И после ова искрено не заслужуваме и не треба да влезиме во Европа. Отвараш социјални медиуми и цел свет збори за нас и нашата трагедија. Наместо да се пишува за позитивни работи, за успешни млади луѓе кои треба да бидат пример за другите во светот, за врвни спортисти, музичари, доктори, математичари, информатичари, научници, итн…ние сме први во црната хроника и сме пример за тоа како не треба да функционираат работите во денешно време. Газа, Либан, Сирија и Македонија на насловните страници. Ајде овие првите се поради надворешен фактор таму, ама ние сами се промовираме на неубав начин. Наместо да славиме за наши млади таленти и уметници, ние расправаме скандали, трагедии, насилства и сами си ја рушиме репутацијата.