Mud
Aloysius Devadander Abercrombie
- Член од
- 4 мај 2012
- Мислења
- 4.294
- Поени од реакции
- 7.547
Неможе да изгледа добро кога трибините, а со тоа и камерата е 50 метра поназад него у ПЛ. Пошо стадионите им се олимписки а не фудбалски....Италија најлошо изгледа на ТВ од сите топ 5 лиги и ова е многу битен фактор за привлекување на нови гледачи. Да не сум почнал да гледам фудбал на тие години кога сум почнал, и сум почекал А1 и Премиер Лига никад не би се заинтересирал да гледам Удинезе-Парма во 2025та. А Брентфорд-Лидс гледам сега иако сум фан на калчото. Па и Мајнц Штутгарт делува подобро на око со оглед на тоа какви се стадионите и преносот во целост.
Друга работа што ја посраа е со комплетно уништување на традицијата да гледаме Серија А во Недела во 3. И се тоа на сметка на некои бош термини - Понеделник и Петок во 6 и 8.45
Секако, и супер мртвиот термин Недела од 12.30 каде често се дешава да заборавам комплетно дека Интер игра и да пропуштам добри 15-20 мин зашто неам навика баш тој период во Недела да седам пред ТВ.
Мада не е само тоа, шпанциве пример имаат продукција каде каде понапред, Серие А личи како МТВ да е главен продуцент.