Од друга страна, истата општинска багра кочи легални работи... Пример во Охрид, дузини работи не се расчистуваат, објекти во градот каде треба да се исправат некој грешки во документација, ама затоа за вистинските Дивоградби нема проблем...па и Шилегов додека беше, јавно кажа, нема да легализираме грешки во документација на колективни станбени згради, туку само вистински дивоградби на индивидуални инвеститори...т.е. каде што има ПАРИЗа жал мора да се случи некоја катастрофа за сите гомна да испливаат на површина. И најтрагично е што после ова нема апсолутно никаква промена да се случи, ќе испозатворат една рака луѓе, и пак ќе си тераме по старо. Пак лиценци и дозволи ќе се штампаат на тоалет папир, ништо ново.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Држи вода муабетов ако тоа возило тргне едно два саати пред настанот па да стигне на времеУште еден детал, мислам кога оди пожарна треба да оди со нив и компактно но цврсто градежно возило, кое може да избутка возило кое блокира, да урне дел од ѕид за да направи излез и слично...
многу тешка критична кај сите за жалКаква е ситуацијата на останатите повредени? Има ли некои новости?
Како и што можеше да се претпостави. Во почеток никој сериозно не ја сфатил опасноста, што се гледа и по снимките кои беа објавени, После тоа кога станало јасно дека не е заебанција, настанало паника и хаос. Тоа шупата да имала излези како што е пропишано многу верјоатно е дека би се избегнал олкав број на мртви. Катастрофа.Најголем дел од луѓето, 95% се пронајдени на самиот влез едни врз други. Сомнежите, кажа директорката на Болницата во Кочани дека се починати од гушење и стампедо. Неофицијално неколку лица (се збори за бројка до 5) загинале од повреди при урнување на кровот од каде што почнал пожарот.
Ни протести ќе променат нешто, ниту денешниве политичари/систем ќе се смени.Без протести нема напредок на општеството но овде нема кој да ги потегне мала држава скоро секој е на некој начин врзан со политика и од лична корист (себична) нема да направи ништо за општото добро.