Да се пофалам, купив карти за Ролан Гарос. По малку сум разочаран, бидејќи планот беше да земам за двете машки полуфиналиња (по 2 карти) ама кога дојдов на ред ги даваше како недостапни, а имаш 15 минути да селектираш, па земав дневна и ноќна карта за првиот четвртфинален ден. Фактички треба да гледам 2 машки и 2 женски 1/4 финалиња. Бар да ми се посреќи Новак да стигне до таму и да биде тој ден на терен.

Иначе само што купив, одам пак кај картите и овој пат беа достапни и двете машки 1/2 финалиња, ама лимитот ми беше веќе исполнет за жал.