Формула 1 - сезона 2025

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2025?

  • Вкупно гласачи
    76
  • Гласањето е завршено на .
Ништо нема да се смени со укинувањето на DRS, напротив, може дури и поинтересно да биде од 2026. Според сегашните регулативи, не постои ни еден аеродинамички дел на болидите кој може да биде подвижен. Исклучок е задното крило како дел од DRS-от кој знаете кога и како може да се користи - во одредени зони, само доколку 2 болида се поблиску од една секунда, и не на почеток на трка или после рестарт или после safety car, и не на трки на кои врне дожд. В година ќе биде заменет со активна аеродинамика, што значи ќе може да има и други подвижни аеродинамички делови освен задното крило, а со самото тоа ќе биде уште поинтересно.

Истите муабети беа кога го укинаа KERS-от, дека ќе се изгуби многу, дека нема да има претекнувања, ама ете, баш тогаш го воведоа DRS-от. Исто ќе биде и сега, според мене, ќе има можност за уште повеќе претекнувања и ќе биде поинтересно.
 
Ова е супер, бидејќи остава простор за инжинерска креативност. Она што го хејтам у моментов е што Њуи не е дел од Ферари, така да очекувам нешто иновативно на АМ следна година, ќе има и те како време да ги надгледува моменталните развои и да си го усоврши својот.

Ф1 секогаш била поле за развој на нови ствари во автомобилизмот, малце претераа со рестрикции сега пак олабавуваат. Потребна е разноврсност на гридот, нормално после неколку години сите ќе го изберат победничкиот концепт ама вака со мали re-shuffles на неколку години се отвараат врати за некој да заебе и некој нов да искочи на површина
 
Што било ова бе Евровизија :D Пуштив на јутјуб со сецкање да видам што се дешавало, го има цел настан.
 
Новитет - F1 регулаторното тело одлучило од оваа година да го зголеми бројот на задолжителни пит стоп-ови на трката во Монако, со цел да ја направи поинтересна. Дополнителни разговори ќе следат по што ќе се дознае конечната одлука дали ќе има 2 или повеќе задолжителни застанувања во бокс.
 
И втор новитет што веќе не е поврзан толку со F1, ама морав - Логан Сарџент одлучил да се пензионира од мотоспортот. Имал потпишано договор за сезонава со IDEC Sport Racing за европската Le Mans серија, ама пред време го раскинува. :pos:
 
Кој се стигна да вози Ф1 мајко мила. Ако не му била пасија мотоспортот што к.р зафаќаше место
Автоматски споено мислење:

Новитет - F1 регулаторното тело одлучило од оваа година да го зголеми бројот на задолжителни пит стоп-ови на трката во Монако, со цел да ја направи поинтересна. Дополнителни разговори ќе следат по што ќе се дознае конечната одлука дали ќе има 2 или повеќе задолжителни застанувања во бокс.
Се освен смалување на болидите за подобро тркање, вештачка драма ќе се креира
 
Смалување на бројот на болиди, мислиш, или на димензиите на болидот?
 
Ако не се лажам од 2026 ќе бидат со исти димензии како од времето на Шуми
Супер би било тогаш, особено за да не се прави гужва на тој 360° свиокот, како и да се викаше. Ама пак не се согласувам дека тоа би играло улога за престигнувања особено во Монако. Сите се сеќаваме колку престигнувања имаше баш во тоа време - речиси ич. А ова со 2 пит стопа, колку и да е вештачки, мислам дека може да донесе дополнителна возбуда.
 
Искрено трките во Монако не сум ни ги гледал од што ми биле досадни, не гледам што би сменило 2 П кога има често сејфти кар и често се прават промени...прво нешто што треба да вратат во Ф1 е ЗВУКОТ,ова сега е смешки ...
 
Ако не се лажам од 2026 ќе бидат со исти димензии како од времето на Шуми

Нема да бидат помали од ова, само 30 кг полесни ќе бидат. Што не е многу. За сериозно нешто треба бар 200кг полесни да се, но тоа е тешко веројатно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom