Македонски фудбалери во странство

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Се чини дека е се поблиску до позајмица во Фенер, за спас на кариерата.
 
Се чини дека е се поблиску до позајмица во Фенер, за спас на кариерата.
Поентата со Елмас е, тимот кој е заинтересиран за него да го чека да се врати во форма со тоа што ќе му дава фул минутажа и ќе биде стрплив со него. Тимовите кои го ангажираат мислат дека го ангажирале Меси и сеа овој одма ќе праи чуда. Ако Фенер му го пружи тоа може и има надеж да се врати во некоја форма, ако не ќе биде исто као и во Наполи и Лајпциг.
 
uste ima nekoj sto misli deka elmas moze da igra u ger? :pos:
За жал, очигледно не може затоа е најдобро да се врати некаде каде што ќе има целосна минутажа. Искрено Сериа А според мене му лежеше, би можел да проба во некој послабо рангиран клуб, па пак да се издигне со форма.
 
Стефан Ристовски со две асистенции вечерва за Динамо (се надевам ќе се врати во репрезентација, со промена на селектор кога тогаш), Елмас стандардно едвај 5-6 минути на теренот. Исто така, Миовски вчера настапи за Џирона. Тој влезе во 25та минута, не постигна прв погодок, оценка 7.0 на Sofascore (не го гледав натпреварот, кој го гледаше нека дополни повеќе).
 
Без разлика на противникот, ова е добро за да тргне работата:
 
Димитар Митровски, малку доцна, но созреа како фудбалер, прави разлика во хрватско првенство, меѓу најдобрите фудбалери е. Техника, дриблинг.

Во ред, станува збор за хрватско првенство и веќе има 25 години, но може да направи уште еден исчекор во кариера. А и немаме ние нешто многу фудбалери кои играат за клуб и плус квалитетно.

Уште во таа у17 со Елмаз и Чурлинов ми се допаѓаше како игра, потоа како и многу наши фудбалери се губеше со избор на клуб, да пронајде најдобра средина за развој.
 
После година и пол, Алиоски заигра за Ал Ахли во ЛШ.
За првенство секако не е регистриран.
 
После година и пол, Алиоски заигра за Ал Ахли во ЛШ.
За првенство секако не е регистриран.
А Миовски го ставија да игра во 91 минута, а имаше речиси 3 месеци пауза...сега Гирона и нема утакмици, а и повредените се опраија, има вишок играчи на некој позиции а кусок во одбрана и мид...и нафташ трењер
 
Кај се наоѓа моментално Тоше Тодороски? Прилепчанецот што од кога направи глуп црвен во 20та минута веќе не припари во репка.
Го следи некој?
 
Кај се наоѓа моментално Тоше Тодороски? Прилепчанецот што од кога направи глуп црвен во 20та минута веќе не припари во репка.
Го следи некој?
Последно играше во Романија но од зимава е без клуб, ќе видиме кај ќе заврши. Со оглед на тоа што во повеќето земји заврши трансфер периодот, изборот моментално му е прилично лимитиран.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom