old_School_mk
Програмер, гејмер, psy-trance уживател
- Член од
- 11 август 2009
- Мислења
- 6.177
- Поени од реакции
- 5.976
Еден куп такви дупки имаме низ државата, ете излезе дека само 12 локали имале лиценца. Многу ми е јасно дека да не се случеше трагедијава сè ќе си тераше по старо, но тоа немаше да го гледам како проблем со државата туку со самите луѓе кои што се навикнати на мито и корупција, локални шерифи кои никој не ги чепка, власт што соработува со нив итн итн...15 години или 3 пати промена на власт имало додека работела оваа дупка без никаква лиценца, а во моментот кога ја имале одобрена е од некој партиски бот без буквално да прочита што потпишува. Знаеш дека ако не се случеше ваква катастрофа никогаш и никој немаше да влези во некој ваков објект да направи проверка, а не па да казни или затвори некој за вакво нешто? Ова ти е последица на партизирано општество, еве имаш чист пример, но за жал со фатални последици.
Инаку со оглед на тоа што не разбраа до Јапонија, ако за тебе е успех да се разрешат 10 инспектори, и уште толку да лежат во затвор, за смрт на 60 детски животи, тогаш нема за што да се разговара.
И на крај, за жал после ова поука повторно нема да има. Ќе трае некој период, ќе затворат една рака луѓе, ќе спласне целата ситуација, и пак ќе си одиме по старо.
Жално но вистинито
За мене до сега е огромен успех што власта се справува многу подобро отколку властите во Романија во 2015та (again, гледај го "Colectiv"). Сè уште е прерано за било каква незадоволство од народот, уште ни децата не се закопани, а веќе има повици за протести и глупости... За што протести? За тие што моментално си ја работат работата да не можат да си ја сработат? Не може преку ноќ сè да се оправи, треба да помине некое време во истраги, прибирање докази, апсења, судења итн итн... Е ако од ова ништо не испадне - тогаш нека се крене народот на нозе. Вака предвреме ништо нема да се постигне.