Добар ден на сите,
Би сакал да се заблагодарам на сите оние коишто имаат споделено лични искуства и насоки како ги завршиле постапките за вадење на БГ документи и овде ќе се обидам само да ги дополнам со нови информации.
Јас се водев по овие насоки
https://forum.kajgana.com/threads/Бугарско-државјанство-процедура-и-потребна-документација.110035/page-1203#post-9492309
Указ имавме земено од конзулатот во Битола и со самото подигнување на указот-државјанството поднесовме документи за адреса (Леге 6). "Писмото" за адресата стасува за отприлика 2-3месеци оти го праќаат по дипломатска пошта.
За да бидеме сигурни дека е стасано “писмото” преку дипломатската пошта замоливме за информација од пријател кој што беше отиден во општина Средец. За да може ова да се провери потребно е да имате пред вас пасош и указ или истите да му ги дадете на некој што оди во општина Средец да ви провери или пак да пробате да се јавите на бројот во општината, јас сакав да бидам сигурен и затоа се одлучив лично некој да провери.
Ние бевме во понеделникот во општината и можам да Ви кажам дека процедурата не е сменета од тоа што го има објаснето Altair во линкот погоре освен тоа што не ковид и не Ви треба превод, легализација и заверка на изводи, што значи дека може да се заврши работа со интернационален извод на родени и за тие што се венчани интернационален извод на венчани, тие што имаат деца можат да си извадат и за децата (овде не ги бараат) но за понатаму ќе Ви требаат.
Изводите може да ги нарачате online на https://e-portal.uvmk.gov.mk/ и да си ги подигнете од матичното во Вашиот град, цената е 164денари по извод.

Од сите документи кои беа потребни носевме по 5 копии, пасош, указ, изводи оригинал и копии, Формулјар: Адресна карта за настојашт адрес и Формулјар: Зајавление за постојанен адрес 2 потполнети (по упатсвата на Altair) и уште 3 испечатени спремни за секој случај да не сме згрешиле нешто во пополнувањето. Формулариве можат и таму да Ви ги дадат но стварно ќе си олесните ако ги имате веќе пополнето.
Доколку пријавувате адреса Ви требаат 2 слики (ние си носевме за секој случај иако веќе имавме поднесено за адреса во конзулатот во Битола)
На првиот кат во општината одите на шалтерите десно и си пријавувате за што сте, зависно од тоа службеничките ќе Ви објаснат што е потребно да се направи и што треба да имате од документи.
Ние бевме спремни со се и само ни провери по указите дали ни се стасани документите од конзулатот во Битола, откога ги најде ни даде да пополниме Личен регистрационен картон во кој што пополнувате податоци од вашите мајка, татко, брат, сестра, деца со име презиме како што се пишува на бугарски и нивните дати на раѓање, ваши лични информации и датум на раѓање на местата каде што пишува ЕГН, а ако некој од наведените има ЕГН го пишувате нивното ЕГН.
Службеничката се убаво објаснува и ова може да се пополни во една просторија одма до шалтерите по 2-3скали и Ви препорачувам тоа да го направите таму особено ако сте повеќе луѓе за да не правите гужва оти ако настане гужва тогаш може и да не завршите работа.
Откога ќе го пополните картонот, одите да платите на каса 30лева за ЕГН во готово. Уплатницата заедно со другите документи и ги давате на службеничката она ги проверува пак и ги сортира и средува (да бидат по 2копии) и Ви ги предава да ги подадете на шалтерот од другата страна во ДЕЛОВОДСТВО и Ви кажува за колку време ќе бидат готови. Нас ни рекоа за 14-20дена, пробавме да прашаме дали може за побрзо ни рекоа дека не може, ваљда тука за побрзо завршуваат работа тие што се посредници ама нас не ни се брза и сакаме да ја завршиме процедурата по нормален пат.
Трошоците што ги плативме беа следниве :
2 х 164денари за интернационални изводи
30 лева за ЕГН
6 лева за паркинг 3часа пред хотелот Рила
8Еур Винетка
Гориво до Софија и назад
Копии од документите сам си направив така да не платив за тоа
Доколку некој има некое прашање слободно нека пише, што можам ќе споделам како искуство.
Со самото подигнување на ЕГН сликањето за лична карта и пасош може да биде или во некое МВР во Софија или во амбасада во Скопје и конзулат во Битола. На кој како му одговара така.
Кога ќе одиме за подигнување на ЕГН и сликање пак ќе споделам информации.
Такси (цени) за пасош во Бугарија :
https://iisda.government.bg/adm_services/services/service_provision/22991

Такси (цени) за лична карта во Бугарија:

Такси (цени) за лична карта во Амбасада Скопје или Конзулат Битола :
https://e-services.mfa.bg/Application

Се надевам дека успеав да Ви доловам дел од процедурите и трошоците кои се далеку помали ако сами си завршувате работа.