Исчезнати лица

Mundell

тој со бројките
Член од
24 септември 2014
Мислења
624
Поени од реакции
1.061
А како треба да се добиваат информации, на вечера да не треба ги однесат? Прекршени се од ќотек затоа што полиција и обвинителство имале доказен материјал кој деновиве се изнесе во јавност. Дај опрајте се, никој не собира рандом човек од улица особено за вакво злодело.
Дали и Палчо е тепан и зошто не?!

Иначе многу е очигледно дека некое старо пријателче од службите му има дадено информација дека настанот оди на големо уште пред да се рашири во јавноста до таа мера.. Истиот тој Палчо, во емисија кај Евтов, кажа дека тој лично го има кренато во воздух штабот на пдп со ракетен минофрлач затоа што му ја запалиле фабриката. Многу е јасно на што е спремен, но за што се свети?!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.703
Поени од реакции
43.677
Што не го менува фактот дека Обвинителството за него не извади ниту еден доказ...
може допрва ќе има нешто. Додека не рече судијата невин, некако тешко ми е да поверувам дека го малтретираат за џабе.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.786
Поени од реакции
60.636
може допрва ќе има нешто. Додека не рече судијата невин, некако тешко ми е да поверувам дека го малтретираат за џабе.
100 пати повторија дека обвинителството заврши со доказите.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.679
Поени од реакции
20.279
Палчо да испадне невин ни под разно не можи, досега со секое рочиште се повеќе виновен испаѓа.
Ама дека нема логика Манев да го крие лицето а од прва го посочи Александар тоа па ич нема логика, ама луѓе под притисок плус тепани, ќе кажат и шо треба и шо не треба
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.786
Поени од реакции
60.636
Ама дека нема логика Манев да го крие лицето а од прва го посочи Александар тоа па ич нема логика, ама луѓе под притисок плус тепани, ќе кажат и шо треба и шо не треба
Зошто нема логика? Таткото го посочил затоа што му била покажана слика и бил тепан за да го посочи. Така тврди. За друго лице да посочи можеби го немаат тепано, потврдил тоа што го прашале.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.764
Поени од реакции
11.944
Маме му ебам па колку и да е фамилијарен исто е соучесник и да не му кажале што е направено треба да стави прст на чело и да размисли, да иде да пријави зашто токи воки и пиштол сигурно не се потребни за на нива
Какви мулиња собрал палчо тоа е чудо
Автоматски споено мислење:

За таткото, обвинителството не изнесе ниту еден доказ. Палчо изјави дека не го познава. Манев исто. Останува уште кешишев и каратистот што ке кажат. Ако и тие ја кажат верзијата дека Вања била киднапирана по грешка и дека требало да киднапираат некоја жена, не гледам како би го вмешале таткото...
Не ми е верни дека палчо не го познавал Александар
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
3.054
Поени од реакции
9.211
Вечер да не го посети Боре џандар на претходна постапка па да го приберат уште ноќва тој новиот.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.679
Поени од реакции
20.279
Зошто нема логика? Таткото го посочил затоа што му била покажана слика и бил тепан за да го посочи. Така тврди. За друго лице да посочи можеби го немаат тепано, потврдил тоа што го прашале.
Па и Александар бил фамилијарен, плус татко на девојчето кое го убиле, и него му го загорчија животот.
Зошто не го кажи неговото име, прашање на време е кога ќе го приведат и тоа лице, ако не е веќе киднато
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.786
Поени од реакции
60.636
Се поставува прашањето, колку послушници имал овој? Го возат по разни држави, му уништуваат оружје и алати употребени во убиство, му готват и му чистат бесплатно... Ако ова не е култ, не знам што е.


Па и Александар бил фамилијарен, плус татко на девојчето кое го убиле, и него му го загорчија животот.
Зошто не го кажи неговото име, прашање на време е кога ќе го приведат и тоа лице, ако не е веќе киднато
Најверојатно затоа што никој не го прашал, или не инсистирал да каже и други лица. Да му покажеле слика или име, како што му покажале за таткото, се ќе кажел. Ама добро е што му се испушти па сега ќе каже или тој или некој од другите двајца.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.503
Поени од реакции
4.489
Вечер да не го посети Боре џандар на претходна постапка па да го приберат уште ноќва тој новиот.
Треба. Некако ми се чини дека е можно баш тој четвртиот да е клучот на мотивот. Сигурен сум дека во истрагата на сите им е поставувано прашањето каде се оружјето, моторолите... и никој не пропеал за тоа четврто лице, па се прашувам дали тоа четврто лице не е некоја опасна ѕверка од која сите се плашат, но сега, соочен со доживотен затвор Манев денес му праќа некоја порака на тоа лице....
Друг момент што ми падна во очи е тоа што Манев кажал дека лопатите, откако Палчо ги очистил со некое средство, ги фрлиле во некој дол на околу 500 метри. Колку што пратам, полицијата ги нема пронајдено алатите, што ме наведува на тоа дека истото Манев не го кажал во истрагата а сигурно бил прашуван. Полицијата ке треба да го прочешла посоченото место... ке има нови моменти.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
3.054
Поени од реакции
9.211
Уште не ми изгледа дека мотивот е пари. Дури и он самиот напоменал дека обвинението е веќе кваливикувано и дека неможе да се збори за тероризам. Викате култ, можам да најдам и у СДС и у ВМРО по 10 будали што се ќе напраат за “лидерите”.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.624
Поени од реакции
5.646
Палчо е тежок психопат чим знае многу работи за Верушевски и Мијалков кои се истото тоа. Во тие кругови бил долго време тоа е факт. Факт е и дека Панче и Вања му биле директна мета , поточно умислата е да се убијат без ни малку одлагање. Оваа причава со поткуп за пари ич нема логика , кога ни малку не чекал за да ги рокне. Сведочењава до сеа даваат све до најмал детал , а некако ништо не кажуваат.

Има заташкувања од обвинителство и некои работи не се кажуваат пораки причини кои они си ги знаат , според мене.
А неговата лудачка прича ќе биде дека е наместен од длабоката држава , а неговите причи по фб и јутуб 1000 луѓе дали ги гледаа дневно.
Се надевам нема да се открие вистинскиот мотив за ова после 50 години од сеа ,за поткуп сигурно не се работи...
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.503
Поени од реакции
4.489
Се поставува прашањето, колку послушници имал овој? Го возат по разни држави, му уништуваат оружје и алати употребени во убиство, му готват и му чистат бесплатно... Ако ова не е култ, не знам што е.



Најверојатно затоа што никој не го прашал, или не инсистирал да каже и други лица. Да му покажеле слика или име, како што му покажале за таткото, се ќе кажел. Ама добро е што му се испушти па сега ќе каже или тој или некој од другите двајца.
Имал ете дури и забеготиња, од комисија за безбедност на десна, задужена да му набави дрон од Иран... Они не се култ, повеќе се Монти Пајтон у некоја негативна, изопачена и мрачна смисла..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom