Прво, во македонска фирма за 2 години искуство 3000 евра не дава никој, тоа да расчистиме. Доколку работиш директно за клиент, можеби, ама не е лесно сам да бараш тезги, посебно кога си без искуство.
Не е точно дека не се прават пари со економски, проблемот е што парите пак се прават најчесто во IT. Имаш многу добро платени позиции како sales, delivery management, business analysis, project management и слично. Еден куп од овие луѓе се дојдени од банки и други сродни сектори. Искрено, јас би ги разгледал овие опции прво, заради тоа што ако имаш сериозно искуство во тоа што го работиш, нема да ти биде тешко да се префрлиш.
Ресурси на интернет за учење програмирање има колку што сакаш и се многу поевтини од курс, предноста кај курсевите е што има некој што ќе те води. Само немој да очекуваш премногу, сум слушнал од луѓе дека ветуваат помош при барање на работа после курсот и слично, ама во пракса не помагаат баш многу. Ќе имаш некоја основа после курсот и тоа е тоа. Ако веќе курс е конечниот избор, мислам дека Qinshift и Semos се подобри од останатите.
Состојбата на пазарот во ИТ моментално не е баш добра, посебно за почетници и многу тешко е да се дојде и до пракса. Познавам луѓе од Финки што по 5-6 пати се одбивани за пракса и им требала можеби и една година само за да најдат, што не беше случај пред некои 5 години кога секој жив влегуваше без проблем. Едноставно факултетите исфрлаат премногу кадар и на ова се додадени и академиите, па рачунај секој оглас за пракса е со над 150 апликанти, а примаат само неколку. Ништо подобро не е ни на огласите за вработување. Твојата борба за позиција ќе биде со сите студенти од финки + електро + академиите.
На крај, немој да се водиш само по платата, на тој начин го прават и маркетингот за академиите, примарен фокус се става на парите. Сепак треба тоа да го работиш, да видиш дали воопшто ќе те заинтересира таква работа. Не сите во ИТ се добри и не секој заработува толку многу, како и во секоја друга струка.
Good luck.