Јас сум на положително од Декември, па според тоа ако се чека 100 работни дена од статус положително до указ, значи дека би требало во Март негде да биде указот здравје боже. Е сега ме интересира што е следно, нели удостоверението се испраќа во конзулатот (бидејќи таму ја почнав постапката), при што треба да се однесат две слики и да се пријави адреса. Јас како што спомнав сум надвор од државава, па ме интересира кога би биле документите во конзулат за да знам кога треба да отидам за тоа, потребно ми е да се организирам со се однапред. Ова што ми спомна 2-3 месеци за да стигнат документите во Софија да не мислиш за ЕГН откако ќе се пријави адреса? Не знам како тече постапката после указ, не можев да најдам доволно податоци бидејќи повеќето е за задолжителна, финална итн како што знаете, па ако може некој поупатен да сподели повеќе би бил благодарен.