Зошто одеднаш стана грев да бараш да работиш од дома, а пред само 1-1.5 години тоа беше дифолт во индустријава.
Нема нешто полошо од RTO.
Според мене:
а) патиме од инстаграмџии и тиктокерчиња што со хехенце хумор, сториња и рилсови претставуваат дека од дома ништо не се работи
б) обично оние што се сопственици на фирми, се и сопственици на real-estate во кои тие фирми работат, а ако не се рента канцеларијата, веројатно и паѓа вредноста.
в) подобро помалце перформантен тим а под контрола, него ли попродуктивен тим кај што нема контрола
г) тивко отпуштање, односно да те натераат сами вработените да си дадат отказ, отколку они да маваат луѓе и да добијат лош публицитет како овој горенаведениов.
д) со ремоут обично еден куп позиции се покажаа како непотребни (middle management поготово), и токму тие се оние што скокаат од радост за враќање во канцеларија
ѓ) copycat синдром, ако FAANG имплементираат RTO, цел свет ги копира
е) микроменаџмент
Не познавам многу луѓе кои станаа попродуктивни или посреќни од канцелариј. Башка рачунај дека со враќање во канцеларија под дифолт губиш 3-4 саати во денот во сообраќај/кафенце/терасица/оговарање и ручеци од 1+ саат. Бонус е што си повеќе изморен.
Капак на се е занемарениот факт што уствари со враќање во канцеларија, платата ти е горе доле помала за 10%, ако си од друг град тука имаш кирија (значи 25% ти е намалена платата), имаш помалце време за фамилијата и за себе, и неминовно ќе доведе до burnout, особено како што се стега обрачот и се зголемува притисокот драстично.
Трошоци за паркинг, трошоци за храна, трошоци за превоз тоа ништо не ти е покриено.
Да не цепидлачам у детали да го сметам и амортизацискиот трошок што го имаш од користење на свое возило, ама ете и тоа ќе го спомнам.
А 99% од фирмите не ги покриваат овие трошоци. Недај боже да го спомнеш ова, ќе те распнат на крст (односно отпуштат).
Ајде кај нас сообраќајот е хаос, на Запад не е нели, ама не е таму ко овде за 15-20 мин си на работа. Додека оние што користат метро се буткаат ко сардини.
Има и некои ситни бенефити, не викам не... ама 95% ова е катастрофален потег и тоа ќе се покаже и на долг рок, само што самобендисаниве его-трип газди тешко дека ќе го сфатат.
Ќе дојдат пак подобри времиња кога тогаш, па ќе се чешаат.
Се враќаш во канцеларија и пак состаноците ги одржуваш на компјутер. Циркузијада.