- Член од
- 20 септември 2023
- Мислења
- 739
- Поени од реакции
- 3.751
Една победа на Вардар и одма ракометот прогласен за умрено, платформата ќе завршела, тренерот бил очај, играчите не изиграле како шо треба, утре нема да се раздени, Леси се не врача кучи... Толку од фамозната ракометно префинета публика во Битола.
Лошо отворивме и то е факт, ама дека играта беше лоша јас не би се сложил со никој овде. Ова беше атомски ракомет, а среќата беше на страната на Вардар и види богати победија. Оти како на форумов да има луѓе кои не знаат дека можиш да победиш, можиш да изгубиш, а ако Хорика промаршеше ќе беше нерешено.
Од играчите на Пелистер единствен кој немаше ден беше Радивоевич, другите изиграа на ниво и крај. Борозан погоди невозможни шутови, Хорика исто и јас глава ставам дека никогаш нема ваква партија да врзат Крсманчич-Борозан-Хорика никогаш.
Нивата е долга за орање и се надевам дека овие шо го умреа ракометот и шо се опашаа во груба руба и се посипаа со пепел ќе имаат шанса да се радуваат со нас заедно во Мај-Јуни.
Ама и ако погодеше Родригез лесно можеше да оди на крај и +5…
Автоматски споено мислење:
Ќе видиме јас па мислам уште една ваква партија нема да изиграте,се е во наши раце сеуште ние се прашваме.
Јас па обратно мислам, далеку беше ова од сјајно издание на Вардар.




