На денешен ден е убиен Гај Јулиј Цезар, најпознатиот од сите цезари. Смртта му била претскажана од пророк кој му рекол дека ќе умре на мартските иди (средината на март) и на истиот тој ден Гај го сретнал истиот пророк и му рекол дека дошле мартските иди, а тој е уште жив. Дојдоа, ама уште не се завршени му рекол пророкот. Во таа чест се исковани златни и сребрени монети кои на едната страна го имаат ликот на Брут (еден од убијците на Цезар), додека на другата два ножа измеѓу кои стои кече што традиционално се носело тогаш и натписот EID MAR т.е. мартските иди. Тие монети, посебно златните се едни од најретките во светот.
Подоцна во 16 век, Шекспир ја пишува драмата Јулиј Цезар каде што во еулогот Марк Антониј ќе ги каже еден од најпознатите и најцитирани зборови од делата на Шекспир:
Friends, Romans, countrymen, lend me your ears;
I come to bury Caesar, not to praise him.
The evil that men do lives after them;
The good is oft interred with their bones;
Третиот и четвртиот стих во обратен редослед Брус Дикинсон, пејачот на Ајрон Мејден, често ги изговара како вовед во "The Evil That Men Dо" најомилената моја песна од тој бенд, кој имав чест да го гледам 2 пати 2007 и 2009. Првиот пат ме тресеа скроз гол на српска граница иако бев "најнормален" од цел автобус организиран специјално за тој концерт, со кратка коса и пристоен. Мене ме најдоа.
Сите други беа металци со долги мрсни коси и бради и во црно. 14.03.2007, ден пред мартските иди.
Да ми е да знам за кој кур ги знам сите овие работи на памет, а не сум ни историчар, нит нумизматичар, нит археолог, нит музичар, нит литературен критичар... А се почна со тоа што видов на календар дека е 15 март.