Justae Verum
Sic Semper Tyrannis
- Член од
- 22 септември 2005
- Мислења
- 2.841
- Поени од реакции
- 3.363
Уопште не ме интересираше политика до 2015та, ама кога ми дојде на данок да плаќам пенали за Оbamacare почнав да следам политика. Ако не се информираш за политиката на државата во која живееш тогаш немаш право на жалба, се што ќе те снајде си го заслужи.Кај можам да се разбирам во дипломатија, тоа е ексклузивно резервирано за македонската дијаспора. Ти си еклатантен пример на дијаспорец кој у све се разбира и од немукает да се уклопи у општеството, си ја пренел македонштината да се замара со политика и да ги знае сите сенатори и гувернери до 10то колено.
Јас сум многу добро вклопен во Американско опшество и обично дискутирам на неколку теми од кои примарната е Политички случувања во САД за која со времето кое го имам посветено на тој субјект сум експерт. Проучување и следење на политика не е замарање за мене, политиката ми е доста интересен субјект.
Автоматски споено мислење:
На папир дирек во Украина 65-120 да, донациите на цела опрема од Европа што е екс-Советски Сојуз се на друг папир.И во случај да под трошоци за Украина се рачунаат и трошоци за префрлање амерички војници, како и да се смета нема ништо од 350 милијарди, има разни шпекулации но цифрите се тие, од 65 до 120 вклучително оружје, опрема, санитет, врски, обука и слично. Интересно би било да се знае зошто Трамп се избаци со таква цифра за време на сударот со Зеленски пред некој ден. Може тоа све да е за внатрешнополитичка цел.
Тие 350 Трамп што ги бара не се кеш, туку се во ретки метали. Тие метали треба да се извадат од земја процесираат и достават до Америка. Тие трошоци Миле Паника ќе ги плати? Плус таа инфраструктура ќе остани на Украина откако ќе се исполни долгот, нема да ја кренат на багери.
Крај краева добар преговорач започнува со висока цена, не со ниска. Почетна е 350, Зељо може да преговара наместо да прави тантрум како мапет бебе.
Автоматски споено мислење:
Со Кина ќе биде интересно. Тие се спремаа да влезат во Америка со колите нивни, огромни произведствени погони почнаа да градат во Мексико а сега со тарифите отидоа плановите.Никој не напиша дека кинезиве одговорија доста сериозно без виткање кичма на тарифиве од Сад и заканите од Трамп.
Дури и МНР им излезе со изјава дека се спремни на било каквс војна економска, трговска и тн. Не дава Мнр таква изјава без амин од Пекинг.
Плус вети Трамп на Joint session of Congress дека ќе ги тргни даноците на колите што се произведени во Америка, така да меркам еден Jeep Grand Cherokee
Последно уредено: