Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
15 јули 2007
Мислења
16.156
Поени од реакции
8.451
Може има одговорено поназад..Како е ситуацијатана Панчо Днк?
Пишав овде дека негде прочитав изјава на Тијана Дапчевиќ, Панчо се опоравувал. Во Систина е.

Нејзе од кого и е информацијава не знам.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.987
Поени од реакции
18.277
Толку од „западните вредности„

Само 15 пациенти се преземени од Австрија, Белгија и Шведска (најразвиени ЕУ држави) 39 пациенти од земји надвор од ЕУ (Србија и Турција) и 39 пациенти од вториот ешалон на ЕУ држави (Бугарија, Грција, Полска, Хрватска, Словенија и Литванија)

Велика Британија, Германија, Франција, само прогласените лидери на ЕУ - штурци.
Британија како прво не е дел од ЕУ и како друго прати лекари во Македонија. А и што кажа Камбек, престанете со глупостиве кој каде и колку пациенти примил, дај Боже тука да застане со транспорт на пациентите.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.879
Поени од реакции
12.330
Не е проблем дали апси или не Панче. Вториот дел доаѓа кога притворените ке дојдат кај обвинителството, а таму треба чистка од корен. Џабе што ги апси полиција, ако овие добиваат 6 месеци затвор за убиство заради претекнување на полна линија. Двете мора 100% да си ја завршат својата работа за да има напредок.
Па токму тоа е најголемиот проблем во држава, јавното обвинителство и судството, особено судството. Тие се најкорумпираниот слој во државата, а истите не се должи на никаков притисок, на никаква промена. Истите луѓе се вртат 30 години во судството, се менувале премиери, претседатели, градоначалници, а на овие влакно не им фали. Најголем непотизам има во судството кои се резултат на серија контроверзни одлуки кои допридонеле да криминалот во државава не се казнува. Никаков притисок се нема извршено врз нив, иако истото има доверба од 2%.

Ако треба протести во наредниов период таму треба да се насочат, за првпат после 30 години да се изврши притисок врз нив.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.754
Поени од реакции
27.807
ама мене не ми е јасно зошто толку години работење не го средиле од надвор подобро кров, фасада и останато што е потребно?
Жал ми е што не ти е јасно.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.919
Поени од реакции
22.039
Еве појдовна точка, да се постави услов секаде каде има салонит талбли (азбестен кров) да се променат во најкраток можен рок, школи, училишта, станбени згради итн. општините наместо да финансираат глупости може да се фокусираат периодов на сите јавни објекти, станбени згради итн да ги задолжат одговорните лица, управителите да поднесат детален извештај за статусот на објектите како на пример против-пожарна опрема, хидранти, тип на кров итн.
Ми смета и законот за легализација, со кој се дозволува секакви шупи да стекнат правен статус и да добијат имотен лист за легална градба ... тоа не треба да постои !!!
Исто што ми смета конкретно пошто живеам во Скопје, има одредени градби кои се пред рушење (пример зградата од десна страна на кеј пред да свртите за накај ЕАСТ ГАТЕ ... кој и да е сопственик да се задложи градбата да ја отстрани во најкраток можен рок, истата претставува општа опасност по животите на граѓаните. (а има многу вакви објекти низ Скопје). Кој не постапува, парична казна, отстранување на објектот од страна на државата и сметката за остранување доставена на сопственикот со вредност х 10 !!!
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.450
Поени од реакции
5.560

Е за ова се бориме.

Ја не викам дека сегашниве се цвеќе за мирисање. Како партија ја урнисувале државава во минатото, криминали од невидени размери.
Меѓутоа сега се под огромен јавен притисок се трудат од петни жили да преземат некој мерки и нештото ако ништо друго треба да се евалуира и цени.

Коруптивниот систем во државава е всаден со децении наназад.

Што утре ако падне зграда од 7 спрата за која е издадена дозвола за градба од само 4 спрата. Погинат 40-50 души во урнатините? Кога се креирал тој проблем? Вчера? ВМРО е крив? СДСМ? Или ДУИ? И ДПА? Пред 10 години? Или пред 30? Ќе ги листаме сите дозволи за градба од 1991 година до денес? На илјадници згради?
Сите се криви!

Колку штетна храна се увезува во државава со потплатени инспектори и царинарници? Утре кога ќе фатите рак на 50год и ќе се прашувате дали било до начинот на живот или наследен фактор а во суштина државата ве убивала тивко и полека и ви одземала добри 20год од Вас. Наместо да се радувате на свадби и матури на вашите деца вие ќе скапете во нефункционална Онкологија затоа што некој се богател врз вашиот живот.
Сега притворениот Ратко Капушевски ви кажа како функционирал и дека за него Солун е втор дом а Скопје е канцерогено дувло. Штета што тоа не ве погодува толку затоа што е пасивно и индиректно. Исто како пушење цигари. Од нешто мора да се умре... Во случајов од Македонија.

Мене ми е апсурдно што:
СДСМ се дистанцира како партија и е умерена во сите свои ставови. Зошто затоа што е криминогено дувло и си ја има мувата на капата.
ДУИ чии миленик на Ахмети пуленчето од Кичево, Крешник Бекетеши е в затвор. При секој друг случај ќе имавме 3000 запалени националистички глави кои ќе повикуваа на војна и ќе палеа контејнери, a сега се мукла ќутат ко пички.
ВМРО имајќи го товарот на власта се труди да испадне што е можно почисти во нештово зошто народ може да им се деси.

Само народот е наелектризиран и секој си тера со своите ситни политички интереси. ВМРО да си оделе од власт, СДСМ да се врател, СДСМ бил корумпиран на Левица да сме им даделе шанса никогаш не биле на власт.
Све до 5то колено да се поапсело да дошле нови дечки. Чекате бе?! Кој се бе тие новите дечки? 34 години ги чекаме стабилни да дојдат да ја водат државава ниеден не му се погодил на народов. Од кај да ги истргаме? Од улица? Секој еден политички инволвиран во државава има некакво сиво минато. Нема од целофан отворени политичари.

И крај краева, народот ја ствара државата. Каков народ, таква држава.

Еве зошто никој не ја поздрави брзата реакција на државава со транспортот на пациентиве?
Пренос на 100 пациенти во 20 Европски држави захтева огромно логистичко планирање и распределување. Нештото се изврши во најбрз рок. Се разбира потпомогнато од сите држави. Обезбедени услови за родителите и најблиските.
Се активира цел Балкан и Европска Унија поучени од трагедијата во клубот Колектив во Романија 2013год. каде половина од хоспитализираните им умреа поради несоодветен третман во романските болници.

За крај за тие што ќе коментираат партиско ботче пуштено да ги брани ВМРО
Не викам да ги браните овие што сега седат по владеачкиве гарнитури, критика и притисок до максимум! Ама да не ја урнисуваме државава кога веќе некој се дрзна да воведува каков таков ред.
Во наредниов период очекувам протести и пад на оваа Влада. Барање за предвремени избори заедно со локалните и повторно доаѓање на СДСМ на власт.
Е така. Каков народ, таква држава.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.861
Поени од реакции
17.829

Не знам дали ова требаше денес и колку е вистина ама се надевам добар дел од овие ќе легнат.
 
Член од
14 август 2020
Мислења
231
Поени од реакции
553
Вакви тазе доктори-инфлуенсери што праат сензациски наслови без да размислат каков импакт може да има насловов на тие деца што биле таму,како малце да им беше тоа што преживеааа па сега и овакви да читаааат.Имале црна прогноза....па Имал ли пациент со Азбетозис или мезотелиом па од искуство да се расфрла со вакви наслови од кој може да напраи психичка штета кај децава што беа внатре.Од кај знае он колку степени додтигнал пожарот?од кај знае дали дошло до топење на азбестните табли.Па тие се најцврстата форма на градежен материјал и не согорувааат при кратки пожари.Опасноста од нив е состојба наречена Азбестозис и ја имаат мајстори што работеле,сечеле,вдишувале честички од истиот во текот на работниот век поради не носење заштитна опрема.Имаше и научно испитување го заборавив бројот ама на 30 години работа со азбест на 1000 луѓе 1 ќе се разболи.Во моментов најмала грижа на повредените им е оваа а насловиве прават само да ги загрижува сите што биле таму.Да има некоја опасност пулмолозите одма ќе реагираа.А најтрагично е што огромен процент од водоводните цефки во државава не снабдуваат со вода баш од азбестни цефки и за тоа никој не збори.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
386
Поени од реакции
2.175
ДНК во дисково имале повеќе пати настап. Го гледам профилот на Инстаграм на дисково и во 2019 имале настап.
Панчо пуштал музика и во декември 2019 гостувал мислам со србинката Сара Јо.

Низ години настапувале многу диџеи, куп пеачи како Бени, Владо Јаневски, Лозано, Нокаут, Игор Џамбазов. Доста од Србија настапувале Беквалац, Реља, Едита и други.

Од слики дисково внатре изгледало топ ама мене не ми е јасно зошто толку години работење не го средиле од надвор подобро кров, фасада и останато што е потребно?
Многу важна и вредна тема за размислување, не знам како на некого не му текна да го постави ова прашање до сега…
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.347
Поени од реакции
6.731
Погледнав некои од вестите денес и се вознемирив, неможам да замислам како им е на блиските, сочуство до семејствата и лесна им земја на починатите.
На новинарите им посакувам се најлошо
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.179
Поени од реакции
68.672
Ја не знам дали има еден градежен сектор во државата каде што не се подмитува. Керка и на испекторкава излезе на прес да каже дека Мајка и НАВОДНО земала мито, а одбраната на адвокатот се состои од тоа дека тој што го дал митото, имал причина зошто да го нуди, зашто објектот не му бил во граници на пропишаното. Жената фатена во ресторан при предавање на парите, со обележани банкноти. НАВОДНО. 4000е мито. Прво побарала 1500, па и се виделе малку, па качила на 4. Дошла на функција лани во Февруари.

ГРАДЕЖНА ИНСПЕКТОРКА УАПСЕНА ЗА МИТО ОД 4.000 ЕВРА Ги зела обележаните пари во ресторан во Куманово - plusinfo.mk

На нас очајно ни фали Клајд Шелтон, во преносна смисла. Да удри ресет на се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom