Ама тој рекол. Немој, тоа што ти го кажува политичар е да се извади политички. Сите до еден се одговорни за овој објект (ако така може да се нарече). Не знаел советот или градоначалникот мижел ко ќе поминел (тој и уште неколкуте пред него) покрај него, ги затнувал ушите, не гледал плакати. Одговорноста е на оној/оние што раководи со општината, оние што давале дозволи, оние што требало да праат инспекции и оние што се задолжени за редот и мирот во градот.
Случајно иаме сличен проблем со работа на диво во гаражите. Ама врзан со општинарите и полицијата, иако стопати пријавуван па за малку ние ќе завршевме во марица. Се врзува со сите две партии. Прашање на време, пошто неаме ни црева за хидранти ни пп апарати, кога ќе не запали. Еднаш корнеше на гума, пошто се краде и струја.
Така да џабе тераат муабети дека кабелот е виновен, а ти упорно им веруваш.
Соберете се сите. Викнете полиција и телевизија на исто место и време, објавете по сите опозициони весници и портали. Кажете со име и презиме кој ви прави проблеми. Ќе видиш како ќе има ефект голем.
Не можеме ние да знаеме што мислел градоначалникот и советот кога поминувале таму. Се е тоа претпоставка и шибичарски муабети на сезнајковци што се тераат пред коперација.
Сопствениците на дискотеката, според Кочанчани познати дилери и криминалци кои имале дебели врски во претходната власт, имале извадено фалсификат лиценца. Веќе се знае кој им ја дал и за колку пари. Се друго е шпекулација.
За жал Македонија е една од земјите во Европа со убедливо најголем број на дивоградби и надградби, кои траат со децении и децении. Тоа доволно зборува за менталитетот на овој народ овде кој гледа по секоја цена да избегне закон и процедура. Денес истите ги гледам и читам солат памет за корупција и принципи, а доградија и надградија спратови и соби без никаква дозвола и контрола. Утре тие можат да паднат и да побијат луѓе. Плус завршија средно и факултети со врски, а истото го прават и за нивни деца.
Спуштете се на земја. Така функционира овој систем овде. Да не се случеше трагедијава во Кочани уште 5 години ќе си работеше со фалц лиценца и пола Кочани ќе си бараше врски од редари и газдата да ги пушти на задна врата нивните 17 годишни деца да влезат. Не само во Кочани. Така е секаде во Македонија.
Никого не оправдувам, никого не релативизирам. Ова е голема трагедија, но не може некој да бесиме, затоа што ни се допаѓал или не. Утре тој суд и до нас ќе дојде.
Исто треба да се постави прашање од каде толку малолетни деца посебно девојчиња во 3 сат сабајле? Кој води ред за тие деца? Што родители не знаеле дека малолетни деца им ги нема дома и дека не се во диско. Не го знаеле кој е газдата и што лик е?