Не сакав да пишам ништо во темата за пожарот дека цела тема е само монолози и сите се повторуваме во постовите, да бидам искрен. Излезен бев утрото и се вратив кај 3-4, се спремам да го гледам Ливерпул стандард и почнувам да ги отворам порталите што ги читам, иако е недела, некогаш има нешто да се прочита. Гледам неколку луѓе на респиратори, понатаму пожар, па ова, па она... 5 саати не можев да се соземам, читам некоја вест и солзи сами капат.
Инаку на темата:
Пред едно десетина години, се враќав од проект Ерасмус од Полска со автобус. Автобусот не' слезе кај Катланово и продолжи за Грција. Тие што бевме за Мк слеговме и има превоз до хотел Континентал. Бевме 3-4ца и еден дојде да не земи со кола од Скопје. 2-3 часот наутро ова. Во колата имаше еден дечко од Ск женет за Полјакиња и дечкото работеше нешто онлајн. И правевме муабет ова она и тој рече нешто што тогаш не го сфатив многу ама ми остана во меморија и често се сеќавам на кажаното:
- Додека овде (во Мк) не стапне германска чизма, нема да не биде.
Не мислеше на окупација, туку на некој начин да дојде некој со германски менталитет (не денешен германски) и да постави ред.
Некој тука пиша дека Македончето се учи да почитува закони надвор од Мк. Не. Македончето МОРА да ги почитува законите како и сите други надвор од Мк, дека ако не ги почитува, ќе добие казна. Во странство има наметната дисциплина.
Се мислам некогаш кога пратам политика дали е можно да дојдат Азијци да им платиме да ја средат државата. Да ги ставиме на високи позиции, да им платиме добро и да почнат да ја чистат државата. Ако тоа се случи, мислам дека ќе треба да се изгради еден затвор колку пола Скопје.