Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Општо тапа информации за утакмицава,и слаба мобилизација, тоа е ефект на козарот што не дава да ја водат прави дечки страната ФК Вардар и истата стои замрзната повеќе од пола година.
Јас земав карти за на јужна
а зошто уствари се замрзнати страните на ФК?
 
Карти за на запад морам онлајн да купам или ќе се продаваат дента?
Никакви информации нема а натпреварот е за 3 дена...
Најдобро да си купиш на дента на натпреварот од дечките од Комити, карти секако ќе има.
 
И Алкалоид еден од спонзорите на ФК Вардар.
 
Како да не играме меч во Европа за два дена, ни најјава ни бутур.
 
И Алкалоид еден од спонзорите на ФК Вардар.
А дресовите исти од лани :D
 
А дресовите исти од лани :D
Појачани со дополнителни спонзори. Па реално нема потреба секоја година да се мења дрес. Знам и ја сакам многу појак дрес, ама реално и актуелниов е далеку од лош.
 
Како да не играме меч во Европа за два дена, ни најјава ни бутур.
Тоа е ефектот кога клубот го водат луѓе кои на стадион немаат стапнато повеќе од 20 години, со размислувањата заглавени во некои минати времиња, а во својата глава имаат слика за себе дека се многу битни личности и сите треба да ги почитуваат само затоа што како паразити се поставени од партија на тие функции.

Џабе е сега и Лига на шампиони да играме, пак нема да има публика и еуфорија, козарот ја уби цела атмосфера околу клубот која се градеше со години од страна на дечките од Комити.
Во втора лига имаше поголеми мобилизации, најави, муабети меѓу луѓе за натпреварите, народот ја препозна искрената намера на групата и максимално ја поддржа идејата.
Денес да појдеме низ Скопје и да прашуваме луѓе, освен тие што активно пратиме и сме опседнати со спорт, никој друг нема појма дека воопшто се игра европски натпревар, нема никакви информации за клубот, нема официјални страни, не се знае кој потпишал и кој заминал, едноставно маркетинг во минус.

Наместо само да се надоградува приказната која беше добро започната, решија дека е подобро клубот да го дадат поклон на класични лешинари кои сега си прават разни шеми и комбинации со играчи.
Дополнително да можат да билдаат его ги имаат ботовите што се јавуваат по утрински емисии и после по коментари на фејсбук на профил на Миленко пишуваат пофални зборови за него, а уствари пола од нив фудбал во живот немаат гледано, уште помалку знаат што се случува со клубот.

Златна страна на фејсбук од скоро сто илјади следбеници ја замрзнаа за да можат да лечат сопствени комплекси, ги болеше тоа што некој професионално и поштено си ја работи работата додека тие крстат нозе и пушат пури.

Џабе зборам, ништо ново нема да кажам, сите знаевме дека вакво нешто ќе се случи уште кога се дознаа првите информации за тоа кои луѓе ќе го водат клубот, јасно е дека и во иднина само ќе тонеме, без разлика што ќе имаме далеку подобри резултати од минатите години, најверојатно и двојна круна ќе освоиме наредна сезона на идентичен начин како што го освоивме купот минатата сезона.

Ние сме класичен пример како не треба да функционира еден фудбалски клуб.
 
Последно уредено:
Како да не играме меч во Европа за два дена, ни најјава ни бутур.
Да прашам, дали има услови за стадион во првите европски квалификации, а гледам Шкендија во Велс играат на селски стадион, мислам може нема ни рефлектори ??...
 
Не само што страната на фејсбук е златна, таа е и единствена верифицирана и меродавна. ФФМ денес ги тагнува сите екипи кои ќе играат Европа и го прави тоа на таа страна на Вардар, Ла Фиора го најавува натпреварот со нас и го тагнува на таа страна Вардар, сите противници на припремните утакмкци исто, на сите играчи во инфо им стои таа страна, луѓето од ЦЗ се крстеа како е можно да немаме активни профили на социјални мрежи, итн, итн...

Нестварно е како клуб може да иде толку сам против себе, а се под маската имаме успеси и ни се може. Па имаше ли потужна слика од прославата на купот без НИДЕН. останат навивач. Ај Комитите, ама никој да не остане ни на јужна ?! Живеат во свој филм, изолирани, оттуѓени од своите навивачи и ова не може да не им се обие од глава, порано или покасно.

И кој да го искоментира или искритикува ова, да каже дека ова го нема никаде? Новинарите кои ги однесоа како телиња на клање у Словенечка вукојебина за едно пиво да пишуваат хвалоспеви како да сме Баерн Минхен? Ги седнаа таму како дечиња у забавиште, да им раскажуваат прикаски. Да го слушаат Миленко по папучи како им држи предавања, додека они, оштрите пера ќутат и климаат со главите. Од нив ли да очекуваме реакција и критика? Од оној што се смееше додека му пцуева жена у сред емисија? Сега ќе ги седнат у авион за Сан Марино и Швајцарија па ќе бидеме приморани да читаме цела сезона платена пропаганда на сите портали купени ефтино, за една-две екскурзии...
 
Последно уредено:
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си иба мајката. ве послушаа вас (нас), се израдувавте, чеде јаневески тренер - потоп. никако да се признае грешката.

јас сум комита, воедно не се согласувам ни 5 посто со ставот на дел од комити. секој во свое име треба да си збори, на ниеден начин група комити нема да одлучуваат за мислењето на сите.

продолжи ли вакво самоволие во некакви си објави во име на сите комити, јас на запад не одам, ама на стадион да.

вардар има потенцијално голема армија на навивачи, на кои тотално не им е битна битката со козарот, дали седлоски бил трнер на слога и слично. мал дел имаат реален интерес од тоа, 90 посто од полн запад - не ги интересира тоа. јас сум еден од нив. официјалните соопштенија на комити не го опфаќаат мислењето на мнозинстовото комити. такво нешто е невозможно да се знае. не дека постои база од 10.000 комити па за секое соопштение на група од 20 комити сите треба да се сложиме со тоа, демек сите сме консултирани. таа самобендисаност, нарцисоидност и ставање на комити над вардар како нешто посвето и поважно оддалечи многу членови и публика од вас/нас. звучи лошо - вас/нас не сакам да се двојам и да се дистанцирам, сите сме комити и никој не е помалку или повеќе.
најдобронамерно изразувам мислење, водството на комити, кои и да се, не сум против никој и нека тераат работа имаат и добри потези, но претежно акции и соопштенија во кои јас како еден од истата група не се согласувам.

што е за мене најбитно - големата слика е - вардар малку се оправи, беше дно дна. треба малку да се спушти топката, некое време да се гледа нашиот интерес, да престане таа доминација на воски, тримови љимови, шкупи, шкендии и слично. последните 10 години табелата и целата слика на првата лига беше тажна, да не речам понижувачка. сакам лига во кои ќе бидеме досадно доминантни, да ги плескаме сите ко мали деца, и ги сакам пелистер, победа и други при врвот. у сред скопје ни слават титули, веат знамиња! козарот па козарот... тотално небитна битка

тоа кој не може да го види, за жал никогаш нема да го види. битката со управата во наредни две три четири години е тотално контрапродуктивна за се она што е вардар како наш идеал. битка за правда секогаш треба да има, во овој момент не гледам таа битка управа - комити дека треба да има приоритет пред било што друго. ситење дека пославата на купот била пред празни трибини е надвор од здрав разум и тотално непочитување на играчите и својот клуб, небитно управата. катастрофално.
јас така не размислувам и воедно не сакам да бидам дел од тоа. како мене има многу. битно е да се знае, да се земе во предвид.
треба да се надминат сите проблеми, суетите на страна, смирување страсти малку, гледање интерсите на клубот и државата - тоа е неразделно. тоа сакам да се комити
 
Солен ли му е на свињата или шеќерче ти става одозгоре?
 
Почит за момакот кој гледам дека и ја креирал темава на форумот, ама искрено делува дека го преспал периодот од тогаш до денес. Како ова да му е будење после тој прв пост од 2005

Додека го пишуваше ова и самостојно се дистанцираше од мислењето на групата попаметно ќе беше да отидеш до инстаграм профилот на Ла Фиорита да видиш како изгледа во однос на нас аматерска екипа од Сан Марино чии играчи пола не се дојдени затоа што немаат слободно од работа, а функционираат како да се Манлестер Сити за разлика од клубот за кој навиваме.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom