Гледам и читам редовно, ама искрено никогаш не сум имал таква одбивност да го гледам Вардар како сега.. Иако клубот бил и во полоши ситуации и моменти.
Ситуацијата и атмосферата што ја направи и сеуште на големо ја прави Миленко за да може да си работи(читај да си мести и краде, друго и не знае за жал) без да му сметаме иде само на шетета на Вардар и секако секој со здрав разум знае каде е проблемот, Комити биле и ќе бидат секогаш тука, тие како Миленко ќе доаѓаат и ќе си идат, обично сите тие оставија само дамки.
Жално е што ниту еден спортски медиум не напиша една статија за случувањата во Вардар, бидејќи и тие самонаречени спортски новинари се платени и пишуваат само кога интересите се во нивна полза.
Жално, да имаш клуб како Вардар, такви навивачи и атмосфера и сето тоа да го уништиш, само за лична профитерска корист.. по наредба од партија која доби највеќе од таа атмосфера во Вардар изминатите години, наместо да ја потикнете македонштината, која ве донесе на власт, тоа што некој усепа да направи таква приказна вие брзате што побрзо да ја згаснете, затоа што таа приказна ве плаши, како што ве плашат силни Пелистер, Победа, Тетекс и Беласица, од трибините на тие клубови ќе излезат момци што ќе пркосат што ќе бидат чесни но и бробени што знаат што е љубов и другарство.. а вас тоа највеќе ви смета.
Али за брзо ќе се крене земјава пак на протести никој злоделата не ви ги заборавил.
Ќе одговарате и меѓу себе ќе почнете да се јадете!
А тебе Миленко, бидеќи знам дека те боли и редново читаш се за тебе, да ти кажам, ќе ти дојде крајот и на тебе и на таквите како тебе.
Како вели старата мудра македонска изрека, копаш гроб за друг, самиот во него ќе паднеш.
А за Вардар, за Комити и сите вардарци, ова нека ни биде памет и потик за поголема сплотеност и мотив, за Вардар - клуб на народот!