"Вештачката интелигенција" е новиот хајп за да имаат оправдување големите фирми да бркаат луѓе од работа. Вештачката интелигенција не е ништо ново.
Чив е хајпот? Кој хајпа, со која причина? Кој и што се очекува на крајот од хајпот? Како го сфаќаш ти хајп, бидејќи хајп нема по дефулт негативен контекст. Малце конфузно звучиш, можеби тренд е поточен збор за твојот пост.
Ако е само изговор АИ тогаш кажи ми ја вистинската причината за бркање? Како тоа сите големи компании во ист момент имаат потреба од бркање луѓе ако не е технолошкиот вишок причината? Не можеш да кажеш дека АИ е
изговор за падење а да не дадеш
причина зошто има воопшто потреба од масовно падење. Работам во корпорација и можам да ти кажам дека годинава ги кошта само до сега двоцифрена бројка милиони во евра за да исплатат луѓе кои до некни ги хедхантаа да си одат нудејќи атрактивни severance packages дури многу над законски предвиденото. Бркање така или онака кошта, но зошто? Како ќе ги оправдаат овие трошоци пред инвеститороте бидејќи некои исплати се толку високи што може да ги држат тие луѓе на платен список три години без ништо да им работат. Изговор во АИ до сега јас гледам само во бркање сите над 50 години за да не ги тужат за старосна дискриминација.
Проектите околу генеративен и агентик АИ на кои работам се со underlying goal of reducing head count нажалост и можам да ти кажам дека не мора да чекаме АИ сам да лета авионите за луѓе да бидат заменети во многу секојдневни позиции, не само IT code monkeys туку многу сапорт и операциони функции, административни функци, прокура, data science, репортинг и сѐ околу финансиските системи позиции, сметководство, плаќања итн. се импактнати.
Во најмала рака е смешно да кажеш дека АИ не заменува луѓе. Многу работи стануваат поефикасни со АИ, не е дека АИ заменува некој 1:1 туку опаѓа работа во тимови која претходно барала повеќе вработени и повеќе време. Корпорациите сега истураат милиони, не се сега во ќар со падење. Ги слушам плановите.
Не дека нема smoke screen, многу голем дел од АИ е џанк. Некои работи да се завршат фаќаат подолго со понедостојни резултати од порано но како паѓаат одлуки од високо на хиреархијата така се повеќе и повеќе губаат смисла подолу. Бев по воркшопи и панели па имав шанса да зборам за АИ со CEO и менаџмент тимови на доста големи корпорации некои и германски како Körber, Volvo, the big four KPMG, Accenture и за мене највпечатливата IDEMIA која се бави со јавна сигурност, системите за платежни картички, пасошите, биометрија па се навлезе во високите ризици кои АИ ги носи во таа сфера за кои ете можеби не си свесен но наредуваат да се толку многу инвестира. Иако трендот го сетираат големите како Мета но другите адекватно следат. Не може таква трансформативна сила да биде “само хајп”.
Не е се така и апокалиптично, многу работни позиции во светот ќе умрат но на сметка на тоа ќе се отворат други. Светот е само приморан да се преквалификува што е фер.
