Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.371
Поени од реакции
21.878
Судир на Титаните! Најлевиот ќе победи!

Но, како познавач на македонската политичка сцена, би сакал да го прочитам Вашето мислење на тема „ДУИ и бојкот на локалните избори“.

Дали партијата која беше континуирано најдолго на власт во самостојна Македонија е спремна на ваков чекор или е блеф, дали се подготвени да ја втурнат државата во политичка криза под превезот на „борбата против обесправеност“ во време на геополитички преструктуирања во светот? И што понатаму ако влеземе во политичка криза?

Дали тоа што му се случува на Ахмети е „карма“ за тоа што го предаде Груевски?
@Con Artist и сите други на кои им се пишува повелете.
Инфомакс муабети се добредојдени веднаш да заминат во пичку матер.
ДУИ не знаат кај тераат моментално. Рејтингот им паѓа, им бегаат пратеници од "фронтот", нарко-теренците кои ги финансираа со пари од рекет и дрога им ги скинаа во корен и спакуваа во Идризовo, србин министер на тоа партиското дувло на Груби, главниот играч Груби дреме скриен во некој ќумез во Драч како пичка под кошула со меѓународна потерница над глава...

И пред некој месец се силеа со дестабилизација и немири, се испичкаа. Во меѓувреме им разбија две терористички ќелии на козојеби кои правеле експлозиви, регрутирале малоумници и спремале напади.

Така да, не дека не можат да направат некоја криза, ама имаат далеку помала моќ од претходно. Никој не им се плаши. Во позадина си тече тивко демонтирање од институции, па не им останува ништо друго освен да се силат и кукаат со соопштенија.
ДУИ: Во МВР се случи етничко чистење и деградација на албанскиот кадар
Опозициската ДУИ денеска преку прес-конференција извести за екстремното деградирање што се случува во безбедносните и одбранбените институции со ВРЕДИ како губитник во владата.

„Враќањето на меѓуетничките инциденти и меѓуетничките провокации, зголемувањето на вооружените инциденти, деградирањето и запоставувањето на албанските кадри, нивната замена со кадри на ВМРО-ДПМНЕ, се меѓу многуте случаи кои ја одразуваат работата на безбедносните институции во овие четири месеци – лошо владеење на моноетничката влада. Во овој период во Министерството за внатрешни работи се случи етничко чистење и деградација на албанскиот кадар, како што беше случајот со раководителот за истражување во МВР, помошникот министер за административни работи, помошникот директор во Секторот за униформирана полиција, началникот за меѓународни истраги (Интерпол), началникот во Секторот за внатрешни работи во Струга, началникот во единицата за трговија со оружје, командирот во Полициска станица во Гостивар, командирот во Полициска станица Бит пазар во Скопје, како и значителен број на високи инспектори во секторот за организиран криминал и криминалистичка полиција“ велат од ДУИ.

Од партијата посочуваат „Треба да се спомене и деградирањето на граничните полицајци во случајот со Африм Гаши и случајот со Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи во скопскиот аеродром, од каде без нивна вина како резултат на овој националистички пристап, албанските полицајци трпеа казни, деградирања, разрешувања и најлошото со постапки за кривично гонење, за нешто што тие воопшто не се дел од вината или одговорноста, туку едноставно се жртви на системот што оваа власт без етнички легитимитет се обидува да го изгради за покажување на сила и ширење на страв кај албанските граѓани“.

Во овој период постојано се врши притисок врз вработените да потпишат изјави дека доброволно се откажуваат од работното место, главно тие на раководни позиции, и тоа со цел да не продолжат со управни и судски постапки, е партискиот став.

„Овие лоши потези што ги презеде оваа моноетничка власт, не штеди ниту една институција, дури и оние каде што се бараат стандарди и правила како локални така и меѓународни, да бидат водени од неполитички и стручен кадар. Дека е така, докажува и последното назначување што ја направи Владата, со назначувањето за прв човек на Агенцијата за национална безбедност, кадарот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски, кој во февруари 2023 година беше назначен за претседател на комитетот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје. Овој избор отвора многу дилеми, каде со право може да се посомневаме дека намерата е безбедносните институции да се претворат во партиски штабови“ потенцираат од ДУИ.

ДУИ: Скандалите немаат крај, нема ниеден Албанец во раководството на Агенцијата за разузнавање
Демократската унија за интеграција смета дека не може да помине ден без последователни и скандалозни дејствија за дефакторирање на Албанците во Северна Македонија и систематско девалвирање на Охридскиот рамковен договор од страна на губитниците на изборите и моноетничката власт во земјава, се вели во реакцијата на ДУИ.

„По промената на формулата „Балансер“ и намалувањето на процентот на Албанци од 29,5% на 25%, непочитувањето на резултатите од пописот на населението и бришењето на албанската дијаспора од нивните права, симнувањето на албанскиот јазик од претседателската функција, следниот скандал е не -назначување на албански кадар во Агенцијата за разузнавање.

Габриела Јаковлева е нов директор на Агенцијата за разузнавање, додека Ивана Стојановска е избрана за заменик директор на оваа институција. Ова никогаш не се случило од 2001 година. Ваквите одлуки само ја докажуваат инфериорноста на вазалите кои без ниту еден услов и без легитимитет на народот станаа дел од оваа Влада која ќе остане запаметена по враќањето на времето на институционалната дискриминација и угнетувањето на Албанците како во времето пред 2001 година.

(ВМРО) ВЛЕН докажува дека се само гледачи, соработници во деградирањето на Албанците и учесници во Владата за задоволување на нивните кланови интереси.

Демократската унија за интеграција ќе продолжи да ги следи одлуките на оваа анти-албанска Влада на секој чекор и ќе го осуди рушењето на сите демократски достигнувања што ги постигнавме заедно во овие 23 години, велат од партијата.
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.221
Поени од реакции
6.515
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.454
Поени од реакции
4.375
Абе цареви сме, како му го спопика Мицко на Трамп, да не знае каде му е газот каде главата.... Ваму му се прави демек другар, му оди на честито мандатот, му праи атер... а од позади прц, му го спопика за Газа, се договори со Ердо за Палестина држава... нека сонуваат Трамп и Биби за плажи во Газа. Џабе сега Трамп покажува нервоза према Хамас, ке ги тепал ако не ги пуштат заложниците... замина возот, Мицко и Ердо ја запечатија судбината на Израел, особено Мицко.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
425
Поени од реакции
701
Член од
23 август 2010
Мислења
40.034
Поени од реакции
116.884
Што е бенефитот со СЕПА?
Thanks to the Single Euro Payments Area (SEPA), customers can make cashless euro payments – via credit transfer and direct debit – to anywhere in the European Union, as well as a number of non-EU countries, in a fast, safe and efficient way, just like national payments.

У превод, многу полесно ќе одат трансферите во евра помеѓу земји членки на ЕУ и земји како нас што не сме дел од ЕУ, нема да ти бараат крвна слика за да пратиш 200 евра во Германија и слични работи. Се олеснуваат плаќањата многу.

У подобар превод, ако сеа си сакал да пратиш пари ете во Германија да речеме од Комерцијална Банка, одиш, праиш дознака, парите одат во посредничката банка (Комерцбанк на пример) и од таму одат на сметка на примачот. Сега, ќе се тргне посредничката банка и парите директно ќе одат од нашата банка на сметка на примачот.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.985
Поени од реакции
41.423

Во Стопанска, за да пратам капар од 130 евра за одмор во Грција, ми бараа 25 евра провизија. Сега ова би се укинало, т.е нема повеќе да банките да земаат вакви провизии?
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
425
Поени од реакции
701
Во Стопанска, за да пратам капар од 130 евра за одмор во Грција, ми бараа 25 евра провизија. Сега ова би се укинало, т.е нема повеќе да банките да земаат вакви провизии?
Како што читав вика дека СЕПА може да наплати провизија. Затоа и не ми беше јасно што е бенефитот.
Такада ако наплаќаат пак банките не гледам некоја полза освен побрзо да стигаат парите.
Автоматски споено мислење:

Thanks to the Single Euro Payments Area (SEPA), customers can make cashless euro payments – via credit transfer and direct debit – to anywhere in the European Union, as well as a number of non-EU countries, in a fast, safe and efficient way, just like national payments.

У превод, многу полесно ќе одат трансферите во евра помеѓу земји членки на ЕУ и земји како нас што не сме дел од ЕУ, нема да ти бараат крвна слика за да пратиш 200 евра во Германија и слични работи. Се олеснуваат плаќањата многу.

У подобар превод, ако сеа си сакал да пратиш пари ете во Германија да речеме од Комерцијална Банка, одиш, праиш дознака, парите одат во посредничката банка (Комерцбанк на пример) и од таму одат на сметка на примачот. Сега, ќе се тргне посредничката банка и парите директно ќе одат од нашата банка на сметка на примачот.
Значи побрз трансфер али само со Европски земји што се во СЕПА. А трошоците ке ги смалат?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.034
Поени од реакции
116.884
@FrozeN666 @ВардарскиМКД
Логично е да ги скратат, сега ќе се исклучи посредничката банка од муабетот, уствари тие 25 евра што му ги барале се за трошокот према посредничката банка, т.е. за дел од трошокот. Провизии сигурно ќе има, ама не како што се сега. Најголем бенефит ќе е побрзиот трансфер зашо сега имаше ситуации каде и по 3-4 дена се чека да легнат парите на сметка на примачот, сега тоа ќе е исклучено, или дента ќе легнуваат парите или другиот ден, во зависност од тоа во кое време е извршена трансакцијата.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.286
Поени од реакции
5.551

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.211
Поени од реакции
12.192
Thanks to the Single Euro Payments Area (SEPA), customers can make cashless euro payments – via credit transfer and direct debit – to anywhere in the European Union, as well as a number of non-EU countries, in a fast, safe and efficient way, just like national payments.

У превод, многу полесно ќе одат трансферите во евра помеѓу земји членки на ЕУ и земји како нас што не сме дел од ЕУ, нема да ти бараат крвна слика за да пратиш 200 евра во Германија и слични работи. Се олеснуваат плаќањата многу.

У подобар превод, ако сеа си сакал да пратиш пари ете во Германија да речеме од Комерцијална Банка, одиш, праиш дознака, парите одат во посредничката банка (Комерцбанк на пример) и од таму одат на сметка на примачот. Сега, ќе се тргне посредничката банка и парите директно ќе одат од нашата банка на сметка на примачот.
Освен побрз, поефтин трансфер и апсолутна контрола на парите нема никаква придобивка СЕПА. А ПејПал на било каков начин не е поврзан со СЕПА, чим досега не отворија тешко дека сега нешто ќе се случи.

Кога банка врши трансфер скоро секогаш има барем една посредничка банка (intermediary) освен ако двете банки немаат директна врска што е важи само за најголемите банки. И во СЕПА кога ќе плаќаш во Стопанска Банка на сметка во Рајфајзен во Германија трансферот прво ќе оди во Дојче Банк а потоа во Рајфајзен
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.221
Поени од реакции
6.515
Нек‘ се угоде...
А на што поточно...поточно, во која армија е промовиран генералов?...:unsure:
Локало здружение на ловџии или на пензионери?...
Ќе ги тренира новите генерации, многу начитан и обучен бил, брат му ајнштајн го вика.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.034
Поени од реакции
116.884
Освен побрз, поефтин трансфер и апсолутна контрола на парите нема никаква придобивка СЕПА. А ПејПал на било каков начин не е поврзан со СЕПА, чим досега не отворија тешко дека сега нешто ќе се случи.

Кога банка врши трансфер скоро секогаш има барем една посредничка банка (intermediary) освен ако двете банки немаат директна врска што е важи само за најголемите банки. И во СЕПА кога ќе плаќаш во Стопанска Банка на сметка во Рајфајзен во Германија трансферот прво ќе оди во Дојче Банк а потоа во Рајфајзен
Не не, не реков за Пејпал ништо, мада мислам ќе склучат и за нив договор. Убаво си опишал за банките како функционираа ДО СЕГА, ама откако ќе почне соработката со СЕПА нема да е така, нема да има потреба да ти посредува друга банка, него ние ќе бидеме дел од нивниот платен систем и ќе може побрзо и полесно да одат трансакциите. Не знам сеа, можеби ќе има исклучоци каде ќе се користи посредничка банка, ама целта е да се убрзаат работите. Како може да нема никаква корист СЕПА кога ќе придобие нови клиенти и нови корисници, т.е. ќе се убрза работата и пазарот со клиентите од нашава земја.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom