Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.292
- Поени од реакции
- 26.685
Благодарам и на двајцата за корисните информации.![]()
Њама на какво момчета,
един народ в две држави,
Б'лгарија на три морета.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Благодарам и на двајцата за корисните информации.![]()
Контактирав со издавачот и не е проблем да испрака книги во странство.
Бидејќи цената не зависи од количината, сакам да порачам уште 2 книги.
Препораки за добри македонски писатели и романи. Но, навистина добри, иновативни и нестандардни.
Таканаречените „класици“ не ми се интересни.
Досега имам прочитано само една македонска книга -Резервен живот на Димковска.
Благодарам
Не сум го читал јас романот иако исто, одамна го меркам, ама ги имам гледано и филмот, и серијата, и особено серијата многу ми се допадна.Ја има ли некој читано “Стапица 22” од Џозеф Хелер? Јас ја почнав скоро ама некако никако да ми легне. Многу имиња, неповрзани случувања..
Знам дека е високо ценета книга па сакам да и дадам шанса.
Контактирав со издавачот и не е проблем да испрака книги во странство.
Бидејќи цената не зависи од количината, сакам да порачам уште 2 книги.
Препораки за добри македонски писатели и романи. Но, навистина добри, иновативни и нестандардни.
Таканаречените „класици“ не ми се интересни.
Досега имам прочитано само една македонска книга -Резервен живот на Димковска.
Благодарам
Преведувач е Душко Крстевски, кој е одличен познавач на бугарскиот јазик и кој веќе има многу преводи зад себе.
Прегледај го приврзокот 441768
Си ја средував библиотеката, по којзнае кој пат и сфатив дека веќе нема каде игла да ставам. Повеќето книги и ми се сокриени една позади друга. Некој ако има контакт од човек кој изработува убави библиотекари, нека ме упати. Моите се од Икеа и веќе изгледаат при крај со рокот на употреба. И слики за пример се добредојдени.
Почнав, имаше опција на Cobiss таква, ама премногу работа ми се виде, и се откажав.
Ги имаш организирано изданија, прочитани, рејтинг итн онлајн?
Било што од Албахари, особено расказите. Сум ги наоѓал најчесто кај препродавачите на фејсбук ама мислам дека и во книжарници како Или-или има нешто од Албахари. Мислам дека и Темплум го има преведено (треба да проверам).Пишав во другата тема дека сум мнооогу слаб кога станува збор за современата литература од Ex Yu државите. Броев на Goodreads, имав прочитано само 2 (со букви: две) книги од автори од Ex Yu просторите, кои не се Андриќ, Ќопиќ, Селимовиќ, Станковиќ... Затоа одлучив годинава да се посветам малку на нив. Си направив некоја кратка листа од се што би требало да се прочита, на неа се Јерговиќ, Фериќ, Новак, Баретиќ, Арсенијевиќ, Војновиќ, Спахиќ, Петровиќ, Велмар-Јанковиќ, Павиќ, Киш, Албахари... Буквално од сите држави има: од Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна, Словенија. Дел од нив ги имам, дел ќе треба да се најдат. Дел се преведени на македонски, остатокот - не знам како ќе успеам да ги најдам. Ќе се потрудам.
Ако има некој некоја препорака за писание што морам да го прочитам од овие простори, кажувајте.
Го има, да, во Темплум е преведен, неодамна реиздадоа една збирка кратки раскази.Било што од Албахари, особено расказите. Сум ги наоѓал најчесто кај препродавачите на фејсбук ама мислам дека и во книжарници како Или-или има нешто од Албахари. Мислам дека и Темплум го има преведено (треба да проверам).
Пишав во другата тема дека сум мнооогу слаб кога станува збор за современата литература од Ex Yu државите...
Ако има некој некоја препорака за писание што морам да го прочитам од овие простори, кажувајте.