Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Овие што ваделе луѓе, морало да биде пред да се случи главењето на влезот, зашто има слика од Station како се заглавени на главната врата, да не ја ставам тука денес, шанси нема да поминеш ни за излегување, ни за влез, тоа се луѓе наредени како легнати грисини до врвот на вратата. Тие спасувачите што имале среќа во тој момент да се надвор, се спасиле само заради фактот што веќе немало како пак да се вратат назад. Други, што веќе биле внатре, било кобно. Најмногу од настраданите се тие што биле пред бината.

Рече дека добар дел од девојчиња, разбрале дека има рација внатре во клубот, и се заклучиле во женското WC, без да се свесни дека надвор има пожар, и дека има многу загинати од газење. Едно од девојчињата што е во Солун е згазено со штикла на черепот.

Катастрофа, што да се каже.
Station fire откако почнува пожарот народ почнува да бега и за 1 минута и 30 секунди откако е почнат пожарот веќе се заглавени и неможат да мрднат. За нешто повеќе од 5 минути откако почнува пожарот веќе првото противпожарно возило е пристигнато, но веќе е предоцна . Не е денот за тоа, да оставиме за утре.

Има некој линк кај се донира директно на семејствата? Црвен Крст мислам дека се спори и се пожалија Кочанчани. Некој спомна имало дтрана за директни донации.
 
Најцрниот ден во историјата на Македонија. Мислам дека до пред малку, сè уште не бев свесен (или бев во некој denial) за размерите на овој фатален настан, но додека гледав вести на Сител и ги набројуваа имињата на сите жртви... ми изгледаше како цела вечност. Се голтаат кнедли на големо. И еве, плачам како што го пишувам ова.

Замислете си, како да предаваш во школо и наеднаш да снема 3 паралелки.

Молк. Болка. Тага. Очај. Гнев.

Сигурно и овде, во ова катче на интернетот, има луѓе кои на еден или друг начин се поврзани со жртвите, или најблиските на жртвите. Ви изразувам сочувство. Иако тоа веројатно не ви значи ништо...

Она што сакам да го упатам како еден вид на совет, до сите вие кои треба да останете во контакт со родителите/браќата/сестрите на жртвите. Ве молам, ве преколнувам бидете тука за нив. Иако ќе делува дека нема начин како да ги утешите, ќе мора да трпите. Слушајте, молчете, кажете ако нешто ви се кажува. Колку и да изгледа дека никако не придонесувате, помага. Помага човек да е блиску до нив. Со тек на време, сакале или не сакале, луѓето ќе мора да продолжат со својот нормален живот. Бидете повторно тука за нив.

Душата се лечи кога си меѓу деца. Они сега ги немаат. Пробајте некако да им однесете дечиња во нивна близина, ненаметно. Обидете се да побарате и некоја услуга од нив. Звучи глупаво но, луѓето сакаат кога се потребни за нешто. Ако познавате некој столар, многу љубезно и внимателно замолете го да ви склопи нешто. Ако познавате електричар, викнете го за некој штекер или нешто... нека не ви биде незгодно. Секако, оваа ствар е индивидуална и сепак треба да ја процените состојбата на човекот.
Како луѓе не сакаме да признаеме но за проблемите за кои нема решение, единственото решение е да не мислиме на нив. Да се дефокусираме. Ама сакаме тоа да биде спонтано и ненаметнато. Вие ќе мора да се обидете да го сторите тоа за нив, да им помогнете.

Многу ми е драго за сите префрлени пациенти надвор од државава. Уште во првите неколку саати откако се дозна за трагедијата (упорно сакам да го сменам зборов затоа што не е доволен ама тоа е) на интернет на сите им се вратија флешови од Романија. И повеќето совети беа да не се прави Романската грешка и што повеќе пациенти да се пратат во соседни држави. Добро е што барем тоа го научивме. Искрени пораки за побрзо заздравување на сите повредени.

P.S. Дали сум единствен на кој ПРЕМНОГУ му пречат A.I. фотографиите што се вртат по социјалните мрежи? Како од некоја глупава видео игра, како Walking Dead изгледаат. Одвратно ми е.
P.P.S. Вчера ги чув огнометите, си реков ајде на некој му се родило дете, мада и тоа шо знам... тоа копуци да ти славеле полнолетност. Би ги струпал у затвор, РЕАЛНО.

Не одвоив време да го изразам револтот за корупцијата, за газдата и „иам човек ќе средам“ и тие „човеци“ што средувале... најблаго речено би сакал да умрат доживотен затвор
 
Првиот ден кажуваа дека он нема одговорност, вториот ден не е крив но ке си даде морална оставка, третиот ден контрола у општина.. И денес конечно притвор! Во никој случај притисокот на народот не треба да запре..
 
Првиот ден кажуваа дека он нема одговорност, вториот ден не е крив но ке си даде морална оставка, третиот ден контрола у општина.. И денес конечно притвор! Во никој случај притисокот на народот не треба да запре..
Така е!!!
Притисок додека не падне оваа корумпирана власт.
Да живее Северна Македонија и слободарска СДСМ
 

И се надевам нема да застанат тука.
 
Првиот ден кажуваа дека он нема одговорност, вториот ден не е крив но ке си даде морална оставка, третиот ден контрола у општина.. И денес конечно притвор! Во никој случај притисокот на народот не треба да запре..
Тоа што е приведен не значи ништо ако не докажат вина, може е викнат на информативен разговор. Бидејќи баш читав градоначалнилот до 2017 што бил, исто ВМРО не му давал лиценца, и он е меѓу приведените.
 
Првиот ден кажуваа дека он нема одговорност, вториот ден не е крив но ке си даде морална оставка, третиот ден контрола у општина.. И денес конечно притвор! Во никој случај притисокот на народот не треба да запре..

Друже , има нешто што се вика истрага, мора да има цврста основа за некој да биде пикнат во притвор, не е ова Северна Кореа.
 
Така е!!!
Притисок додека не падне оваа корумпирана власт.
Да живее Северна Македонија и слободарска СДСМ
СДСМ за модуларна треба да ги испоапсат уште вечерва. Почнувајки од претседникот :)
Автоматски споено мислење:

Друже , има нешто што се вика истрага, мора да има цврста основа за некој да биде пикнат во притвор, не е ова Северна Кореа.
има и тоа логика, но скурчено ни е од чекање странски експертизи и неказнивост...
 
ВМРО , СДС , ДУИ , ние самите какви што сме, браќата , калето сите се 30 години ГРОБАРИ НА МАКЕДОНИЈА а сега и буквално. За секое одселено и починато дете во оваа мизерија од држава и општество се молам на господ на било каков начин да врати на секој политичар и функционер што постоел во оваа вукојебина !!!!!
Не гледам никаков начин за рестарт во ова дно и нешто да се промени некогаш.
Треба следниов период цел револт и гнев да се истури врз све што мрда по партииве и ајт у пичку матер и држава и се.Пна муслиманине што го прават е мала маца за тоа што е потребно тука за да се свати што е свето и како треба !!!
 
СДСМ за модуларна треба да ги испоапсат уште вечерва. Почнувајки од претседникот :)
Автоматски споено мислење:


има и тоа логика, но скурчено ни е од чекање странски експертизи и неказнивост...
СДС треба да ги уапсат за Модуларната Болница на Чоко Анѓушев (14 жртви), Дурмо Турс (16 жртви), Автобусот што се самозапали во Бугарија (45 жртви) .... попатно за палењето на Фабрика Треска каде во меѓувреме никнаа зградите (изгореа тон салонитни канцерогени плочи), само-запалувањето на Универзална Сала, удирањето од пајакот и фалш пасошите итн. Прв што ми текнува дека треба да скапува е Оливер, тоа човече е родено како за во Идризово, а со него и лопужата Венко Филипче на кој му изумреа еден куп луѓе при ковид кризата (а кој калкулираше со набавки на респиратори и медицинска опрема).

Инаку Тијана објави статус за Панчо дека е надвор од животна опасност и дека се опоравува. Му посакувам што побрзо да заздрави од повредите и да се врати дома кај семејството. Господ да е со сите повредени !!!!
 
Последно уредено:


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Не е муабет соодветен за денес, ама ако веќе апси началници и командири кои(веројатно) самиот ги поставил, логично е и Тошковски да си понесе одговорност .

Би се согласил со тебе ама забораваш дека дури не дојде Панче во МВР пола држава не можеше да добие лични документи.

Поапси кримоси во Арачиново додека неговиот претходник јадеше ифтари со истите криминалци.

И да не редам. Досега уапси еден куп одговорни и што е најважно партиски луѓе од високи позиции, па ни на сон не би виделе екс министер од ДУИ со лисици на раце да биде спроведен, еве сега читам и 3 градоначалници се во притвор.

Се надевам за сите нас еднаш засекогаш ќе има промени и луѓе од било која партија што се на било каков начин одговорни или биле платени за да го спроведуваат законот ќе завршат доживотно зад решетки. Зборуваме за скоро 60 луѓе.
 
За првпат имам трошка оптимизам дека нешто ќе се смени во државава. Но истовремено и се плашам, многу се плашам да не се разочарам повторно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom