Проблемот е што не постои таков човек на планетава, само ретко кој е реален да признае тоа.
Луѓето не сфаќаат која предност е што сме биле сведоци на секоја минута од кариерите на Меси и Кристијано и секој нивен подем и пад бил пренесуван во живо за сите 8 милијарди жители на планетава, за разлика од кариерата на Марадона, а за Пеле е и смешно да зборувам.
Па така, за Кристијано кога нема да даде гол на две дербиња по ред имавме коментари "a mozese da mu se jacha na Getafe pred dve kola so 4 gola najjakiot a?" иако веројатно никој во историја нема да даде толку голови во нокаут фаза на ЛШ или "ne mu drzi gazot na Lesi veke" ако овој место 40 дадеше 28 гола во првенство, иако повторно веројатно никој во историја нема да дојде ни приближно до бројот на голови кој он ги постигнуваше во годината.
Марадона го има изиграно веројатно најдоброто светско на сите времиња, проблемот е што сите постари као репер за кој бил квалитетот на Марадона ги зимаат само настапите на првенства, зошто само од тој дел од неговата кариера можеле да бидат сведоци со тв преноси. Немало преноси од шпанско и италијанско првенство кога он играл за Барса и Наполи, па никој не можел да биде сведок на дупките во кариерата на Диего, а не да ги има ако фатиш да му ја читаш кариерата година по година... Колку "sto mi vredi da pimpla ovoj na sredina na teren?" коментари ќе јадел он ако секоја минута од неговата кариера била пренесувана на тв и коментирана како оние на Меси и Роналдо ако се знае дека нема ни една значајна титула со Барса на пример или статистиката во тие најдобри сезони од неговата клупска кариера му се често со по 10-15 гола во сезона, со непостигнување на гол на 5-6 утакмици во серија, некогаш и повеќе.
Неспоредливо е кога некој во пренос го видел само најдоброто од Марадона, а од Меси и Кристијано видел буквално се од нивните кариери.