комплетно дека Интер игра и да пропуштам добри 15-20 мин зашто неам навика баш тој период во Недела да седам пред ТВ.
За да биде ПЛ тоа што е во Англија се натртија до тој степен да ИСИС сака да купи клуб овие ќе речат нема проблем...Италијанците какви такви не примија секакви гнаси да перат пари преку купување клубови.
Во Шпанија Перез продаде игралишта на градот за пола милијарда евра и тоа во 2002 кога тие пари вредеа многу повеќе, Барселона продаде тв права за да може да држи стандард со Реал/ПЛ.
Кого одбиле? Сакале сопствениците на Сити, Њукасл да дојдат, ама за разлика од корумпираните Англичани, чесните Италијанци не ги примиле!?
Кинезите што влегоа во миланските клубови се позитивен пример? Судски процеси, долгови... Малиот не смееше да излезе од Кина, да дојде на стадион, му конфискуваа имот во Европа, стариот правеше некои дилови со властите во Кина да се спаси.
Со Кинезот во Милан е посебна приказна, трагикомична, недостојна за клуб и од втора лига.
ПЛ не е на ова место поради Абрамович или арапите во Сити, тие се само дел од еден добар производ, учествуваа во градењето, но ќе можеше и без нив. Тие се бореа да ја победат конкуренцијата во ПЛ, направете споредба со ПСЖ и француско првенство.
Го погодија моментот, како Реал и Барса. Барса со сите глупости што ги направи, пак е поим за секој италијански клуб, а со реновираниот стадион ќе се доближи до Реал со приходите.
И пак доаѓаме до тие приходи, не гледајте само кон богатите сопственици, кои можат да помогнат во борбата со конкуренцијата доколку сакаат), споредете ги спонзорските договори на Барса (и на другите, како Реал, Баерн, големите во ПЛ минус арапските), со спонзорските договори на Интер и Милан, колку зема Барса, а колку Интер од Најк или Милан од Пума, колку заработуваат од стадион, да не збориме за тв права.
И други големи клубови полека му се приближуваат на Реал со приходи од преку милијарда евра. Интер претходната сезона, веројатно е некаде на пола, со рекорд во приходи, со финале ЛШ и светско клупско. За пари од ново светско ќе треба да поминат четири години, а можеби сум навивачки острастен, но не гледам дека Интер во неколку наредни години ќе го повтори овој успех во ЛШ. Односно ако не се промени нешто во приходите, разликата ќе биде поголема.
А веројатно има нешто и до економската моќ во државите. И тука Англија е во предност, додека Италија имаше поголеми проблеми.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.