Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Мора да се апси и да се расчистува со секоја форма на криминал. Колку и да звучи веќе кажано овој пат нема назад. Ова е последната шанса да направиме држава. Или ќе ја средиме темелно или од ова ќе остане само територија населена со пензионери.
Со право ниеден млад човек нема да сака да живее во држава каде што владее безредие и беззаконие а просперираат дилери рекетари и лихвари.
 
Прегледај го приврзокот 446526


7 лица ќе бидат префлени во Шпанија.

Ниту еден пациент не презеле Германија и Франција!

Толку од „западните вредности„

Само 15 пациенти се преземени од Австрија, Белгија и Шведска (најразвиени ЕУ држави) 39 пациенти од земји надвор од ЕУ (Србија и Турција) и 39 пациенти од вториот ешалон на ЕУ држави (Бугарија, Грција, Полска, Хрватска, Словенија и Литванија)

Велика Британија, Германија, Франција, само прогласените лидери на ЕУ - штурци.
 
Не е проблем дали апси или не Панче. Вториот дел доаѓа кога притворените ке дојдат кај обвинителството, а таму треба чистка од корен. Џабе што ги апси полиција, ако овие добиваат 6 месеци затвор за убиство заради претекнување на полна линија. Двете мора 100% да си ја завршат својата работа за да има напредок.
 
Велика Британија, Германија, Франција, само прогласените лидери на ЕУ - штурци
Низ историјата се покажало многу пати дека Франција била гробар на Македонија и македонското прашање.
 
Толку од „западните вредности„

Само 15 пациенти се преземени од Австрија, Белгија и Шведска (најразвиени ЕУ држави) 39 пациенти од земји надвор од ЕУ (Србија и Турција) и 39 пациенти од вториот ешалон на ЕУ држави (Бугарија, Грција, Полска, Хрватска, Словенија и Литванија)

Велика Британија, Германија, Франција, само прогласените лидери на ЕУ - штурци.

Има и во Италија (4 пациенти), и во Шпанија (мислам 7?)
 
Мислам како да не бев свесен што се случи се до денес...Ова не може да се случи и во најлош кошмар. Општеството да се опорави од ова не може, но дали може да се свести? Тонеме луѓе... И многу се плашам дека се може некако да се изрелативизира. Работиме, апсиме, ќе одговараат... Но, кој ќе одговара за изминатите 35 години, години на колективна општествена траума. Нема година да не се случи нешто катастрофално кое во темел психички колективно не уништува. И првпат чувствувам како ништо повеќе да не е важно..ни партии, ни вести, ни медиуми, ни ставови ни реплики ни контрареплики.. Се е некако монотоно, во мрак..како рамна линија на црниот екран на електрокардиограмот...Ние сме во клиничка смрт..реално е само страдањето.
Жал ми е за децата, за семејствата, за сите оние што страдаат и сите оние што гледаме немо од страна, за моите, нашите, нивните и вашите...Жал ми е за ДНК, бенд кој чудно и необично секогаш бил некаде тука потсвеста и во тивкото потпевнување.
Жал ми е што треба да жалам, кога жалта сама по себе не помага....

Вечен покој, и слава на настраданите...
Господ нека ни даде сила и нека ја чува Македонија од сите нас....
 
Добро шо се фаќате за Британија, Франција и Германија ? Најбитно е да им се помогне на сите највеќе што е можно и да можат да живеат каков таков живот. Траумите секако ќе останат засекогаш. Јас сум благодарен на сите што помогнаа и сите од повредените се на сигурно место и нема уште жртви.
 
Кога ќе се апси Анѓушев и Филипче за јасната од небо одговорност во случајот со тетовската болница?

Додека овие не влезат во ќорка, да не ми глуми ДПНЕ за правда и принципи!
 
Овој потпишува дека локалот ги исполнува условите за лиценца, оттука оди нагоре се до Министерство за економија, каде државен секретар се потпишува и ја одобрува лиценцата.

Засега, цел синџир од најниско ниво (началници и полициски службеници) до државниот секретар на Министерството за економија кој ја потпишал лиценцата (по овластување на министерот) + Бектеши како министер, се уапсени. Ќе видиме колкава вина би имал Бектеши, со оглед на тоа што мислам дека негов потпис не стои на лиценцата, туку само од државниот секретар. Веројатно ни тој не ни знаел што потпишува, бидејќи тие под него му гарантирале дека сè е во ред, иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Кривичната за овие веројатно ќе биде Тешки дела против општата сигурност. За полициските службеници е тоа, би требало и за другиве, но ќе видиме.

Газдата е посебен случај, ќе има тој и други дела натоварени.
Абе не памтел, не знаел што потпишал…
Па не е само да си го прчи во канцеларија треба да се свесни каква одговорност сносат ама фората е што сите лапаат од колачот за послем да се прават у подрум дека биле
 
ДНК во дисково имале повеќе пати настап. Го гледам профилот на Инстаграм на дисково и во 2019 имале настап.
Панчо пуштал музика и во декември 2019 гостувал мислам со србинката Сара Јо.

Низ години настапувале многу диџеи, куп пеачи како Бени, Владо Јаневски, Лозано, Нокаут, Игор Џамбазов. Доста од Србија настапувале Беквалац, Реља, Едита и други.

Од слики дисково внатре изгледало топ ама мене не ми е јасно зошто толку години работење не го средиле од надвор подобро кров, фасада и останато што е потребно?
 
Screenshot 03-20-2025 21.31.41.png

„ по овластување на министерот“, можеби има написмено решение за овластување државниот секретар како потписник!
 
Не е проблем дали апси или не Панче. Вториот дел доаѓа кога притворените ке дојдат кај обвинителството, а таму треба чистка од корен. Џабе што ги апси полиција, ако овие добиваат 6 месеци затвор за убиство заради претекнување на полна линија. Двете мора 100% да си ја завршат својата работа за да има напредок.
Cekaj tek sega ko ke pocnat zdravstveni problemi da im se javuvaat, sto ne ni znaele deka voopsto i gi imale pred da gi pritvorat.
Kakva magnetna, kakvi bakraci, samo pritvor mu e majkata, odma ke naucis od sto se boleduvas.
Voedno tie se tri top rak rani vo republikata. Sudstvo, zdravstvo, skolstvo. Se drugo e metastaza od niv.
 
ДНК во дисково имале повеќе пати настап. Го гледам профилот на Инстаграм на дисково и во 2019 имале настап.
Панчо пуштал музика и во декември 2019 гостувал мислам со србинката Сара Јо.

Низ години настапувале многу диџеи, куп пеачи како Бени, Владо Јаневски, Лозано, Нокаут, Игор Џамбазов. Доста од Србија настапувале Беквалац, Реља, Едита и други.

Од слики дисково внатре изгледало топ ама мене не ми е јасно зошто толку години работење не го средиле од надвор подобро кров, фасада и останато што е потребно?
вчера кажуваа архитекти...проблем мала висина, натерјали запаливи ( акустична изолација ?..) итн...
И да не се запали од пиротехника, може електричен пожар да настане... Некогаш и 2те работи заедно, електричен пожар + пиротехника...
 
Овие ако го продолжат вака синџирот на апсења, пола држава ќе лежи затвор. Секој втор прави криминал, а поголемиот дел не е ни свесен дека прави. Ајде бе наш човек е, ајде бе брат уживај ќе средиме, ајде за нешто ситно на страна, ајде бутниме за побрзо. Од ајде дојдовме до ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom