Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
@cholismo шо напраивте со трансферите?

Вчера Пубил, денес Ханчко.... 150 милиони до сега...
 
@cholismo шо напраивте со трансферите?

Вчера Пубил, денес Ханчко.... 150 милиони до сега...
Многу играчи си заминаа и се ослободија плати
Постигнати се договори на финансиски план со некои големи спонзори и се троши.
Уште кога заврши сезоната изјавија дека ќе има рокада во тимот и 200 мил ќе ги потрошат пак.

Ханчко беше мета од лани уште и откако пропаднал трансферот во Арабија се активира Атлетико повторно.
Ми се допаѓа како стопер.

Сега читам трампа Влаховиќ со Молина, не е да мани една дремка човек, секој ден нон трансфер од нигде никаде, и за овој постои интерес од лани.
Не знам кој му курац со оглед дека го имаме Сорлот, за шо ќе го плаќаат, за да се курва по дискотеки низ Мадрид ?
 
Ебати Франкфурт мафијата :pos:
Само за ова би го вратил назад сместа.

Џабе му го ставиле името Хуго на овој.
Башка и фан на Јунајтед....

Али ајде, ги одби летово, потпиша за Ливерпул, може и ќе се среди кој го знае:coffee:

Сериозно, што им е на францускиве црнци?
Екитике, Конате, Кунде....

FB_IMG_1753306791304.jpg
 
Ај сега кој колку има потрошено за тој период и да се направи подобра слика

Си трошат... Наоѓаат начини.

GwkPW41WIAE5FZ5
 
Ова играчиве на Челзи како да се биткоин. Ги купуваат ефтино, ги чуваат 2-3 год и ги продаваат тројно.
Затоа и трипати јадеа казни за трансфери. :gjavol:
 
Ај сега кој колку има потрошено за тој период и да се направи подобра слика
Ај сега кој колку има освоено трофеи за тој период и да се направи уште подобра слика. :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:

Screenshot_1.png
 
Ај сега кој колку има освоено трофеи за тој период и да се направи уште подобра слика. :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:

Прегледај го приврзокот 451483
Да, само овде многу се занемарува фактот дека Челзи имаше бан за трансфери колку беа таму, 2 преодни рока ако не грешам?!?, и башка сменија газда со војната во Русија и претрпеа еден кур турбуленции и пак се убедливо најголем трошач во ПЛ, а имаш тимови кои имаат арапски газди патем. Пост Роман ерата Челзи троши како да е просечна македонска партија пред избори, еве и сеа земени неколку скапи играчи тие напињаат за Симонс и тој Хато од Ајакс. Не ми е јасно ако го земат Симонс што ќе прават со толку играчи во нападот, ваљда не планираат пола да продадат од нив...
 
На малце луѓе им е познато дека Абрамович пред да го продаде Челзи, му опрости долг на клубот од 1.5 милијарди евра.
Ретко кој клуб преземен од американци е без долг, Челзи беше исклучок и тука се направија милион комбинации пошто и овие што не земаа американци, се покажаа како опасни со книги и далавери и пак сме негде на нула а уложија еден брод пари. Сега тука еден куп фанчиња на Јунајтед и Арсенал ќе попуваат за морални вредности и кој и како го упропастил фудбалот ама кој ги ебе на крај кога ќе си дадат пак 50м за Мадуеке. :D

Симонс го планираат замена за Палмер централно, пошто немаме. Односно имаме Нкунку ама ликот не се конектира со нозете на терен за Челзи, не знам што му се деси, дух е од тој играчот од Лајпциг. Феликс лета, Стерлинг исто. Сигурно го планираат и лево со Гитенс да ротира пошто само он е едино лево крило а нема искуство во ПЛ, другото природно лево крило во тимот ни попи допинг бан.
Хато е замена за Куку пошто немаме друг ЛБ освен него, ликот освен што имаше неколку ситни повреди со месец дена отсуство, ја игра секоја утакмица од почеток до крај пошто нема кој да го замени, тој што требаше да го замени, Веига, влезе во Канаваро филм и нејќе да игра ЛБ и си побара трансфер.
 
Да, само овде многу се занемарува фактот дека Челзи имаше бан за трансфери колку беа таму, 2 преодни рока ако не грешам?!?, и башка сменија газда со војната во Русија и претрпеа еден кур турбуленции и пак се убедливо најголем трошач во ПЛ, а имаш тимови кои имаат арапски газди патем. Пост Роман ерата Челзи троши како да е просечна македонска партија пред избори, еве и сеа земени неколку скапи играчи тие напињаат за Симонс и тој Хато од Ајакс. Не ми е јасно ако го земат Симонс што ќе прават со толку играчи во нападот, ваљда не планираат пола да продадат од нив...
Никој не го спори фактот дека трошат ко луди, ама има големо „ама“, едноставно можат да си дозволат да трошат. Ете и погоре има доказ за тоа колку продаваат. Ние, како фудбалски фанови, сакале или не фудбалот е еден голем бизнис. Бизнис во кој сепак трошењето има некаква регулатива: ФФП, ПСР и слични работи. Доколку не се прекршени овие правила, што е проблемот?

Тоа за новите газди, мислам дека е и логично на почеток да трошат пари ако тоа им е овозможено, нов проект, нова инвестиција, нова визија. Мислам дека тоа е сосема логично, ако вложуваш толку пари, најверојатно имаш своја замисла како би го водел клубот, а не би се држел според замислата на поранешниот газда, како слеп човек за стап.

Трансфер-банот го добија поради млади играчи и нивни позајмици. Не би знаел колку трошењето има врска со забраната. Ако ништо друго, тој трансфер бан имаше повеќе бенефиции отколку негативни последици за Челзи. Со забраната им се овозможи уште повеќе да трошат по истекувањето на забраната. (За ова не сум 100% сигурен, ама едно 80–90% сум, тоа што останало во мозокот од пред 5 години.)
Нешто слично како што прави Ливерпул сега, минатото лето завршија во плус, ама затоа ова лето можат да потрошат 500 милиони. Разликата е што Ливерпул доброволно не трошеа, а Челзи имаше трансфер бан.

Вреди да се спомне и Лампард, кој и покрај забраната и со играчи од академијата, заврши во топ 4 и донесе Лига на шампиони на Стемфорд Бриџ. Со Лига на шампиони и со ова погоре објаснето, Роман доби одврзани раце за нови трансфери и потроши солидна сума пари за нови играчи, а тие нови играчи му донесоа трофеј во Лигата на шампионите.

Симонс и Хато се пазарат бидејќи имаме амбициозни газди кои сакаат Челзи да се бори за сите можни трофеи. А за тоа е потребен доволен број квалитетни играчи. И да не ни се случи тоа што му се случи на твојот Интер во минатата сезона, се боревте на сите можни фронтови, а на крај, во еден месец, останавте без ниту еден трофеј. Процени ги сам квалитетите на Серија А и Премиер лигата и која лига е поконкурентна. Челзи имаше среќа што играше во мртвата Конференциска лига, па можеше да си дозволи првиот дел од турнирот да го игра без некои битни играчи, и Мареска имаше можност да ги ротира. Потребна е ширина ако сакаш да се бориш на сите можни фронтови, а Челзи тоа го сака.

Челзи троши пари, ама троши во границите на дозволеното, значи, според моменталните фудбалски правила. Трошат многу пари на играчи, ама си имаат и приходи со кои можат да си дозволат таков луксуз. Продажбата на играчи, фудбалските успеси, доброто управување со клубот и добриот бизнис на сопствениците придонесуваат за трошењето на Челзи. Една од најдобрите фудбалски академии во светот исто така е една од причините зошто Челзи може да троши толку многу.
 
Никој не го спори фактот дека трошат ко луди, ама има големо „ама“, едноставно можат да си дозволат да трошат. Ете и погоре има доказ за тоа колку продаваат. Ние, како фудбалски фанови, сакале или не фудбалот е еден голем бизнис. Бизнис во кој сепак трошењето има некаква регулатива: ФФП, ПСР и слични работи. Доколку не се прекршени овие правила, што е проблемот?
Проблемот е што се прекршени правила и се водат истраги за нив, лани ако ти текнува пробаа да протнат продажба на хотел или паркинг места нешто така беше и сакаа да го вметнат како приход во клубот, кратко кажано како да продале играч, исто договорите на 15 години што ги правеа за да може да потпишуваат све и свашта ако не се лажам ги банираа од ПЛ или УЕФА да може максимум на 5 години да бидат, итн итн. Да ми речеш дека во пост Роман ерата Челзи работи исправно и коректно за мене е смешно искрено, инаку ништо немам против Челзи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom