@macka12345 , јас колку што знам, објектот си постоел уште пред да стане дискотека Пулс. Претходно бил магацин за теписи или не знам што, сеедно е. Муабетот ми е: азбестот не го ставил никој од сега, туку кога се градел објектот, а тоа можеби било во титова Југославија, којзнае. Азбестот порано беше широко употребуван градежен материјал. Секоја втора куќа, особено по селата и ден денес стои покриена со азбестни табли. Причина: ем беше далеку поевтин, поотпорен, и полесен од керамидите, ем беше со огноотпорни својства и летно време држи ладно, па затоа на времето се сметаше како најидеален за покривање на куќите и зградите. Не само тоа, туку и водоводните цевки беа азбестни, скоро секаде. Тогаш никој не знаеше дека е канцероген материјал. Значи азбестниот покрив е направен којзнае од кога, не од сега. Не е крив сопственикот на дискотеката за тоа, крива е државата што се уште нема регулатива за итна замена на азбетните кровови насекаде низ државата. Јас колку што знам, се уште постојат и места каде водоводните цевки се азбестни и никој нема на ум да ги замени.