Околу носењето на играчите си има луѓе кои си се во управата кои се паметни, вервам дека знаат што прават, и веројатно подобар избор од тие играчи во тој момент немало. Дека се паметни луѓево во управата говори фактот што успеаа да соберат толку спонзори кои се грото Битолски фирми (можеше истото да го стори било која друга управа од претходно, ама не им успеа бидејќи не беа доволно паметни како овие) и успеаа да ги обединат скоро сите ракометни имења од Битола и да ги седнат на исто место. Јас верувам во тренерот и секогаш остро се спротиставувам против секој кој пцуе играч кој го носи зелено белиот дрес. То е дно и тоа е показател за немање ни елементарно познавање од навивачката култура. За жал тоа не соодветствува со публиката од пред 20 години, веројатно то се должи на губењето на осет. Но Битола има одлични фундамент и Битола е апсолутно најракометниот град. Тоа никој неможи да го сфати кој живеј надвор од Битола. Неможам да објаснам дека во секоја пора на општествениот живот се разговара само за ракомет.Мислам дека многу луѓе кај вас имаа(т) и сосема нереални очекувања, па после секој кикс се пцуеше и плукаше по сите тренери. Да бидеме реални, не може да бидеш конкурентен во ЛШ со Пешевски или со Атанасијевиќ и слични играчи. Наши се, репрезентативци и се е тоа ок, но далеку се од некој екстра квалитет, а по форум и медиуми се претставувани како такви. Реалноста ја гледаме, трети во група каде што имаме две репрезентации кои немаат заедно 50 професионални ракометари. Како што споменав и претходно, мислам дека страшно лошо е изменаџирано носењето на играчи кај вас во последниве години.
На крајот се ќе биде во ред.
Што се однесува до репрезентацијата имаме таму мудрец и никој не смеј ништо да му кажи, оти ако речиш нешто одма си против него. Чекам денот кога ќе јади шут карта па ќе му се јавам, живејме доста добро, па малку да го порибам. Ќе ми се скара, ама шо да му прам хахаха


