Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
GBH univerzalno e prifaten i specifichen, no Blade Runner 2049 ..shokantno spor film kako skoro se drugo od Denis
Блејд Ранер кецот ми беше смече од филм, а двојката не ни планирам да ја гледам. На крај краева се е субјективно и глејте што сакате.
 
Целиов муабет ме потсеќа на тема тематика што ја начнавме пред година две баш во оваа тема. Еве Ио веќе во неколку коментари и must watch филмови спомнува филмови од пред 20-30 години.
Имаме ли некој критериум што спаѓа под must watch? Или ајде поконкретен да бидам, што за вас е must watch од последниве 10-20 години? Кој филм би оставил белег како Кум, Шошенк, Гудфелас, Форест итн. Инсепшн и Интерстелар се единствени што би ги предложил на било кој и да ме праша.
Субјективна листа од тие што ми текнуваат:
About Time
La La Land
Get Out
Spotlight
Midnight In Paris
Coco
Batman Begins
V For Vendetta
Shutter Island.
 
не постои такво нешто must watch, кум сеуште не ми e гледан ,ни планирам некад да ги гледам

скоро го гледав Pulp Fiction цело време мислев дека Траволта е главната фаца у филмов, испадна Брус Вилис дека е човекот што не ебе жива сила
Кум е филм што им се допаѓа и на клошари од улица, багабонти и на интелектуалци. Гледај го.
 
In Cold Blood е добар noir филм, одамна немав гледано нешто старо добро.
 
Малку е лошо објаснето и затоа збунувачко за многумина. Вака сега - Академијата гласа два пати:

1. Првиот пат пред објавувањето на номинациите, за да се одредат номинациите. Ама - секоја гранка на Академијата си гласа (предложува) во својата категорија + најдобар филм. Пример - актерите гласаат само за актери и филм, кинематографите само за кинематографија и филм, режисерите само за режија и филм... Тука нема никакви ограничувања, може било кој член на АМПАС да си гласа како сака, па макар и само 1 филм да има изгледано, зашто нормално - не постои жив човек што секоја година ги гледа сите 300, 400, 500+ филма кои излегле. Затоа нема такви барања.

2. Вториот пат откако ќе бидат објавени номинациите, секој член може да гласа во секоја категорија. И до сега се одржуваа screening rooms или специјални проекции на номинираните филмови каде беше задолжително присуството за да може да гласаш во твојата категорија или во категоријата за најдобар филм. Ама, на пример - никој не ти бараше да ги имаш гледано сите кратки анимирани, и ако некој не ги гледал, може да не гласа во таа категорија (ама сигурно имало и такви кои гласале на негледано). Е сега измената е што ќе мора да докажат дека ги гледале сите номинирани филмови, во било која категорија за да може да гласаат во таа категорија. Ќе имало различни voting ballots за секоја поединечна категорија, а не еден за сите. И сеа пример, ако некој актер сака да добие ballot за костимографија, мора да докаже дека ги гледал и тие 5 филма. Значи секој ќе гласа само во оние категории за каде ќе докаже дека ги гледал сите филмови. Вакви правила претходно имаше само за тие 9 категории спомнати подолу со *, сега ќе важи за сите членови на АМПАС и за сите категории.

*Од овие правила беа исклучени оние категории (мислам вкупно 9 се) во кои специјален борд на членови, по специјална покана ги одредуваат номинациите. Тие се оние категории каде се бираат прво кратки листи со 10, 15 или 20 филма, па од нив се бира номинирани. За нив има специјални проекции во посебни кино сали и само членови на Академијата кои се специјално поканети на тие скрининг сесии можеа да гласаат за да се оформат номинациите (подоцна, за гласањето кој да победи, пак, и за нив можеа да гласаат сите).
 
Малку е лошо објаснето и затоа збунувачко за многумина. Вака сега - Академијата гласа два пати:

1. Првиот пат пред објавувањето на номинациите, за да се одредат номинациите. Ама - секоја гранка на Академијата си гласа (предложува) во својата категорија + најдобар филм. Пример - актерите гласаат само за актери и филм, кинематографите само за кинематографија и филм, режисерите само за режија и филм... Тука нема никакви ограничувања, може било кој член на АМПАС да си гласа како сака, па макар и само 1 филм да има изгледано, зашто нормално - не постои жив човек што секоја година ги гледа сите 300, 400, 500+ филма кои излегле. Затоа нема такви барања.

2. Вториот пат откако ќе бидат објавени номинациите, секој член може да гласа во секоја категорија. И до сега се одржуваа screening rooms или специјални проекции на номинираните филмови каде беше задолжително присуството за да може да гласаш во твојата категорија или во категоријата за најдобар филм. Ама, на пример - никој не ти бараше да ги имаш гледано сите кратки анимирани, и ако некој не ги гледал, може да не гласа во таа категорија (ама сигурно имало и такви кои гласале на негледано). Е сега измената е што ќе мора да докажат дека ги гледале сите номинирани филмови, во сите категории, а не само во нивната и категоријата најдобар филм, за воопшто да добијат ливче за гласање. Значи ако некој не гледал еден од кратките документарци, од сега нема да може да гласа за ништо, значи ни за најдобар филм, ни за неговата категорија.

*Од овие правила беа исклучени оние категории (мислам вкупно 9 се) во кои специјален борд на членови, по специјална покана ги одредуваат номинациите. Тие се оние категории каде се бираат прво кратки листи со 10, 15 или 20 филма, па од нив се бира номинирани. За нив има специјални проекции во посебни кино сали и само членови на Академијата кои се специјално поканети на тие скрининг сесии можеа да гласаат за да се оформат номинациите (подоцна, за гласањето кој да победи, пак, и за нив можеа да гласаат сите).

Со изменава мислам дека нема да се смени многу во тие главните категории, ама и тоа како ќе се смени во незначајните, како костимографија, монтажа, звук... на пример, каде ќе се зголеми бројот на гласачи, зашто сега секој член ќе мора да ги гледа и тие филмови за да може да гласа воопшто.

P.S. Сега ги читав одново правилата и испадна дека и јас не сум ги разбрал. Значи ќе имало различни voting ballots за секоја поединечна категорија, а не еден за сите. И сеа пример, ако некој актер сака да добие ballot за костимографија, мора да докаже дека ги гледал и тие 5 филма. Значи секој ќе гласа само во оние категории за каде ќе докаже дека ги гледал сите филмови. Со други зборови, она што претходно важеше само за тие 9 категории спомнати погоре со *, сега ќе важи за сите членови на АМПАС и за сите категории.
Pa mozese mesto P.S. da go smenis celo mislenje, se iznacitav bezveze :icon_mrgr:
 
Pa mozese mesto P.S. da go smenis celo mislenje, se iznacitav bezveze :icon_mrgr:
Ете, сменив. :P Sorry.

Плус ќе има уште 2 измени догодина. Едната е воведување нова категорија - Оскар за кастинг, за прв пат во историјата. За неа има посебни правила, ќе има интервјуа со кастинг директорите на кои истите ќе ги објаснуваат кастинг процесите за филмот на кој работеле и тоа ќе биде оценувано од страна на посебно жири.
 
Ова со Оскар за кастинг е баш безвезе. Што е следно, Оскар за луѓето што ги транспортирале глумците на сет или за клаперот што означува старт на снимање на сцена? :D
 
кој ќе признае дека неколку души го одбиле за да дојде до кастот? Многу глупаво реално. Некои од најлегендарните улоги испаднале токму зошто некому не му се свиѓала улогата и друг актер улетал у комбинација.
 
Со Оскари не се замарам одкога Интерстелар не беше номиниран за најдобар филм во 2014.

2006/2007 е можеби последен пат што имало филмови вредни за Оскар. Другото е се просечни филмови и нели јебига мора да избереш најдобар за таа година...
 
кој ќе признае дека неколку души го одбиле за да дојде до кастот? Многу глупаво реално. Некои од најлегендарните улоги испаднале токму зошто некому не му се свиѓала улогата и друг актер улетал у комбинација.
Оскарот ќе се доделува на кастинг директорите за процесот со кој ги избрале актерите за X филм, а не на актерот. Што има актерот да признава? И каква врска има кого го одбиле, кого го примиле?
Ова со Оскар за кастинг е баш безвезе. Што е следно, Оскар за луѓето што ги транспортирале глумците на сет или за клаперот што означува старт на снимање на сцена? :D
Следно: stunt performer. Они веќе повеќе од деценија лобираат да добијат свој Оскар, ама од Академијата упорно се игнорирани.
 
Оскарот ќе се доделува на кастинг директорите за процесот со кој ги избрале актерите за X филм, а на на актерот. Што има актерот да признава? И каква врска има кого го одбиле, кого го примиле?

па не се бираат актери секогаш. Сигурно некои етаблирани актери не идат со спремен текст да глумат пред некого. Него чекаат позив од нивните менаџери дека се одбрани. Најголемите улоги сигурно се најчесто договорени кој ќе биде. Тарантино конкретно имаше дека им вртел на омилените глумци и им ги нудел улогите. Ако го одбие некој иде на друг. Каков каст какви бакрачи.
 
па не се бираат актери секогаш. Сигурно некои етаблирани актери не идат со спремен текст да глумат пред некого. Него чекаат позив од нивните менаџери дека се одбрани.
Каква врска има тоа со категоријава, не те разбирам? Значи филм влегува во пред-продукција. Се распишува конкурс. Кастинг директорот ги повикува актерите на аудиција и на истата бира актери за филмот. Тоа се почетната и крајната точка што специјално жири ќе го оценува: аудициите. Процесот со кој кастинг директорот бира актери. А не тоа кои актери се одбрани и дали се етаблирани или не.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom