Како, како да се научи македончето да почитува закони?

Член од
11 октомври 2024
Мислења
510
Поени од реакции
923
Пред 25 -30 години ви (ми) беше чудно што у Кина сечеа глави и ги бесеа на плоштади за корупција ?
Еве ги сега каде се, а еве не нас каде сме.
Кина буквално има една од највисоките стапки на корупција и мито.

Буквално труло друштво замачкано со 30 футуристички градови и 10 приватни компании за електрични возила...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.061
Поени од реакции
38.211
...прво поправи и стави големо М за „Македончето“, второ , ако „Македончето“ не почитува закони што да кажеме за националностите на чело со „Албанчето“, која е смислата да дел од народот почитува закони, а да не важи за другите... или за сите или „општи хаос“.

...инаку многу добро знаеш дека Македонците се питом народ, почитуваат закони и правни и природни, ама овие другите националности најчесто најголем дел од Албанците и Ромите не почитуваат, па Македончето се научи од нив да не почитува!

..така да насловот би бил подобро како Македончето да не потпадне под влијание да не почитува закони и да ги научи овие другите да ги почитуваат!
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.746
Поени од реакции
29.766
Кина буквално има една од највисоките стапки на корупција и мито.

Буквално труло друштво замачкано со 30 футуристички градови и 10 приватни компании за електрични возила...
Mожеби, ама кога им се палат дискотеки, им се рушат згради, излетуваат возови, фаќаат подмитливи... гледам дека летаат глави и тоа у буквална смисла наместо со нашиве педерски ЕУ закони "5 години домашен притвор" .
Автоматски споено мислење:

Македончето се учи да почитува закони само надвор од границите на Македонија.
Затоа што таму нема врски у полиција и општина за да со две ѕвонења да заврши работа.
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
302
Поени од реакции
282
Казно но не донесени од гнев или од кога ќе се случи некоја пиздарија и сериосни но не екстремни.

Дрифтање, 500 евра и 2 недели затвор.

Во рек месец дена 99% од прекршоците ќе ги нема.
 
Член од
11 октомври 2024
Мислења
510
Поени од реакции
923
Mожеби, ама кога им се палат дискотеки, им се рушат згради, излетуваат возови, фаќаат подмитливи... гледам дека летаат глави и тоа у буквална смисла наместо со нашиве педерски ЕУ закони "5 години домашен притвор" .
Автоматски споено мислење:


Затоа што таму нема врски у полиција и општина за да со две ѕвонења да заврши работа.
И пак имаат највисоки стапки на корупција и бирократија и најчесто страдаат тие што најмалку се криви.

Во сите комуњарски друштва сличните на Кина одговорноста се спроведува на последиците, а не на причините кои доведуваат до корупција, бирократија, несреќи итд итд....
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.579
Поени од реакции
10.605
Нема да се научи. Систем што култивира филозофија на снаоѓање, доаѓање до целта по скратени патишта, без труд и компетенции, со фаќање врски и давање мито и се тоа се глорифицира како акт на умешност и е вкоренето како култура на живеење каде што овие девијации се третираат како нормални и посакувани карактерни особини, па дури и неопходни за да се преживее и унапреди сопствениот социоекономски статус, таквиот систем е однапред осуден на пропаст.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.619
Поени од реакции
2.269
Абе какво опресирање, што се утепуваш на рамно.
Во Македонија е срамно да се врзеш со каиш, одма те гледа под веѓа божем си ненормален.
Нити ќе почитуваме, нити ќе се научиме, далеку сме од цивилизација.
Еднаш се дискутираше ова за каишот, и поголем дел од одговорите беа кој кур ке се врзувам, сам си го прифаќам ризикот, нема што државата да се меша и да ме штити.

Е до толку е ограничен просечниот Македонец. Гледа само за себе, а не размислуваат дека некој затвор ке лежи ако го убие зошто немал каиш, а да го имал можел да помине само со полесни повреди.

Како нација сме на самото дно на Европа. А не ни помагаат ни браќата што се за некој промил полоши и од нас.

Sent from my A001LG using Tapatalk
 
Член од
12 март 2009
Мислења
21.094
Поени од реакции
17.318
дурмо скоро беше, не многу одамна. А за поплавата тоа е виша сила. У глобала такви ствари користеа како аргументи да ја оборат власта. И тие несреќи ретко што се дешаваа ги злоупотребуваа. А за нивно време х1000 од тоа се исподеси. И нема оправање за скоро. Мицко сака да го отпушти цел судски совет, но странциве не му даваат пошто корумпираните судии се нивни.
Обиколницата е изградена по лош проект направен за време на Бране кој и ја започна, а бидејќи не сакаа да ја отворат таа тема се санира пак по ИСТИОТ лош проект, таа е како брана , за некоја Наредна таква поплава...кога Груки ја пушти Бране галамеше дека тој ја започнал, а кога стана поплавата на СДС пак Груки им беше крив зошто во Градба не извршил Ревизија на проектот...истото и за Кичево - Охрид , автопат проектиран за време на СДС...
Ако настанат големи поплави од Водно, ќе има и свлечишта и циркуси...Фактот е дека кај нас не се расчистува ниедна работа до крај, се се заташкува , а имаме Дузини Камелеони и Сончогледи. Еве сега до промена на режимот во УСА, нашите Бајденовите се надеваат на атентат , ама ако им фрли некоја коска Трампчо ќе станат најголеми трамповисти.
Да потсетам дека уште пред земјотресот нашето кривосудство за пикна во зандана градежниот инжинер што го проектираше дом на синдикатите поради вградување на по нив премногу арматура, а мува не ги полаза тие што ги проектираа зграда 11 и 13 во Карпош, каде слабите столбови крахираа и изгина многу народ...
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.322
Поени од реакции
5.607
Има ли некој идеја, имаме ли шанса да се натера овој народ да почитува закони?
Нема потреба од никакви идеи...ама затоа има(ш) искуства кои јасно велат дека беззаконието во едно општество/држава е последица на непочитувањето на законите пред се‘ од страна на самите законодавци, кои, во случајот со „нашата земјата„ се мотиватори на коруптивното однесување, па непочитувањето на законите автоматско значи и себечување и себеамнестирање од законите кои важат и за самите законодавци...

Зарем кај нас е непознаница „кој„ и „за колку„ дели и потпишува документи...
Автоматски споено мислење:

Обиколницата е изградена по лош проект направен за време на Бране кој и ја започна, а бидејќи не сакаа да ја отворат таа тема се санира пак по ИСТИОТ лош проект, таа е како брана , за некоја Наредна таква поплава...кога Груки ја пушти Бране галамеше дека тој ја започнал, а кога стана поплавата на СДС пак Груки им беше крив зошто во Градба не извршил Ревизија на проектот...истото и за Кичево - Охрид , автопат проектиран за време на СДС...
Ако настанат големи поплави од Водно, ќе има и свлечишта и циркуси...Фактот е дека кај нас не се расчистува ниедна работа до крај, се се заташкува , а имаме Дузини Камелеони и Сончогледи. Еве сега до промена на режимот во УСА, нашите Бајденовите се надеваат на атентат , ама ако им фрли некоја коска Трампчо ќе станат најголеми трамповисти.
Да потсетам дека уште пред земјотресот нашето кривосудство за пикна во зандана градежниот инжинер што го проектираше дом на синдикатите поради вградување на по нив премногу арматура, а мува не ги полаза тие што ги проектираа зграда 11 и 13 во Карпош, каде слабите столбови крахираа и изгина многу народ...
Полошо нешто од лош проект е кога лошиот проект ќе добие позитивна ревизија...ама и тоа не е проблем, лесно се решава во „нашата земјата„.

Проектите се изработуваат и комплетираат „онака„,колку да ги има, а при нивната реализација се вршат суштински промени...и после, имало поплави...:facepalm:
 
Последно уредено:
Член од
14 февруари 2009
Мислења
504
Поени од реакции
1.721
Не сакав да пишам ништо во темата за пожарот дека цела тема е само монолози и сите се повторуваме во постовите, да бидам искрен. Излезен бев утрото и се вратив кај 3-4, се спремам да го гледам Ливерпул стандард и почнувам да ги отворам порталите што ги читам, иако е недела, некогаш има нешто да се прочита. Гледам неколку луѓе на респиратори, понатаму пожар, па ова, па она... 5 саати не можев да се соземам, читам некоја вест и солзи сами капат.

Инаку на темата:

Пред едно десетина години, се враќав од проект Ерасмус од Полска со автобус. Автобусот не' слезе кај Катланово и продолжи за Грција. Тие што бевме за Мк слеговме и има превоз до хотел Континентал. Бевме 3-4ца и еден дојде да не земи со кола од Скопје. 2-3 часот наутро ова. Во колата имаше еден дечко од Ск женет за Полјакиња и дечкото работеше нешто онлајн. И правевме муабет ова она и тој рече нешто што тогаш не го сфатив многу ама ми остана во меморија и често се сеќавам на кажаното:

- Додека овде (во Мк) не стапне германска чизма, нема да не биде.

Не мислеше на окупација, туку на некој начин да дојде некој со германски менталитет (не денешен германски) и да постави ред.
Некој тука пиша дека Македончето се учи да почитува закони надвор од Мк. Не. Македончето МОРА да ги почитува законите како и сите други надвор од Мк, дека ако не ги почитува, ќе добие казна. Во странство има наметната дисциплина.

Се мислам некогаш кога пратам политика дали е можно да дојдат Азијци да им платиме да ја средат државата. Да ги ставиме на високи позиции, да им платиме добро и да почнат да ја чистат државата. Ако тоа се случи, мислам дека ќе треба да се изгради еден затвор колку пола Скопје.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
21.094
Поени од реакции
17.318
Кога ќе почнат тие на врвот(заедно со овие од кафказ) да почитуваат закони ќе почне и просечното македонче сакало или неќело.
Дали во историјат, не од 91, туку од 45 некој глауч одговарал за било што освен политички прогони ?
Судии и пратеници имаат имунитет за дела под 5г затвор, ама за притвор, а тоа не значи дека не смее да се води постапка и да биде казнет за кршење на законот. Се сеќавам на времето, полуписмен со школо во Кумровец, назначен председател на суд за здружен труд, згази човек во Ѓорче и му се дере на полицаецот дека имал имунитет и не смее да се праи увиѓај. Висок судски функционер кај Магир Мало згази дете, полиција се блокира, не можеше ни да се види нешто а не па постапка...имаше скоро, децата на Буши возеле приватни коли со флешеру а приватните возила биле вакцинирани и од Пајак служба. Шоферо на Аљи беше фатен при рутинска контрола во Ауди со несоодветни регистерски таблици, се се заташка.....
Болката е што и опозиција кога се немаат гајле, Врана Врани очине вади...
 

my_name_is_in_use

¯\_(ツ)_/¯
Член од
12 април 2024
Мислења
109
Поени од реакции
277
Немам намера да навредам или омаловажувам но:
Кога некој отвара тема, важно е да избере јасен, специфичен и привлечен наслов кој точно ја опишува содржината на темата.
македончето = Македончето
Поправете го насловот!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom